Новости

Крводарителски акции во нови средини

Е-пошта Печати
Напорите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес за организирање акции за доброволно дарување крв во нови средини даваат резултати. По примерот на општинското основно училиште “Блаже Конески“ каде што се бележи десетгодишна традиција, во пролетта оваа година крводарителска акција беше организирана и во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, а на 28 и 30 ноември за прв пат беа изведени крводарителски акции во ПОУ „Маца Овчарова“ и ООУ „Васил Главинов“. На двете акции беа дарувани по 23 крвни единици од врабитените во училиштата и родители на ученици кои се одзваа на повикот за хуманост и солидарност.

Активности во руралните средини

Е-пошта Печати

 

Активностите за борба против шеќерната болест, што Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес ги организираше во текот на истоимената Недела според Календарот на Црвен крст на Република Македонија, придонесоа за актуелизирање на потребата за посериозен пристап за превенција од ова заболување и потесна соработка помеѓу заинтересираните и надлежните субјекти во локалната заедница.
Во изминатите денови беа остварени повеќе контакти со новоформираното Здружение на лица со дијабетес „Шеќерче – Лилипоп“ Велес од каде беше изнесен податок дека во некои рурални средини има невообичаени висок процент на заболени лица од дијабетес, како што е примерот во планинското село Горно Јаболчиште во општина Чашка.
Со цел да се зголеми свесноста превенција и правилно лекување кај месното население во ова село, во соработка со локалната самоуправа на Општината на 24 ноември беше организирана едукативна работилница на која д-р Горан Богатинов волонтер на Црвениот крст и Димче Велев претседател на здружението, покрај презентација за превенција од шеќерната болест извршија мерење на шеќер во крвта и дава совети во врска со инсулинската терапија.
   Активностите за борба против шеќерната болест, што Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес ги организираше во текот на истоимената Недела според Календарот на Црвен крст на Република Македонија, придонесоа за актуелизирање на потребата за посериозен пристап за превенција од ова заболување и потесна соработка помеѓу заинтересираните и надлежните субјекти во локалната заедница. Во изминатите денови беа остварени повеќе контакти со новоформираното Здружение на лица со дијабетес „Шеќерче – Лилипоп“ Велес од каде беше изнесен податок дека во некои рурални средини има невообичаени висок процент на заболени лица од дијабетес, како што е примерот во планинското село Горно Јаболчиште во општина Чашка. Со цел да се зголеми свесноста превенција и правилно лекување кај месното население во ова село, во соработка со локалната самоуправа на Општината на 24 ноември беше организирана едукативна работилница на која д-р Горан Богатинов волонтер на Црвениот крст и Димче Велев претседател на здружението, покрај презентација за превенција од шеќерната болест извршија мерење на шеќер во крвта и дава совети во врска со инсулинската терапија.

 

Предавање за превенција од сезонските заболувања

Е-пошта Печати

 

Согласно оперативниот план за имплементација по проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, на 21 ноември беше одржано предавање за превенција од сезонските заболувања наменето за родителите на децата со посебни потреби и згрижувачите на децата без родителска грижа. Предавањето, на кое, во просториите на Дневниот центар за лица со посебни потреби присуствуваа дваесеттина родители и згрижувачи, го одржа д-р Мими Димитриева Катранџиева волонтер во Општинската организација.
Цел на предавањето беше родителите на лицата со интелектуална попреченост да осознаат повеќе за превенцијата и лекувањето на настинките и гриповите кои се чести во овој период.
Целата активност беше проследена и од локалните медиуми што придонесе за запознавање на велешката јавност со активностите на ова поле.
   Согласно оперативниот план за имплементација по проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, на 21 ноември беше одржано предавање за превенција од сезонските заболувања наменето за родителите на децата со посебни потреби и згрижувачите на децата без родителска грижа. Предавањето, на кое, во просториите на Дневниот центар за лица со посебни потреби присуствуваа дваесеттина родители и згрижувачи, го одржа д-р Мими Димитриева Катранџиева волонтер во Општинската организација. Цел на предавањето беше родителите на лицата со интелектуална попреченост да осознаат повеќе за превенцијата и лекувањето на настинките и гриповите кои се чести во овој период. Целата активност беше проследена и од локалните медиуми што придонесе за запознавање на велешката јавност со активностите на ова поле.

 

Крводарителска акција

Е-пошта Печати
На 17-ти ноември беше организирана акција за доброволно дарување крв во гарнизонот на АРМ во Велес. На акцијата беа собрани вкупно 52 крвни единици од кои 10 од дарители од понежниот пол.
Екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беспрекорно ја изврши својата задача.
На 17-ти ноември беше организирана акција за доброволно дарување крв во гарнизонот на АРМ во Велес. На акцијата беа собрани вкупно 52 крвни единици од кои 10 од дарители од понежниот пол.  Екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беспрекорно ја изврши својата задача.

Се одбележува Неделата за грижа за стари лица

Е-пошта Печати
И овој ноември под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со низа на активности ја одбележува Неделата за грижа за стари лица.
Во соработка со Здружението на пензионери од Велес, волонтери на Црвениот крст извршија мерење шеќер во крвта и крвен притисок со што беа опфатени 57 лица. Посетени се десетина семејства во кои старите лица поради тешкотии во движењето не се во можност да присуствуваат на активностите на Црвениот крст, а во руралните средини се организираа соседски посети од страна на ученици од основните училишта. Во следната недела планирани се креативна работилница на членови на Активот на жени пензионерки со децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, предавање за превенција од криминални дејстија врз лицата од трето доба и приредба со настап на балетската група „Црни мачиња“.
   И овој ноември под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со низа на активности ја одбележува Неделата за грижа за стари лица. Во соработка со Здружението на пензионери од Велес, волонтери на Црвениот крст извршија мерење шеќер во крвта и крвен притисок со што беа опфатени 57 лица. Посетени се десетина семејства во кои старите лица поради тешкотии во движењето не се во можност да присуствуваат на активностите на Црвениот крст, а во руралните средини се организираа соседски посети од страна на ученици од основните училишта. Во следната недела планирани се креативна работилница на членови на Активот на жени пензионерки со децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, предавање за превенција од криминални дејстија врз лицата од трето доба и приредба со настап на балетската група „Црни мачиња“.

Превенција од болестите на зависност

Е-пошта Печати
По повод месецот на борба против болестите на зависност, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес, во соработка со МВР СВР Велес, оваа година ги насочи своите активности на превенција кај младата популација. Со едукативни предавања за препознавање на психотропните супстанци, нивните штетни дејствија и последиците по здравјето младите од основните и средните училишта ги запознава д-р Мартин Хаџи Наумов - волонтер во ООЦК Велес, додека за тоа како доаѓа до непожелните првични контакти со дрогата, криминогените дејсвија кои најчесто ги извршуваат корисниците на дрога и санкциите кои следуваат од тие дела ги запознава началникот на одделот за превенција при МВР СВР Велес Верољуб Додевски.
Досега овакви предавања се одржани во три, а до крајот на годината се очекува да се опфатат ученици и од останатите основни и средни училишта.
По повод месецот на борба против болестите на зависност, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес, во соработка со МВР СВР Велес, оваа година ги насочи своите активности на превенција кај младата популација. Со едукативни предавања за препознавање на психотропните супстанци, нивните штетни дејствија и последиците по здравјето младите од основните и средните училишта ги запознава д-р Мартин Хаџи Наумов - волонтер во ООЦК Велес, додека за тоа како доаѓа до непожелните првични контакти со дрогата, криминогените дејсвија кои најчесто ги извршуваат корисниците на дрога и санкциите кои следуваат од тие дела ги запознава началникот на одделот за превенција при МВР СВР Велес Верољуб Додевски.  Досега овакви предавања се одржани во три, а до крајот на годината се очекува да се опфатат ученици и од останатите основни и средни училишта.
Graphic1

Крводарителска акција

Е-пошта Печати
На 14.11.2017 година беше организирана последната од четирите есенски крводарителски акции во средните училишта во Велес. Овој пат, можност да ја изразат својата хуманост имаа учениците од општинското средно училиште „Гимназија Кочо Раџин„ Велес. На акцијата беа собрани 23 крвни единици од кои 19 беа од ученици кои прв пат дауваа во својот живот. Пет крвни единици беа даувани од ученички, а една од лице вработено во училиштето.
Екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беспрекорно ја изврши својата задача.
   На 14.11.2017 година беше организирана последната од четирите есенски крводарителски акции во средните училишта во Велес. Овој пат, можност да ја изразат својата хуманост имаа учениците од општинското средно училиште „Гимназија Кочо Рацин“ Велес. На акцијата беа собрани 23 крвни единици од кои 19 беа од ученици кои прв пат даруваа во својот живот. Пет крвни единици беа дарувани од ученички, а една од лице вработено во училиштето. Екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје беспрекорно ја изврши својата задача.
ka

Страница 1 од 59

Online Донација

online_donacija
info