Одбележување на 8-ми мај

Е-пошта Печати

   По повод Одбележувањето  на 8-ми мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина Клубот на млади при ООЦК Велес организирше промотивен настан – Штанд за промоција на Движењето и „Големиот празник на хуманоста“.
   Во централното градско подрачје, пред споменикот на Кочо Рацин - великанот на македонската поезија, младите црвенокрсташи пред граѓаните на Велес ги промовираа своите и активностите на Општинската организација на Црвениот крст вткаени низ основните принципи на Меѓународното движење.
   Со декорација препознатлива за Црвениот крст и присуство на поголем број волонери, на организаторите им се приклучија и други граѓани кои подетало се информираа за активностите на Организацијата. Оние, поумешните се приклучија да насликаат нешто на поставеното платно.

Online Донација

online_donacija
info