Крводарителска акција во Берово

Е-пошта Печати
Традиционално, основната организација на Црвен крст од Населба Градско, општина Градско, секоја година со поддршка на ООЦК Велес, за своите крводарители организира крводарителски акции на разни дестинации во нашата Држава.
На 12.08.2017 година крводарителите од општина Градско даруваа крв во Берово. На акцијата беа собрани 27 крвни единици од кои пет беа од дарители кои прв пат даруваат во својот живот, а седум од крводарители од понежниот пол. По заедничкиот ручок беше изведена прошетка низ Градот.
Значајно е да се одбележи дека Локалната самоуправа на Градско и овој пат го обезбеди превозот и доручекот, додека организацијата на акцијата во Берово беше помогната од тамошната Општинска организација на Црвен крст за што изразуваме голема благодарност.
   Традиционално, основната организација на Црвен крст од Населба Градско, општина Градско, секоја година со поддршка на ООЦК Велес, за своите крводарители организира крводарителски акции на разни дестинации во нашата Држава. На 12.08.2017 година крводарителите од општина Градско даруваа крв во Берово. На акцијата беа собрани 27 крвни единици од кои пет беа од дарители кои прв пат даруваат во својот живот, а седум од крводарители од понежниот пол. По заедничкиот ручок беше изведена прошетка низ Градот.Значајно е да се одбележи дека Локалната самоуправа на Градско и овој пат го обезбеди превозот и доручекот, додека организацијата на акцијата во Берово беше помогната од тамошната Општинска организација на Црвен крст за што изразуваме голема благодарност.

Online Донација

online_donacija
info