Предавање за потрошувачите низ законот за безбедност на храната

Е-пошта Печати
Во рамките на малите иницијативи за активно стареење од проектот Грижа за стари лица во домашни услови финансиран од Австриски Црвен крст, беше организирано предавање на тема „Потрошувачите низ законот за безбедност на храната“. На работилницата учесниците во микропроектот „Лобирање  – можност да се помогне“ се стекнаа со повисоко ниво на знаење за заштита на здравјето и интересите на самите нив како потрошувачи во однос на храната, земајќи ја предвид разновидноста при снадбување со храна. Предавањето, што го одржа волонтерот на Општинската организација д-р Марија Давчева – инспектор за храна и ветеринарство,  побуди голем интерес по кое следеа бројни прашања и дискусии од учесниците.
По обуката учесниците активно разменуваа мислења за промоција на наученото и за изнаоѓање целни групи или проблеми во заедницата за кои тие би можеле да придонесат со свое лобирање, што е и крајна цел на проектната активност.
   Во рамките на малите иницијативи за активно стареење од проектот Грижа за стари лица во домашни услови финансиран од Австриски Црвен крст, беше организирано предавање на тема „Потрошувачите низ законот за безбедност на храната“. На работилницата учесниците во микропроектот „Лобирање  – можност да се помогне“ се стекнаа со повисоко ниво на знаење за заштита на здравјето и интересите на самите нив како потрошувачи во однос на храната, земајќи ја предвид разновидноста при снадбување со храна. Предавањето, што го одржа волонтерот на Општинската организација д-р Марија Давчева – инспектор за храна и ветеринарство,  побуди голем интерес по кое следеа бројни прашања и дискусии од учесниците. По обуката учесниците активно разменуваа мислења за промоција на наученото и за изнаоѓање целни групи или проблеми во заедницата за кои тие би можеле да придонесат со свое лобирање, што е и крајна цел на проектната активност.

 

Online Донација

online_donacija
info