Светски ден на првата помош

Е-пошта Печати
Традиционално, оваа година под мотото „Несреќите во домот“ Црвен крст на Република Македонија Општинска оргнизација Велес го одбележа Светскиот ден на првата помош.
На 7-ми септември беше одржана средба со претставници на медиумите на која претседателот на Општинската организација д-р Милчо Трајков ги запозна новинарите за значењето на обуките за прва помош и нивната цел. Посебно се задржа на потребата за едукација на луѓето за опасностите и причините за појава на несреќи во домот, да се подигне нивната  свест за превземање мерки и активности за нивно превенирање, што треба да превземат и како постапат во случај на настанување повреда. Потоа, беа најавени активностите што волонтерите на Црвениот крст ги организираат по повод одбележувањето на Светскиот ден на првата помош и беше упатен повик до граѓаните за посета на бесплатна обука која еднаш месечно ќе се изведува во просториите на Општинската организација.
Во продолжението, Д-р Горан Богатинов, предавач по прва помош ја претстави постапката за преглед на мобилната електронска апликација за укажување прва помош од која секој граѓанин може да се едуцира користејќи го својот телефон.
Со цел да се актуелизира значењето на првата помош и потребата од обука посебно кај најмладите, обучени волонтери на Црвениот крст, за ученици во ООУ „Благој Кирков“ одржаа демонстрација на укажување прва помош и згрижување на повреди.
На 9-ти септември, со цел да се утврди интересот и познавањата по првата помош, младите на Црвениот крст, низ улиците на градот организираа анкетирање на случајни минувачи и дистрибуиција на флаери со едукативна содржина.
Традиционално, оваа година под мотото „Несреќите во домот“ Црвен крст на Република Македонија Општинска оргнизација Велес го одбележа Светскиот ден на првата помош.        На 7-ми септември беше одржана средба со претставници на медиумите на која претседателот на Општинската организација д-р Милчо Трајков ги запозна новинарите за значењето на обуките за прва помош и нивната цел. Посебно се задржа на потребата за едукација на луѓето за опасностите и причините за појава на несреќи во домот, да се подигне нивната  свест за превземање мерки и активности за нивно превенирање, што треба да превземат и како постапат во случај на настанување повреда. Потоа, беа најавени активностите што волонтерите на Црвениот крст ги организираат по повод одбележувањето на Светскиот ден на првата помош и беше упатен повик до граѓаните за посета на бесплатна обука која еднаш месечно ќе се изведува во просториите на Општинската организација.Во продолжението, Д-р Горан Богатинов, предавач по прва помош ја претстави постапката за преглед на мобилната електронска апликација за укажување прва помош од која секој граѓанин може да се едуцира користејќи го својот телефон.  Со цел да се актуелизира значењето на првата помош и потребата од обука посебно кај најмладите, обучени волонтери на Црвениот крст, за ученици во ООУ „Благој Кирков“ одржаа демонстрација на укажување прва помош и згрижување на повреди. На 9-ти септември, со цел да се утврди интересот и познавањата по првата помош, младите на Црвениот крст, низ улиците на градот организираа анкетирање на случајни минувачи и дистрибуиција на флаери со едукативна содржина.
DSC00714

Online Донација

online_donacija
info