јануари 19, 2020

ЦРВЕН КРСТ НА „БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ“ ВО ВЕЛЕС

Традиционално секоја година Црвен крст на РСМ Општинка организација Велес е дел од одбележувањето на големиот христијански празник „Богојавление Водици“. Оваа година волонтерите од Општинската организација имаа две задачи.

Првата беше безбедноста на сите учесници во Богојавлениот водосвет кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст. Оваа задача ја извршија петмина волонтери од тимот за безбедност на вода, благодарение на добрата соработка со Општина Велес и Територијалната противпожарна единица кои како секоја година ни позајмија моторен чамец.

Втората задача која денеска беспрекорно ја извршија 10-тина волонтери, главно од Клубот на млади беше логистичка. Знаејки дека секоја година крај мало мовче доаѓаат многу граѓани решивме да ги „згрееме“ со по еден чај кој го делевме на два пункта од двете страни на мовчето.

 

< врати се назад