Се одбележува Неделата за грижа за стари лица

Е-пошта Печати
И овој ноември под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со низа на активности ја одбележува Неделата за грижа за стари лица.
Во соработка со Здружението на пензионери од Велес, волонтери на Црвениот крст извршија мерење шеќер во крвта и крвен притисок со што беа опфатени 57 лица. Посетени се десетина семејства во кои старите лица поради тешкотии во движењето не се во можност да присуствуваат на активностите на Црвениот крст, а во руралните средини се организираа соседски посети од страна на ученици од основните училишта. Во следната недела планирани се креативна работилница на членови на Активот на жени пензионерки со децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, предавање за превенција од криминални дејстија врз лицата од трето доба и приредба со настап на балетската група „Црни мачиња“.
   И овој ноември под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со низа на активности ја одбележува Неделата за грижа за стари лица. Во соработка со Здружението на пензионери од Велес, волонтери на Црвениот крст извршија мерење шеќер во крвта и крвен притисок со што беа опфатени 57 лица. Посетени се десетина семејства во кои старите лица поради тешкотии во движењето не се во можност да присуствуваат на активностите на Црвениот крст, а во руралните средини се организираа соседски посети од страна на ученици од основните училишта. Во следната недела планирани се креативна работилница на членови на Активот на жени пензионерки со децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, предавање за превенција од криминални дејстија врз лицата од трето доба и приредба со настап на балетската група „Црни мачиња“.

Online Донација

online_donacija
info