Превенција од болестите на зависност

Е-пошта Печати
По повод месецот на борба против болестите на зависност, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес, во соработка со МВР СВР Велес, оваа година ги насочи своите активности на превенција кај младата популација. Со едукативни предавања за препознавање на психотропните супстанци, нивните штетни дејствија и последиците по здравјето младите од основните и средните училишта ги запознава д-р Мартин Хаџи Наумов - волонтер во ООЦК Велес, додека за тоа како доаѓа до непожелните првични контакти со дрогата, криминогените дејсвија кои најчесто ги извршуваат корисниците на дрога и санкциите кои следуваат од тие дела ги запознава началникот на одделот за превенција при МВР СВР Велес Верољуб Додевски.
Досега овакви предавања се одржани во три, а до крајот на годината се очекува да се опфатат ученици и од останатите основни и средни училишта.
По повод месецот на борба против болестите на зависност, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес, во соработка со МВР СВР Велес, оваа година ги насочи своите активности на превенција кај младата популација. Со едукативни предавања за препознавање на психотропните супстанци, нивните штетни дејствија и последиците по здравјето младите од основните и средните училишта ги запознава д-р Мартин Хаџи Наумов - волонтер во ООЦК Велес, додека за тоа како доаѓа до непожелните првични контакти со дрогата, криминогените дејсвија кои најчесто ги извршуваат корисниците на дрога и санкциите кои следуваат од тие дела ги запознава началникот на одделот за превенција при МВР СВР Велес Верољуб Додевски.  Досега овакви предавања се одржани во три, а до крајот на годината се очекува да се опфатат ученици и од останатите основни и средни училишта.
Graphic1

Online Донација

online_donacija
info