Новости

Крводарителска акција во Населба Чашка

Е-пошта Печати
Традиционалната крводарителска акција, што секоја година се организара по повод 21-ви август - Ден на општината Чашка, годинава се изведе на 30 август во салата на училиштето „Тодор Јанев“ во Населба Чашка.
На акцијата беа собрани 29 крвни единици од кои пет беа од крводарители од понежниот пол, а еден од нивни сожител кој прв пат даруваше во својот живот и се вклучи во големото семејство на најголемите хуманисти.
Акцијата ја изведе екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје чии членови беспрекорно ја извршија својата задача.
   Традиционалната крводарителска акција, што секоја година се организара по повод 21-ви август - Ден на општината Чашка, годинава се изведе на 30 август во салата на училиштето „Тодор Јанев“ во Населба Чашка.На акцијата беа собрани 29 крвни единици од кои пет беа од крводарители од понежниот пол, а еден од нивни сожител кој прв пат даруваше во својот живот и се вклучи во големото семејство на најголемите хуманисти.Акцијата ја изведе екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје чии членови беспрекорно ја извршија својата задача.
Graphic1

Подобрени капацитетите за одговор при катастрофи

Е-пошта Печати

Во изминатите три месеци Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес во соработка со Ротари клуб од Велес имплементираа проект со наслов „Обука и опремување на тимовите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст Велес“. Претходно, проектната документација, по објавен оглас за поднесување проекти, беше доставена до Сојузот на Ротари клубовите на Македонија каде беше прифатена и финансиски поддржана со 120.000 денари. Со имплементацијата на проектот во тимовите за одговор при катастрофи на ООЦК Велес беа вклучени 22 нови волонтери. Сите тие посетуваа основен курс по прва прва помош, брза проценка на потребите на терен и логистичка поддршка на ранливи лица при појава на катастрофи, додека одделни групи од нив, посетуваа специјалистички обуки за безбедност на вода при појава на поплави, безбедност на планина и прва психолошка помош што ги организираше Централната канцеларија на Црвен крст на република Македонија. На 23-ти август, во просториите на Црвен крст во Велес, беше организирана заедничка прес конференција на раководствата на Ротари клубот и Општинската организација од Велес, од каде јавноста беше информирана за обуките и за новата опрема за укажување прва помош и униформи за членовите на тимовите за одговор при катастрофи, што беа набавени од средствата за финансиска поддршка на Проектот и лични донации на некои од членовите на велешкиот Ротари клуб, со што е направен значаен исчекор во подобрувањето на капацитетите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст од Велес.

 

Визминатите три месеци Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес во соработка со Ротари клуб од Велес имплементираа проект со наслов „Обука и опремување на тимовите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст Велес“. Претходно, проектната документација, по објавен оглас за поднесување проекти, беше доставена до Сојузот на Ротари клубовите на Македонија каде беше прифатена и финансиски поддржана со 120.000 денари.

 

Со имплементацијата на проектот во тимовите за одговор при катастрофи на ООЦК Велес беа вклучени 22 нови волонтери. Сите тие посетуваа основен курс по прва прва помош, брза проценка на потребите на терен и логистичка поддршка на ранливи лица при појава на катастрофи, додека одделни групи од нив, посетуваа специјалистички обуки за безбедност на вода при појава на поплави, безбедност на планина и прва психолошка помош што ги организираше Централната канцеларија на Црвен крст на република Македонија.
На 23-ти август, во просториите на Црвен крст во Велес, беше организирана заедничка прес конференција на раководствата на Ротари клубот и Општинската организација од Велес, од каде јавноста беше информирана за обуките и за новата опрема за укажување прва помош и униформи за членовите на тимовите за одговор при катастрофи, што беа набавени од средствата за финансиска поддршка на Проектот и лични донации на некои од членовите на велешкиот Ротари клуб, со што е направен значаен исчекор во подобрувањето на капацитетите за одговор при катастрофи на Општинската организација на Црвен крст од Веле

Крводарителска акција во Берово

Е-пошта Печати
Традиционално, основната организација на Црвен крст од Населба Градско, општина Градско, секоја година со поддршка на ООЦК Велес, за своите крводарители организира крводарителски акции на разни дестинации во нашата Држава.
На 12.08.2017 година крводарителите од општина Градско даруваа крв во Берово. На акцијата беа собрани 27 крвни единици од кои пет беа од дарители кои прв пат даруваат во својот живот, а седум од крводарители од понежниот пол. По заедничкиот ручок беше изведена прошетка низ Градот.
Значајно е да се одбележи дека Локалната самоуправа на Градско и овој пат го обезбеди превозот и доручекот, додека организацијата на акцијата во Берово беше помогната од тамошната Општинска организација на Црвен крст за што изразуваме голема благодарност.
   Традиционално, основната организација на Црвен крст од Населба Градско, општина Градско, секоја година со поддршка на ООЦК Велес, за своите крводарители организира крводарителски акции на разни дестинации во нашата Држава. На 12.08.2017 година крводарителите од општина Градско даруваа крв во Берово. На акцијата беа собрани 27 крвни единици од кои пет беа од дарители кои прв пат даруваат во својот живот, а седум од крводарители од понежниот пол. По заедничкиот ручок беше изведена прошетка низ Градот.Значајно е да се одбележи дека Локалната самоуправа на Градско и овој пат го обезбеди превозот и доручекот, додека организацијата на акцијата во Берово беше помогната од тамошната Општинска организација на Црвен крст за што изразуваме голема благодарност.

Потврда за хуманоста

Е-пошта Печати

 Велешани по којзнае кој пат ја потврдија својата хуманост. На 24-тата летна солидарна акција за даување крв, што се одржа зградата на тетарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ на 15-ти и 16-ти август годинава беа собрани 213 крвни единици. Најголемиот број од дарителите беа млади до 30 години. 37 крвни единици беа собрани од дарители кои прв пат даруваа во својот живот, а 46 од дарители од понежниот пол.Членовите на екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст од Велес, кои непосредно учествуваа во изведувањето на акцијата, беспрекорно ја извршија својата задача.

Летен камп Папрадиште 2017

Е-пошта Печати

 

 

\Традиционално и оваа година од 30-ти јуни до 2-ри јули за новите членови на Клубот на млади и учесниците во новиот ЦКА-ПХВ циклус се одржа летниот камп во планинарскиот дом во селото Папрадиште со наслов „Папрадиште 2017“. Овојпат учествуваа вкупно 24 младинци.

 

Покрај заложбата да им се искаже благодарност на младите за вложениот труд и постигнатите резултати во ЦКА-ПХВ циклусот, основна цел на кампот беше да ги мотивира за нивна понатамошна вклученост во работењето на Клубот на млади и имплементација на програмските задачи. Планираните предавања и вежби во целост беа реализрани во трите работни денови. Се расправаше и за тоа како младинците се справија со предизвикот наречен изработка на малите ПХВ проекти, споделуваа свои лични искуства, се дискутираше за позитивните и негативните ситуации со кои се сретнуваа на терен, но и се реализираа вежби во кои се акцентираше важноста на тимската работа. Сите овие активности беа реализирани со помош на ЦКА – ПХВ инструкторот Ангел Киров, младинскиот координатор Анѓел Јорданов и дисеминаторот Андреев Пенчо.
Покрај стекнувањата на нови знаења и вештини, на кампот се стекнаа и нови пријателства, забави покрај логорскиот оган и прошетки по прекрасниот предел на селото Папрадиште.

   Традиционално и оваа година од 30-ти јуни до 2-ри јули за новите членови на Клубот на млади и учесниците во новиот ЦКА-ПХВ циклус се одржа летниот камп во планинарскиот дом во селото Папрадиште со наслов „Папрадиште 2017“. Овојпат учествуваа вкупно 24 младинци.Покрај заложбата да им се искаже благодарност на младите за вложениот труд и постигнатите резултати во ЦКА-ПХВ циклусот, основна цел на кампот беше да ги мотивира за нивна понатамошна вклученост во работењето на Клубот на млади и имплементација на програмските задачи. Планираните предавања и вежби во целост беа реализрани во трите работни денови. Се расправаше и за тоа како младинците се справија со предизвикот наречен изработка на малите ПХВ проекти, споделуваа свои лични искуства, се дискутираше за позитивните и негативните ситуации со кои се сретнуваа на терен, но и се реализираа вежби во кои се акцентираше важноста на тимската работа. Сите овие активности беа реализирани со помош на ЦКА – ПХВ инструкторот Ангел Киров, младинскиот координатор Анѓел Јорданов и дисеминаторот Андреев Пенчо.     Покрај стекнувањата на нови знаења и вештини, на кампот се стекнаа и нови пријателства, забави покрај логорскиот оган и прошетки по прекрасниот предел на селото Папрадиште.

Одговор при катастрофи

Е-пошта Печати
Спасување давеници во надојдените води и нивно згрижување беше задача на членовите на тимовите за одговор при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес на вежбовната активност што беше изведена на 23 јуни на реката Вардар под „Мало мовче“. Со помош на чамец, управуван со јажиња поврзани со посебни техники, членовите на тимот за спасување на вода  ги извлекуваа давениците од водата, ги превезуваа преку реката и ги предаваа на тимот за прва помош за нивно понатамошно згрижување.
Беше тоа проверка на совладаните знаења и вештини што во изминатите два месеци волонтерите на Црвениот крст ги посетуваа низ неколку заеднички и одделни обуки организирани со помош на одделот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Република Македонија, помеѓу кои, проценка на потребите на терен при настаната катастрофа, логитичка поддршка, прва помош, психо-социјална поддршка, спасување на вода и спасување на планина.
Всушност, сите овие активности, претствуваат дел од проектот на Ротари клубот од Велес и Општинската организација на Црвен крст од Велес наречен Обука и опремување на тимовите за одговор при катастрофи, чија главна цел е подигнување капацитетите на тимовите за навремен одговор при настанати катастрофи. Согласно овој проект, Општинската организација зема обврска да изврши персонално комплетирање на тимовите и да ги обучи нивните членови, додека Ротари клубот да обезбеди средства за набавка на опрема за тимот за прва помош и дел од униформите  за сите членови.
Задачите на партнерите во проектот се успешно завршени. Останува свечено примопредавање на опремата и униформите.

   Спасување давеници во надојдените води и нивно згрижување беше задача на членовите на тимовите за одговор при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес на вежбовната активност што беше изведена на 23 јуни на реката Вардар под „Мало мовче“. Со помош на чамец, управуван со јажиња поврзани со посебни техники, членовите на тимот за спасување на вода  ги извлекуваа давениците од водата, ги превезуваа преку реката и ги предаваа на тимот за прва помош за нивно понатамошно згрижување.Беше тоа проверка на совладаните знаења и вештини што во изминатите два месеци волонтерите на Црвениот крст ги посетуваа низ неколку заеднички и одделни обуки организирани со помош на одделот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Република Македонија, помеѓу кои, проценка на потребите на терен при настаната катастрофа, логитичка поддршка, прва помош, психо-социјална поддршка, спасување на вода и спасување на планина.Всушност, сите овие активности, претствуваат дел од проектот на Ротари клубот од Велес и Општинската организација на Црвен крст од Велес наречен Обука и опремување на тимовите за одговор при катастрофи, чија главна цел е подигнување капацитетите на тимовите за навремен одговор при настанати катастрофи. Согласно овој проект, Општинската организација зема обврска да изврши персонално комплетирање на тимовите и да ги обучи нивните членови, додека Ротари клубот да обезбеди средства за набавка на опрема за тимот за прва помош и дел од униформите  за сите членови.Задачите на партнерите во проектот се успешно завршени. Останува свечено примопредавање на опремата и униформите.

НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО

Е-пошта Печати
Под ова мото, а по повод 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст на 07.05.2017 година, на платото прет градскиот театар во Велес, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес организираше презентација на својата  работата запознавајќи го месното население за активностите по сите дејности што ги спроведува нашето национално друштво во гижа за човекот. И додека младите волонтери на Црвениот крст ги пресретнуваа минувачите и им делеа флаери и брошури, од богатата издавачка ризница на Црвениот крст на Република Македонија, на другиот дел од штандот членовите на секцијата за борба против срцево-садови заболувања на заинтересираните им мереа шеќер во крвта и крвен притисок упатувајќи им по некој совет за зачувување на нивното здравје.
Пред присутните новинари, општинскиот и републички дисеминатор Ангел Киров ги претстави Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Националното друштво и Општинската организација за нивната мисија, визија, основни принципи во работењето и дејностите и активностите што тие ги спроведуваат во своето секојдневие.

   Под ова мото, а по повод 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст на 07.05.2017 година, на платото прет градскиот театар во Велес, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес организираше презентација на својата  работата запознавајќи го месното население за активностите по сите дејности што ги спроведува нашето национално друштво во грижа за човекот. И додека младите волонтери на Црвениот крст ги пресретнуваа минувачите и им делеа флаери и брошури, од богатата издавачка ризница на Црвениот крст на Република Македонија, на другиот дел од штандот членовите на секцијата за борба против срцево-садови заболувања на заинтересираните им мереа шеќер во крвта и крвен притисок упатувајќи им по некој совет за зачувување на нивното здравје. Пред присутните новинари, општинскиот и републички дисеминатор Ангел Киров ги претстави Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Националното друштво и Општинската организација за нивната мисија, визија, основни принципи во работењето и дејностите и активностите што тие ги спроведуваат во своето секојдневие.

Страница 4 од 59

Online Донација

online_donacija
info