Доделување на новогодишни пакетчиња со ЕВН и ООЦК Велес

Е-пошта Печати
Доделување на новогодишни пакетчиња со ЕВН и ООЦК Велес
„Да споделиме радост“
По повод Новогодишните празници со донација од ЕВН Македонија за Општинската организација на Цвениот крст Велес беа обезбедени 70 новогодишни пакетчиња што  се подарија на деца од социјално загрозени семејства одредени од пет училишта од градот и две училишта од селата Горно Оризари и Иванковци.
Со помош на волонтерите од Клубот на млади на 28.12.2012 година во Ликовниот салон се одржа Новогодишната забава на која настапија членовите на балетското студио „Анабела“ и ученици од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“.
Покрај присуството на најмладите, со своето присуство Новогодишната забава ја збогатија и Претседателот на општинскиот и Црвениот крст на Република Македонија д-р Милчо Трајков и претставници на ЕВН Македонија КЕЦ Велес. Со желба за многу поубава и повесела Нова Година присутните ги поздрави Потпретседателот на Собранието на Општинската организација на Црвениот крст Велес г-ѓа Марија Настова.
Целта на акцијата, да подариме насмевка и радост на овие дечиња беше исполнета. И тие почуствуваа и споделија среќни моменти за Новогодишните празници.
„Да споделиме радост“
   По повод Новогодишните празници со донација од ЕВН Македонија за Општинската организација на Цвениот крст Велес беа обезбедени 70 новогодишни пакетчиња што  се подарија на деца од социјално загрозени семејства одредени од пет училишта од градот и две училишта од селата Горно Оризари и Иванковци. Со помош на волонтерите од Клубот на млади на 28.12.2012 година во Ликовниот салон се одржа Новогодишната забава на која настапија членовите на балетското студио „Анабела“ и ученици од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“.  Покрај присуството на најмладите, со своето присуство Новогодишната забава ја збогатија и Претседателот на општинскиот и Црвениот крст на Република Македонија д-р Милчо Трајков и претставници на ЕВН Македонија КЕЦ Велес. Со желба за многу поубава и повесела Нова Година присутните ги поздрави Потпретседателот на Собранието на Општинската организација на Црвениот крст Велес г-ѓа Марија Настова. Целта на акцијата, да подариме насмевка и радост на овие дечиња беше исполнета. И тие почуствуваа и споделија среќни моменти за Новогодишните празници.

Online Донација

online_donacija
info