Соработка за пример

Е-пошта Печати

   Соработката на Клубот на Млади на Црвениот крст и Канцеларијата за реализација на проектот „Намалување на штети од употреба на дроги“,  продолжува понатаму. Овој пат, тоа беше заедничка работилница за изработка на накит, локовни илустрации и други експонати.
   Во работилницата, покрај лицата-корисници на услуги од канцеларијата за реализација на Проектот и членови на Клубот на млади на Црвениот крст, беа вклучени и ученици од основното училиште „Благој Кирков“ од Велес. 
Изработените предмети, изложени на продажни штандови низ Градот, предизвикаа голем интерес кај граѓаните, особено кај младите луѓе.

   Средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за помош на деца сместени во дом-семејства.

   Работилницата имаше за цел да ја подобри социјализацијата на лизата корисници на дроги и секако, да ги мотивира младите членови на Клубот на почесто дружење.

Online Донација

online_donacija
info