октомври 31, 2019

ХУМАНИТАРНО ЗАБАВНА СРЕДБА НА КЛУБОВИ НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ЦРВЕН КРСТ

Во организација на Клубот на пензионери на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, помогнати од Клубот на пензионери од Неготино на 30 октовмри се одржа Хуманитарно забавна средба. Освен овие Клубови присувстуваа и преставници од Крива Паланка и Скопје.

Целта на средбата беше да се воспостави поголема соработка помеѓу клубовите на пензионери, размена на искуства и идеи за подобро функционирање и добро дружење.

Присутните волонтери на Црвен крст прво го посетија Народниот музеј во Велес, потоа го видоа најголемиот мозаик во државата вграден во Спомен костурницата, а средбата заврши во забава во ресторан Интернационал. Таму се одржа хуманитарна акција на која се собираа средства за дво месечно бебе кое има операција на желудник и мора да се храни со anti reflux млеко.

< врати се назад