Здраственo превентивна дејност

Е-пошта Печати
Превенција од туберкулозата
Обучени нови ПИЕР едукатори
На планот на здравствено-превентивната дејност на 16 мај, во организација на централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија во просториите на Општинската организација, беше изведен вториот дел од обуката на новите 12 пиер едукатори за превенција од туберкулоза, кои во наредниот период стекнатите знаења ќе ги пренесат на своите врсници во основните и средните училишта.
ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТУБЕРКУЛОЗАТА

   По одржаните две обуки  од централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија на 12 нови пиер едукатори за превенција од тубекулоза, младите едукатори почнаа со едуцирање на учениците во основните и средните училишта. Досега презентации се одржани на 6, 7 и 8 јуни за учениците од основните училишта „Благој Кирков“ и „Васил Главинов“  и за учениците од основните училишта од селата: Сојаклари, Иванковци и Горно Оризари. Презентација за превенција од туберкулоза се одржа и за учениците од прва година од албанската паралелка при Гимназија „Кочо Рацин“ и за осмооделенците во село Бузалково. Едукативните сесии беа одржани од младинските едукатори Кристијан Милошевиќ, Пенчо Андреев, Викторија Тошевска, Александар Стојковски, Зуријета Ебиби, Семра Мемети и Сејмијета Исмаили. Истите ги проследија над 200 ученици.

Превенција од дрога

   На планот на здравствено-превентивната дејност на 23 мај, во организација на Секцијата за болести на зависност при Општинската организација на Црвен крст Велес, беше одржано предавање на тема „Дроги и видови на дроги“ за учениците од основното училиште „Даме Груев“ во Градско. На предавањето беа присутни одумдесетина ученици, родители и наставници од училиштето кои беа информирани за дроги, видови на дроги, ефектите и штетните последици врз организмот и проблемите поврзани со нејзината употреба, причините поради кои најчесто се посегнува по дрогата, како и за односот и манифестациите на лицата кои се под дејство на дрога. Акцент беше ставен и на примарната превенција како сигурен пат кој води кон здрава иднина. На присутните им беа поделени флаери, а повеќето од нив земаа активно учество во предавањето и го прифатија нашето мото „Запри пред да почнеш“.

Превенција од туберкулозата

   Обучени нови ПИЕР едукатори на планот на здравствено-превентивната дејност на 16 мај, во организација на централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија во просториите на Општинската организација, беше изведен вториот дел од обуката на новите 12 пиер едукатори за превенција од туберкулоза, кои во наредниот период стекнатите знаења ќе ги пренесат на своите врсници во основните и средните училишта.

Online Донација

online_donacija
info