Крводарителски акции

Е-пошта Печати
Крводарителска акција
На 23 април се изведе последната од петте пролетни крводарителски акции организирани за учениците од средните училишта. Акцијата беше изведена во Гимназија „Кочо Рацин“ за која беа пријавени 108 ученици од трета и четврта година. Крв даруваа само учениците од четврта година и се собраа вкупно 42 крвни единици од кои имаше 16 доброволни дарители кои за прв пат даруваа крв и се вклучија во семејството на најхуманите.

 

Крводарителска акција 

На 18 февруари по повод патрониот празник на основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Село Горно Оризари беше организирана акција за доброволно дарување крв. На оваа акција, што се организира по втор пат во ова приградско село, беа собрани 16 крвни единици од кои осуммина беа од месното население.

 

 



 

   Основната организација на Црвен крст од општина Чашка ја организираше втората од трите акции за дарување крв предвидени со оперативната програма за 2012 година. Акцијата беше изведена на 16 мај на која 33 доброволни дарители даруваа крв.

 

____________________________________________________________________________________________   

    Традиционалната соработка меѓу Општинската организација на Црвен крст и АРМ-Велес, продолжува и во оваа година. Покрај активностите што се организираат на полето на здравствено-превентивната дејност, на 7-ми мај беше организирана првата од трите предвидени крводарителски акции за оваа година. На акцијата крв даруваа 59 припадници на АРМ.
   Крводарителска акција беше организирана на 3-ти мај и за вработените во МВР - Сектор за внатрешни работи во Велес на која 19 доброволни дарители даруваа крв како и на 9-ти мај во Факултетот за Туризам и угостителство - Велес на која 23 студенти доброволно ја даруваа драгоцената течност. Од нив 11 за прв пат се вклучија во семејството на најхуманите.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------    

На 23 април се изведе последната од петте пролетни крводарителски акции организирани за учениците од средните училишта. Акцијата беше изведена во Гимназија „Кочо Рацин“ за која беа пријавени 108 ученици од трета и четврта година. Крв даруваа само учениците од четврта година и се собраа вкупно 42 крвни единици од кои имаше 16 доброволни дарители кои за прв пат даруваа крв и се вклучија во семејството на најхуманите.

Online Донација

online_donacija
info