Рекорди кон крајот на годината

Е-пошта Печати
Последните две крводарителски акции, што Општинската организација на Црвен крст Велес ги организира во  калентарската 2017 година, ќе останат запеметени по рекордниот одзив на најголемите хуманисти.
На претпоследната, што се организираше на 14 декемви во Населба Градско по повод Денот на Општината, за прв пат во повеќе од 30 годишната крводарителска традиција во оваа општина беа собрани 75 крвни единици. Секако, голем придонес во развојот на крводарителството, покрај ангажирањето на волонтерите на Црвениот крст, дава и поддршката од локалната самоуправа од каде за оваа акција за секое дарување беше донирана по една маичка.
Рекорден број дарувања е забележан и на последната крводарителска акција, што на 20 декември беше организирана во ООУ „Блаже Конески“. На оваа 11-та по ред традиционална акција беа собрани 55 крвни единици од вработените во училиштето и родители на ученици кои се одзваа на повикот од најмалите волонтери на Црвениот крст. За масовниот одзив, секако значаен удел во осмислувањето и организирањето на акцијата придонесува и доделувањето на „Благодарница“ за секое дарување крв од името на Училиштето и основната организација на Црвен крст.
Последните две крводарителски акции, што Општинската организација на Црвен крст Велес ги организира во  калентарската 2017 година, ќе останат запеметени по рекордниот одзив на најголемите хуманисти.На претпоследната, што се организираше на 14 декемви во Населба Градско по повод Денот на Општината, за прв пат во повеќе од 30 годишната крводарителска традиција во оваа општина беа собрани 75 крвни единици. Секако, голем придонес во развојот на крводарителството, покрај ангажирањето на волонтерите на Црвениот крст, дава и поддршката од локалната самоуправа од каде за оваа акција за секое дарување беше донирана по една маичка.Рекорден број дарувања е забележан и на последната крводарителска акција, што на 20 декември беше организирана во ООУ „Блаже Конески“. На оваа 11-та по ред традиционална акција беа собрани 55 крвни единици од вработените во училиштето и родители на ученици кои се одзваа на повикот од најмалите волонтери на Црвениот крст. За масовниот одзив, секако значаен удел во осмислувањето и организирањето на акцијата придонесува и доделувањето на „Благодарница“ за секое дарување крв од името на Училиштето и основната организација на Црвен крст.

Online Донација

online_donacija
info