Ликовна работилница во Дневен центар

Е-пошта Печати
На 8-ми Ноември  беше организирана креативна ликовна работилница со тема  „Есен“ од проектот за Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потеби. Работилницата се одржа во организација на членовите на Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст Велес во просториите на Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Ликовната работилница беше одржана под менторство на Живко Пренџов професор по ликовно образование. Во овој период се организирани три ликовни работилница на кои беа поканети и децата од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ од Велес.
Основна цел беше да се подобри социјализацијата кај децата со посебни потреби и децата од згрижувачките семејства, да се развива креативноста во нив и секако, да се едуцираат низ игра и дружење со младите волонтери на Црвениот крст. Се изработуваа различни слики со акварел техника на платно. Изработените слики ќе се изложат во просториите на Дневниот центар за 3-ти декември Меѓународниот ден на инвалидизирананите лица.
На 8-ми Ноември  беше организирана креативна ликовна работилница со тема  „Есен“ од проектот за Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потеби. Работилницата се одржа во организација на членовите на Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст Велес во просториите на Дневниот центар за лица со посебни потреби.Ликовната работилница беше одржана под менторство на Живко Пренџов професор по ликовно образование. Во овој период се организирани три ликовни работилница на кои беа поканети и децата од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ од Велес.Основна цел беше да се подобри социјализацијата кај децата со посебни потреби и децата од згрижувачките семејства, да се развива креативноста во нив и секако, да се едуцираат низ игра и дружење со младите волонтери на Црвениот крст. Се изработуваа различни слики со акварел техника на платно. Изработените слики ќе се изложат во просториите на Дневниот центар за 3-ти декември Меѓународниот ден на инвалидизирананите лица.
g2g3

Online Донација

online_donacija
info