Крводарителска акција

Е-пошта Печати
   По повод 3-ти Ноември, ден на основањето на Мото клубот „Носачи на крстот“ и 9-ти Ноември, ден на Општина Велес, на 05.11.2017 година во Ликовниот салон во Велес овие два субјекти заедно со Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Велес ја организираа деветтата по ред традиционална акција за доброволно дарување крв. На акцијата беа собрани 112 крвни единици од кои 25 од крводарители жени, додека пет крвни единици беа земени од први дарувања. Екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беспрекорно ја изврши својата задача.
G1

Online Донација

online_donacija
info