Обраќање на генералниот секретар д-р Саит Саити

Е-пошта Печати

Почитувани,

Се наоѓаме на истекот на една успешна и напорна година исполнета со големи предизвици и бројни активности на нашата организација. Заедно остваривме многу, и покрај бројните активности кои честопати беа спроведувани во исклучителни околности, успеавме да го задржиме квалитетот и реномето на нашата организација и како многупати досега да излеземе посилни и побогати со нови искуства и практики кои ги споделуваме во организацијата.

Во таа насока, дозволете ми да ја искористам можноста да Ви се заблагодарам за Вашата континуирана поддршка во 2016 година во процесот на спроведување на нашите заеднички заложби за организациска надградба и континуирано опслужување на корисниците на наши услуги.

Како што веќе напоменав, за нас е посебно важно што и покрај бројните предизвици и потешкотии, преку синергија и соработка на нашите структури на локално и национално ниво успевавме да најдеме соодветни решенија и успешно да одговориме на задачите кои беа пред нас како и да се справиме со сите репутациски ризици во тој процес.

Годината пред се ја одбележа нашата операција за обезбедување на помош за настраданото население од поплавите во Скопско и Тетовско како и енормната операција за обезбедување на подршка за ирегуларните мигранти и мигрантите кои се сместени во прифатните центри во нашата држава. Покрај професиналната грижа и поддршка за овие целни групи во процесот успеавме дел од подршката да ја насочиме и за надградба на капацитетите на нашата организација, како во делот на материјалните и технички средства така и на планот на обезбедување на обуки за човечките ресурси на нашата организација во текот на целата година.

Исто така, во текот на годината посветено работевме на реализација на традиционалните активности и во соработка со нашите партнери од редот на корпоративниот сектор и јавните институции и граѓанскиот сектор допревме до бројни корисници и задоволивме приоритетни потреби во локалните заедници. Покрај тоа инвестиравме и на подигање на свеста на населението и различни целни групи за значењето на Цревниот крст во државата и различни аспекти од сферата на социјалната и здравствената грижа и подготвеност и дејствување при катастрофи со цел преку нашите адвокативни напори да обезбедиме јавна поддршка и знаење кои ќе помогнат во реализацијата на побезбеден и подостоинствен живот на граѓаните на Република Македонија и пошироко.

Во овој процес ја уживавме поддршката на нашите партнери и посебно сме благодарни, пред се на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Меѓународниот Комитет на Црвен крст, УНХЦР, ЕУ, Германскиот Црвен крст и Австрискиот Црвен крст, амбасади и конзуларни преставништва, меѓународни организации, други национални друштва и организации, корпоративниот сектор како и поддршката од граѓаните, кои ни помогнаа да ги реализираме зацртаните цели како одговор на приоритетните потреби на целните групи кои ги опслужувавме.

Пред крајот на годината успешно ја заокруживме процената и анализата на работата на општинските организации на Црвен крст и наодите и резултатите ќе ги искористиме заеднички да ги подобриме капацитетите на нашите структурни единици. Исто така во финална фаза сме на заокружување на новата статутарна рамка на организацијата. Тоа ќе ни овозможи и навремено спроведување на изборниот процес на сите нивоа на нашата организација. Во таа насока ве поканувам сите да ја дадеме потребната поддршка успешно да го спроведеме изборниот процес и да ја обебзедиме иницијалната поддршка на новоизбраните раководни стуктури во претстојниот период со цел  да обезбедиме континуитет во нашата работа.

На крајот сакам да се заблагодарам за поддршката на Вашата општинска организација на Црвен крст и да Ви посакам среќни празници, многу успеси и позитивни резултати во 2017 година. Се надеваме дека нашите годинешни заеднички остварувања ќе бидат потстрек за уште подобри резултати во новата година во сите програмски области на нашата организација. Сакаме да Ве увериме дека како и досега може да сметате на нашата поддршка и дека заедно можеме да стигнеме подалеку и да направиме повеќе.

Со почит,

д-р Саит Саити
Генерален секретар

Online Донација

online_donacija
info