Новости

Борба против шеќерната болест

Е-пошта Печати

Под мотото „Жените и дијабетот – нашето право за здрава иднина“ Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес ја одбележа Неделата на борба против шеќерната болет. На 10 октомври, д-р Јадранка Мишкова одржа средба со претставници на медиумите од каде ја запозна јавноста за причините за појава на болеста, нејзините симптоми, певенција и лекување, а на 13-ти октомври одржа едукативно предавање со вработени во Општинското основно училиште Васил Главинов од Велес. По излагањето, следеа бројни прашања од присутните на кои беа дадени детални одговори.
gr1

ПРОМОЦИЈА НА РАЗЛИЧНОСТИ

Е-пошта Печати
По повод Неделата на промоцијата на хуманите вредности од 21 до 27 септември во организација на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес на 27 септември се одржа ПХВ приредба со пантомима и презентација на традиционални носии од нашиот крај.
На манифестацијата присутните гости ги поздрави Ангел Киров републички дисеминатор по МХП и инструктор во програмата на ЦКА ПХВ. Доделени беа првите три награди од објавениот конурс за најдобри фотографии и раскази како и благодарници за сите кои учествуваа во овогодинешниот ЦКА ПХВ циклус.
Преку пантомимата младите успеаја на присутните да им доловат дел од различноститите во секојдневниот живот со кој се среќаваме. Секако, главната цел беше да се прикаже дека почитта за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за соживот. Ова е значајно во средини како што е нашиот град и околината, каде живеат припадници од повеќе етнички групи – македонци, албанци, роми, турци, срби, бошњаци и други. Големиот број на вклучени волонтери и макотрпната подготовка резултираа со одлично подготвена приредба.
На крај секако не изостана  презентацијата на народните носии на различни етникуми од нашиот крај.
   По повод Неделата на промоцијата на хуманите вредности од 21 до 27 септември во организација на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес на 27 септември се одржа ПХВ приредба со пантомима и презентација на традиционални носии од нашиот крај. На манифестацијата присутните гости ги поздрави Ангел Киров републички дисеминатор по МХП и инструктор во програмата на ЦКА ПХВ. Доделени беа првите три награди од објавениот конурс за најдобри фотографии и раскази како и благодарници за сите кои учествуваа во овогодинешниот ЦКА ПХВ циклус.Преку пантомимата младите успеаја на присутните да им доловат дел од различноститите во секојдневниот живот со кој се среќаваме. Секако, главната цел беше да се прикаже дека почитта за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за соживот. Ова е значајно во средини како што е нашиот град и околината, каде живеат припадници од повеќе етнички групи – македонци, албанци, роми, турци, срби, бошњаци и други. Големиот број на вклучени волонтери и макотрпната подготовка резултираа со одлично подготвена приредба.На крај секако не изостана  презентацијата на народните носии на различни етникуми од нашиот крај.
1

Средба на активот на Општинската организација

Е-пошта Печати
Традиционално и оваа година Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес на 20 септември во ресторанот „Рибник“ во селото Нежилово, организираше работна средба на која присуствуваа членови на Собранието, претседатели на основни организации на Црвен крст и други истакнати членови и волонтери на Општинската организација.
Бидејќи значителен дел од присутните се нови членови, вклучени со новиот изборен процес, Ангел Киров – општински и републички дисеминатор по Меѓународно хуманитарно право, одржа дисеминациска сесија за основите на Меѓународното движење (историјат, компоненти, амблеми и принципи на Движењето) и Меѓународното хуманитарно право, организационата поставеност, дејностите и задачите на Црвениот крст на Република Македонија.
Во продолжението, беа презентирани неколку позначајни акти на Националното друштво што регулираат прашања во врска со членувањето и волонтирањето во Црвениот крст, надлежностите на Собранието и Раководниот одбор и сл.
Остатокот од средбата помина во пријатна атмосвера, дружење и прошетка во прекрасната природа.
   Традиционално и оваа година Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес на 20 септември во ресторанот „Рибник“ во селото Нежилово, организираше работна средба на која присуствуваа членови на Собранието, претседатели на основни организации на Црвен крст и други истакнати членови и волонтери на Општинската организација. Бидејќи значителен дел од присутните се нови членови, вклучени со новиот изборен процес, Ангел Киров – општински и републички дисеминатор по Меѓународно хуманитарно право, одржа дисеминациска сесија за основите на Меѓународното движење (историјат, компоненти, амблеми и принципи на Движењето) и Меѓународното хуманитарно право, организационата поставеност, дејностите и задачите на Црвениот крст на Република Македонија. Во продолжението, беа презентирани неколку позначајни акти на Националното друштво што регулираат прашања во врска со членувањето и волонтирањето во Црвениот крст, надлежностите на Собранието и Раководниот одбор и сл. Остатокот од средбата помина во пријатна атмосвера, дружење и прошетка во прекрасната природа.
nezilovo

Традиционална годишна средба на волонтерите на ООЦК Велес.

Е-пошта Печати

 Благодарност во името на ООЦК Велес за сето што го работат во својата хуманитарна мисија.
Сите тие се хумани луѓе кои избрале дел од своето време да му посветат на Црвениот крст

nezilovo

Светски ден на првата помош

Е-пошта Печати
Традиционално, оваа година под мотото „Несреќите во домот“ Црвен крст на Република Македонија Општинска оргнизација Велес го одбележа Светскиот ден на првата помош.
На 7-ми септември беше одржана средба со претставници на медиумите на која претседателот на Општинската организација д-р Милчо Трајков ги запозна новинарите за значењето на обуките за прва помош и нивната цел. Посебно се задржа на потребата за едукација на луѓето за опасностите и причините за појава на несреќи во домот, да се подигне нивната  свест за превземање мерки и активности за нивно превенирање, што треба да превземат и како постапат во случај на настанување повреда. Потоа, беа најавени активностите што волонтерите на Црвениот крст ги организираат по повод одбележувањето на Светскиот ден на првата помош и беше упатен повик до граѓаните за посета на бесплатна обука која еднаш месечно ќе се изведува во просториите на Општинската организација.
Во продолжението, Д-р Горан Богатинов, предавач по прва помош ја претстави постапката за преглед на мобилната електронска апликација за укажување прва помош од која секој граѓанин може да се едуцира користејќи го својот телефон.
Со цел да се актуелизира значењето на првата помош и потребата од обука посебно кај најмладите, обучени волонтери на Црвениот крст, за ученици во ООУ „Благој Кирков“ одржаа демонстрација на укажување прва помош и згрижување на повреди.
На 9-ти септември, со цел да се утврди интересот и познавањата по првата помош, младите на Црвениот крст, низ улиците на градот организираа анкетирање на случајни минувачи и дистрибуиција на флаери со едукативна содржина.
Традиционално, оваа година под мотото „Несреќите во домот“ Црвен крст на Република Македонија Општинска оргнизација Велес го одбележа Светскиот ден на првата помош.        На 7-ми септември беше одржана средба со претставници на медиумите на која претседателот на Општинската организација д-р Милчо Трајков ги запозна новинарите за значењето на обуките за прва помош и нивната цел. Посебно се задржа на потребата за едукација на луѓето за опасностите и причините за појава на несреќи во домот, да се подигне нивната  свест за превземање мерки и активности за нивно превенирање, што треба да превземат и како постапат во случај на настанување повреда. Потоа, беа најавени активностите што волонтерите на Црвениот крст ги организираат по повод одбележувањето на Светскиот ден на првата помош и беше упатен повик до граѓаните за посета на бесплатна обука која еднаш месечно ќе се изведува во просториите на Општинската организација.Во продолжението, Д-р Горан Богатинов, предавач по прва помош ја претстави постапката за преглед на мобилната електронска апликација за укажување прва помош од која секој граѓанин може да се едуцира користејќи го својот телефон.  Со цел да се актуелизира значењето на првата помош и потребата од обука посебно кај најмладите, обучени волонтери на Црвениот крст, за ученици во ООУ „Благој Кирков“ одржаа демонстрација на укажување прва помош и згрижување на повреди. На 9-ти септември, со цел да се утврди интересот и познавањата по првата помош, младите на Црвениот крст, низ улиците на градот организираа анкетирање на случајни минувачи и дистрибуиција на флаери со едукативна содржина.
DSC00714

ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Е-пошта Печати
Во неделата на 27 август, на водите на велешкото езеро „Младост“, во организација на Пливачката федерација на Македонија беше одржан четвртиот  велешки пливачки маратон.
Во организацијата на маратонот зема учество и Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со извршување задачи за логистичка поддршка, здравствен преглед на учесниците на маратонот и безбедност на такмичарите за време на пливањето, за што беа ангажирани лекари – волонтери, членови на тимовите за безбедност на вода и укажување прва помош и членови на Клубот на млади при Општинската организација.
Манифестацијата помина во најдобар ред, а волонтерите на Црвениот крст беспрекорно ја извршија својата задача.
   Во неделата на 27 август, на водите на велешкото езеро „Младост“, во организација на Пливачката федерација на Македонија беше одржан четвртиот  велешки пливачки маратон.  Во организацијата на маратонот зема учество и Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со извршување задачи за логистичка поддршка, здравствен преглед на учесниците на маратонот и безбедност на такмичарите за време на пливањето, за што беа ангажирани лекари – волонтери, членови на тимовите за безбедност на вода и укажување прва помош и членови на Клубот на млади при Општинската организација. Манифестацијата помина во најдобар ред, а волонтерите на Црвениот крст беспрекорно ја извршија својата задача.
Graphic3

Младински камп „Отовица 2017“

Е-пошта Печати
Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес од 23.08.2017 до 25.08.2017 година организираше тридневно кампување во селото Отовица, во близина на Велешко езеро. На поканата со задоволство се одѕваа членовите од Клубовите на млади од шесте Општински организации: Пробиштип, Куманово, Виница, Охрид, Кочани и Неготино.
Кампот беше од едукативен и забавен карактер и на истиот присуствуваа и петнаесет членови од Клубови на млади од ООЦК Велес. Темите беа од областа за зајакнување на тимската работа, а секако корисни беа и размената на искуства, стекнувањето нови знаења и нови пријателства.
Клубот на млади се заблагодарува на донаторите и верни поддржувачи: Чао кафе, Жито маркети, Здружение на пензионери – Велес, Ресторан Глориус, Пролет – Комерц и фото студио „Каначковиќ“ без чија поддршка овој камп нема да можеше да се реализира.
Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес од 23.08.2017 до 25.08.2017 година организираше тридневно кампување во селото Отовица, во близина на Велешко езеро. На поканата со задоволство се одѕваа членовите од Клубовите на млади од шесте Општински организации: Пробиштип, Куманово, Виница, Охрид, Кочани и Неготино. Кампот беше од едукативен и забавен карактер и на истиот присуствуваа и петнаесет членови од Клубови на млади од ООЦК Велес. Темите беа од областа за зајакнување на тимската работа, а секако корисни беа и размената на искуства, стекнувањето нови знаења и нови пријателства.Клубот на млади се заблагодарува на донаторите и верни поддржувачи: Чао кафе, Жито маркети, Здружение на пензионери – Велес, Ресторан Глориус, Пролет – Комерц и фото студио „Каначковиќ“ без чија поддршка овој камп нема да можеше да се реализира.
Graphic1

Страница 3 од 59

Online Донација

online_donacija
info