Посета на Македонско село

Е-пошта Печати
Во рамките на активностите на проектот Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби, финансиски поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, изминатите есенски денови беа искористени за организирање еднодневна прошетка со посета на Македонско село во Скопје, прошетка по природните убавини на планината Водно.
Благодарение на убавото време денот беше полн со активности во кои учествуваа волонтери од Клубот на млади и децата од Дневниот центар со одговорните лица. Најпрво започнавме со прошетка на средно и горно Водно и посета на црквата Света Богородица каде повеќе од три часа поминаа мошне брзо.  По прошетката, заедно со волонтерите на Клубот на млади се организираше ручек во природа. Потоа, следеше посетата на Македонско село.
При разгледувањето на карактеристичните куќи од нашето поднебје, во непосредна близина го видовме и претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов кој пројави интерес за заедничкото дружење на волонтерите на Клубот на млади на Црвениот крст со децата од Дневниот центар. По краткото запознавање за нашата активност, случајната средба ја овековечивме со заедничка фотографија.
Импресивни впечатоци ни остави исто така случајната средба и со доајенот на македонската музика и голем хуманист г-ѓа Виолета Томовска која исто така пројави интерес за нашиот проект.
Целта на оваа еднодневна прошетка беше натамошна социјализација на децата и млади со посебни потреби, да поминат во окружување од наши културно – историски знаменитости, да се едуцираат, да се дружат и забавуваат, што по оценка на сите, беше и остварена.
   Во рамките на активностите на проектот Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби, финансиски поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, изминатите есенски денови беа искористени за организирање еднодневна прошетка со посета на Македонско село во Скопје, прошетка по природните убавини на планината Водно. Благодарение на убавото време денот беше полн со активности во кои учествуваа волонтери од Клубот на млади и децата од Дневниот центар со одговорните лица. Најпрво започнавме со прошетка на средно и горно Водно и посета на црквата Света Богородица каде повеќе од три часа поминаа мошне брзо.  По прошетката, заедно со волонтерите на Клубот на млади се организираше ручек во природа. Потоа, следеше посетата на Македонско село. При разгледувањето на карактеристичните куќи од нашето поднебје, во непосредна близина го видовме и претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов кој пројави интерес за заедничкото дружење на волонтерите на Клубот на млади на Црвениот крст со децата од Дневниот центар. По краткото запознавање за нашата активност, случајната средба ја овековечивме со заедничка фотографија. Импресивни впечатоци ни остави исто така случајната средба и со доајенот на македонската музика и голем хуманист г-ѓа Виолета Томовска која исто така пројави интерес за нашиот проект. Целта на оваа еднодневна прошетка беше натамошна социјализација на децата и млади со посебни потреби, да поминат во окружување од наши културно – историски знаменитости, да се едуцираат, да се дружат и забавуваат, што по оценка на сите, беше и остварена.
992

Online Донација

online_donacija
info