Меѓународен ден за борба против трговија со луѓе

Е-пошта Печати
На денот на одбележувањето, на 18-ти Октомври - Меѓународниот ден за борба против трговија со луѓе, Комисијата за социјално-хуманитарна дејност при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес организираше едукативна работилница на тема Превенција од трговија со луѓе.
На работилницата, во чија работа учествуваа 24 ученици од ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ и Средното економско училиште „Јовче Тесличков“, презентација во вид на воведно излагање одржа Верољуб Додевски – началник на одделот за превенција при МВР СВР Велес, при што направи содржајна анализа на овој актуелен проблем, опфаќајќи ги сите видови трговија со луѓе, фазите на регрутирање, транспорт, криење и прифаќење на жртвите, како и постапките на надлежните и заинтересирани субјекти во Државата.
Во продолжението, учениците поделени во групи усогласуваа свои мислења и предлози за нивен активен придонес за сузбивање на оваа појава и за активности на институциите на државата и други субјекти со кои може да се интензивира борбата против трговија со луѓе. По паузата следеа презентации од групите и заедничка дискусија.
Работилницата беше проследена од локалните медиуми за кои изјава даде претставникот на полицијата.
   На денот на одбележувањето, на 18-ти Октомври - Меѓународниот ден за борба против трговија со луѓе, Комисијата за социјално-хуманитарна дејност при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес организираше едукативна работилница на тема Превенција од трговија со луѓе. На работилницата, во чија работа учествуваа 24 ученици од ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ и Средното економско училиште „Јовче Тесличков“, презентација во вид на воведно излагање одржа Верољуб Додевски – началник на одделот за превенција при МВР СВР Велес, при што направи содржајна анализа на овој актуелен проблем, опфаќајќи ги сите видови трговија со луѓе, фазите на регрутирање, транспорт, криење и прифаќење на жртвите, како и постапките на надлежните и заинтересирани субјекти во Државата. Во продолжението, учениците поделени во групи усогласуваа свои мислења и предлози за нивен активен придонес за сузбивање на оваа појава и за активности на институциите на државата и други субјекти со кои може да се интензивира борбата против трговија со луѓе. По паузата следеа презентации од групите и заедничка дискусија. Работилницата беше проследена од локалните медиуми за кои изјава даде претставникот на полицијата.
g1

Online Донација

online_donacija
info