Крводарителски акции во нови средини

Е-пошта Печати
Напорите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес за организирање акции за доброволно дарување крв во нови средини даваат резултати. По примерот на општинското основно училиште “Блаже Конески“ каде што се бележи десетгодишна традиција, во пролетта оваа година крводарителска акција беше организирана и во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, а на 28 и 30 ноември за прв пат беа изведени крводарителски акции во ПОУ „Маца Овчарова“ и ООУ „Васил Главинов“. На двете акции беа дарувани по 23 крвни единици од врабитените во училиштата и родители на ученици кои се одзваа на повикот за хуманост и солидарност.

Online Донација

online_donacija
info