Подобрени капацитетите за одговор при катастрофи

Е-пошта Печати

Во изминатите три месеци Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес во соработка со Ротари клуб од Велес имплементираа проект со наслов „Обука и опремување на тимовите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст Велес“. Претходно, проектната документација, по објавен оглас за поднесување проекти, беше доставена до Сојузот на Ротари клубовите на Македонија каде беше прифатена и финансиски поддржана со 120.000 денари. Со имплементацијата на проектот во тимовите за одговор при катастрофи на ООЦК Велес беа вклучени 22 нови волонтери. Сите тие посетуваа основен курс по прва прва помош, брза проценка на потребите на терен и логистичка поддршка на ранливи лица при појава на катастрофи, додека одделни групи од нив, посетуваа специјалистички обуки за безбедност на вода при појава на поплави, безбедност на планина и прва психолошка помош што ги организираше Централната канцеларија на Црвен крст на република Македонија. На 23-ти август, во просториите на Црвен крст во Велес, беше организирана заедничка прес конференција на раководствата на Ротари клубот и Општинската организација од Велес, од каде јавноста беше информирана за обуките и за новата опрема за укажување прва помош и униформи за членовите на тимовите за одговор при катастрофи, што беа набавени од средствата за финансиска поддршка на Проектот и лични донации на некои од членовите на велешкиот Ротари клуб, со што е направен значаен исчекор во подобрувањето на капацитетите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст од Велес.

 

Визминатите три месеци Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес во соработка со Ротари клуб од Велес имплементираа проект со наслов „Обука и опремување на тимовите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст Велес“. Претходно, проектната документација, по објавен оглас за поднесување проекти, беше доставена до Сојузот на Ротари клубовите на Македонија каде беше прифатена и финансиски поддржана со 120.000 денари.

 

Со имплементацијата на проектот во тимовите за одговор при катастрофи на ООЦК Велес беа вклучени 22 нови волонтери. Сите тие посетуваа основен курс по прва прва помош, брза проценка на потребите на терен и логистичка поддршка на ранливи лица при појава на катастрофи, додека одделни групи од нив, посетуваа специјалистички обуки за безбедност на вода при појава на поплави, безбедност на планина и прва психолошка помош што ги организираше Централната канцеларија на Црвен крст на република Македонија.
На 23-ти август, во просториите на Црвен крст во Велес, беше организирана заедничка прес конференција на раководствата на Ротари клубот и Општинската организација од Велес, од каде јавноста беше информирана за обуките и за новата опрема за укажување прва помош и униформи за членовите на тимовите за одговор при катастрофи, што беа набавени од средствата за финансиска поддршка на Проектот и лични донации на некои од членовите на велешкиот Ротари клуб, со што е направен значаен исчекор во подобрувањето на капацитетите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст од Веле

Online Донација

online_donacija
info