јули 9, 2019

АКТИВНОСТИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ВО ЕМИСИЈАТА „МАКЕДОНИЈА НАУТРО“

Активностите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес претставени во утринската програма „Македонија наутро“ која се емитува на Националниот сервис.

Волонтерите Ангел Ќиров и Александра Здравевска ги претставија сите ангажмани на Црвен крст во текот на летните месеци, на Клубот на млади, а се стави акцент и на волонтирањето, придобивките од него и задоволството да им се помогне на луѓето.

Прилозите кои се снимаа во Велес ќе се емитуваат во натерните денови.

< врати се назад