Активности во руралните средини

Е-пошта Печати

 

Активностите за борба против шеќерната болест, што Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес ги организираше во текот на истоимената Недела според Календарот на Црвен крст на Република Македонија, придонесоа за актуелизирање на потребата за посериозен пристап за превенција од ова заболување и потесна соработка помеѓу заинтересираните и надлежните субјекти во локалната заедница.
Во изминатите денови беа остварени повеќе контакти со новоформираното Здружение на лица со дијабетес „Шеќерче – Лилипоп“ Велес од каде беше изнесен податок дека во некои рурални средини има невообичаени висок процент на заболени лица од дијабетес, како што е примерот во планинското село Горно Јаболчиште во општина Чашка.
Со цел да се зголеми свесноста превенција и правилно лекување кај месното население во ова село, во соработка со локалната самоуправа на Општината на 24 ноември беше организирана едукативна работилница на која д-р Горан Богатинов волонтер на Црвениот крст и Димче Велев претседател на здружението, покрај презентација за превенција од шеќерната болест извршија мерење на шеќер во крвта и дава совети во врска со инсулинската терапија.
   Активностите за борба против шеќерната болест, што Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес ги организираше во текот на истоимената Недела според Календарот на Црвен крст на Република Македонија, придонесоа за актуелизирање на потребата за посериозен пристап за превенција од ова заболување и потесна соработка помеѓу заинтересираните и надлежните субјекти во локалната заедница. Во изминатите денови беа остварени повеќе контакти со новоформираното Здружение на лица со дијабетес „Шеќерче – Лилипоп“ Велес од каде беше изнесен податок дека во некои рурални средини има невообичаени висок процент на заболени лица од дијабетес, како што е примерот во планинското село Горно Јаболчиште во општина Чашка. Со цел да се зголеми свесноста превенција и правилно лекување кај месното население во ова село, во соработка со локалната самоуправа на Општината на 24 ноември беше организирана едукативна работилница на која д-р Горан Богатинов волонтер на Црвениот крст и Димче Велев претседател на здружението, покрај презентација за превенција од шеќерната болест извршија мерење на шеќер во крвта и дава совети во врска со инсулинската терапија.

 

Online Донација

online_donacija
info