Новости

Успешно крштевање

Е-пошта Печати
На 14 март годинава членовите и волонтери на Црвениот крст во општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Велес, со поддршка на целокупниот наставен кадар, по прв пат организирааа акција за доброволно дарување крв во која земаа учество вработените и родители на ученици од ова училиште.
Ова прво „Крштевање“ на полето на крводарителството заврши мошне успешно. Беа собрани вкупно 31 крвни единици од кои 20 единици од крводарители мажи, 11 од крводарители од понеѓниот пол, додека девет крвни единици беа земени од граѓани кои прв пат даруваа во својот живот и се зачленија во семејството на најголемите хуманисти.
После „Блаже Конески“ и „Благој Кирков“, „Свети кирил и Методиј“ е трето од основните училишта во Велес кое организира акција за доброволно дарување крв. Се надеваме дека по нивните стапки ќе продолжат и останатите училишта од подрачјето на Општинската организација на Црвен крст Велес.
   На 14 март годинава членовите и волонтери на Црвениот крст во општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Велес, со поддршка на целокупниот наставен кадар, по прв пат организирааа акција за доброволно дарување крв во која земаа учество вработените и родители на ученици од ова училиште. Ова прво „Крштевање“ на полето на крводарителството заврши мошне успешно. Беа собрани вкупно 31 крвни единици од кои 20 единици од крводарители мажи, 11 од крводарители од понежниот пол, додека девет крвни единици беа земени од граѓани кои прв пат даруваа во својот живот и се зачленија во семејството на најголемите хуманисти. После ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Благој Кирков“, „Свети Кирил и Методиј“ е трето од основните училишта во Велес кое организира акција за доброволно дарување крв. Се надеваме дека по нивните стапки ќе продолжат и останатите училишта од подрачјето на Општинската организација на Црвен крст Велес. 

Признанија за најзаслужните

Е-пошта Печати
По повод 17-ти Март, Ден на Црвениот крст на Република македонија и ден на доброволното дарување на крв, на 16.03.2017 година во Ликовниот салон во Велес, беше одржана свеченост на која беа доделени признанија на поединци и организации кои во текот на 2016 година постигнале значителен придонес за унапредување на крводарителството и на доброволни дарители кои во минатата година исполниле јубилејни 50, 75 или 100 дарувања на крв. Присутните крводарители, членови и волонтери на Црвениот крст, гости – претставници на локални институции, организации и други правни субјекти ги поздравија д-р Милчо Трајков – претседател на Црвениот крст на Република Македонија и на Општинската организација на Црвен крст Велес и г-дин Славчо Чадиев – Градоначалник на општина Велес кои воедно и ги доделија високите, заслужени признанија на големите хуманисти.
Плекета во знак на признание за 100 пати дарувано крв добија Никола Цековски, Ѓорѓи Митов и Томе Андов, за 75 пати Весна Петрушевска, а за 50 пати дарувано крв Илија Митрев, Божо Димовски, Сокол Кочов и Петар Сарагинов.
Благодарница за посебен придонес за развој на крводарителството им беше доделена на  ЈЗУ „Општа болница“ Велес, ССОУ „Димитрија Чуповски“ и Населба Чашка, а за најдобар волонтер и мотиватор за крводарителство беше прогласена Валентина Шкрекова, наставник во средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“
Свеченоста ја збогатија ученици од основното музичко училиште „Стефан Гајдов„ кои изведоа прекрасни музички нумери.
   По повод 17-ти Март, Ден на Црвениот крст на Република Македонија и ден на доброволното дарување на крв, на 16.03.2017 година во Ликовниот салон во Велес, беше одржана свеченост на која беа доделени признанија на поединци и организации кои во текот на 2016 година постигнале значителен придонес за унапредување на крводарителството и на доброволни дарители кои во минатата година исполниле јубилејни 50, 75 или 100 дарувања на крв. Присутните крводарители, членови и волонтери на Црвениот крст, гости – претставници на локални институции, организации и други правни субјекти ги поздравија д-р Милчо Трајков – претседател на Црвениот крст на Република Македонија и на Општинската организација на Црвен крст Велес и г-дин Славчо Чадиев – Градоначалник на општина Велес кои воедно и ги доделија високите, заслужени признанија на големите хуманисти. Плакета во знак на признание за 100 пати дарувано крв добија Никола Цековски, Ѓорѓи Митов и Томе Андов, за 75 пати Весна Петрушевска. За 50 пати дарувано крв Илија Митрев, Божо Димовски, Сокол Кочов и Петар Сарагинов. Благодарница за посебен придонес за развој на крводарителството им беше доделена на ЈЗУ „Општа болница“ Велес, ССОУ „Димитрија Чуповски“ и Населба Чашка, а за најдобар волонтер и мотиватор за крводарителство беше прогласена Валентина Шкрекова, професор во средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“. Свеченоста ја збогатија ученици од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ кои изведоа прекрасни музички нумери.
 

Хуманитарни проекти на Младите на Црвениот крст

Е-пошта Печати
По оддржаната трета работилница учесниците во овогодишниот циклус на националниот проект Црвен рст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) со полн елан и голем ентузијазам отпочнаа со следната задача -  имплементација и документирање на хуманитарни микро проекти.
Поттикнати од сториите во медиумите, секојдневните тажни приказни и истражувањата на подрачјето на дејствување на Општинската организација на Црвениот крст Велес, потенцијалните волонтери на Црвениот крст ќе се заложат за подобрување на квалитетот на живеење на шест семејства низ исто толку проекти. Првите тимови се веќе на терен. Еднен од тимовите дејствува за помош на семејсво кое остана без целата покуќнина при настанат пожар, а друг да му помогне на осамен, изнемоштен старец кој препуштен сам насебе живее во крајно лоши материјални и хигиенски услови.
Најчести активности ќе бидат собирните акции во училиштата, апели до локалните институции и корпоративниот сектор за помош и донации, штандови за продавање на накит, честитки и друго, хуманитарени концерти и забави, театарски претстави и друго.
Тимовите од овие млади луѓе се организираат колку што можат повеќе да им помогнат на овие семејства, но и за да ги мотивираат граѓаните да се вклучат со своја помош.
   По одржаната трета работилница учесниците во овогодишниот циклус на националниот проект Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) со полн елан и голем ентузијазам отпочнаа со следната задача -  имплементација и документирање на хуманитарни микро проекти.Поттикнати од сториите во медиумите, секојдневните тажни приказни и истражувањата на подрачјето на дејствување на Општинската организација на Црвениот крст Велес, потенцијалните волонтери на Црвениот крст ќе се заложат за подобрување на квалитетот на живеење на шест семејства низ исто толку проекти. Првите тимови се веќе на терен. Еден од тимовите дејствува за помош на семејство кое остана без целата покуќнина при настанат пожар, а друг да му помогне на осамен, изнемоштен старец кој препуштен сам на себе живее во крајно лоши материјални и хигиенски услови. Најчести активности ќе бидат собирните акции во училиштата, апели до локалните институции и корпоративниот сектор за помош и донации, штандови за продавање на накит, честитки и друго, хуманитарени концерти и забави, театарски претстави и друго. Тимовите од овие млади луѓе се организираат колку што можат повеќе да им помогнат на овие семејства, но и за да ги мотивираат граѓаните да се вклучат со своја помош.
 

Недела на борба против срцевосадови заболувања

Е-пошта Печати
Одбележувањето на Неделата на борба против срцево садовите заболувања Црвен крст на Република македонија Општинска организација Велес го започна на 21 февруари со средба со претставници на медиумите со чија помош претседателот на секција за срцевосадови заболувања д-р Милчо Трајков ја запозна велешката јавност за позначајните аспекти на овие заболувања и за активностите што Општинската организација на Црвениот крст ќе ги спроведе во рамките на Неделата. Истиот ден, во 17 часот д-р Горан Богатинов – член на секцијата, одржа презентација за месното население во Населба Чашка а на 22 февруари предавање на истата тема беше оджано и за членовите на Клубот на пензионери- волонтерки на Црвениот крст во просториите на Општинската организација.
До крајот на Неделата д-р Милчо Трајков и д-р Горан Богатинов, вакви предавања ќе одржат и за население во Населба Градско и со вработени во уште еден колектив во Велес.
   Одбележувањето на Неделата на борба против срцевосадови заболувања Црвен крст на Република Македонија и Општинска организација Велес го започна на 21 февруари со средба со претставници на медиумите со чија помош претседателот на секцијата за срцевосадови заболувања д-р Милчо Трајков ја запозна велешката јавност за позначајните аспекти на овие заболувања и за активностите што Општинската организација на Црвениот крст ќе ги спроведе во рамките на Неделата.
   Истиот ден, во 17 часот д-р Горан Богатинов – член на секцијата, одржа презентација за месното население во Населба Чашка а на 22 февруари предавање на истата тема беше одржано и за членовите на Клубот на пензионери - волонтерки на Црвениот крст во просториите на Општинската организација. До крајот на Неделата д-р Милчо Трајков и д-р Горан Богатинов, вакви предавања ќе одржат и за население во Населба Градско и со вработени во уште еден колектив во Велес.
 

Пораки за љубов и хуманост

Е-пошта Печати

   Десеттина волонтерки од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес со својата посветеност и ентузијазам решија да го одбележат и разубават Свети Валентин - денот на вљубените и истовремено, да се вклучат во хуманитарната акција за помош на нивни соучаник за лекување во странство.Организираа креативна работилница за изработка на украсни предмети со испишани пораки за љубовта и хуманоста и на 14-ти февруари ги доделуваа на минувачите низ центарот на Велес. Среќните добитници се фотографираа и пуштаа парички во касата на Црвениот крст.

 
 

Започна новиот ЦКА – ПХВ циклус

Е-пошта Печати

   По одржаните обуки со општинските дисеминатори за годинашнава програма Црвен крст во акција – промоција на хуманите вредности, отпочна организирањето на едукативните работилници во општинските организации. Во просториите на општинската организација на Црвен крст Велес на 30 јануари и 13 февруари одржани се првата и втората работилница на која присуствуваа 30 млади од основните и средните училишта. На работилниците, идните млади волонтери на Црвениот крст низ игри за запознавање и опуштање се стекнаа со знаења за историјатот, принципите, амблемот и активностите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина и беа воведени во ЦКА ПХВ програмата - лоцирање, препознавење и разрешување на проблеми и потреби низ хуманитарни акции во локалната заедница. Во наредниот период преостанува третата работилница на која учесниците ќе научат како се имплементира и како се документира хуманитарен микро проект по што, ќе имаат можност наученото да го спроведат во пракса. Покажаниот интерес и активен ангажман на младите учесници ветува успешни акции за добробит во заедницата и нови активни волонтери во Клубот на млади.

Крводарителски акции

Е-пошта Печати
Во изминатата седмица Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина на подрачјето на Општинската организација изведоа две крводарителски акции. На првата, што се организираше со жителите од Населба Чашка на 27-ми јануари, беа собрани 32 крвни еденици од кои девет од дарители од женски и 23 од дарители од машки пол, додека три беа дарувани од лица кои прв пат даруваа во својот живот. На втората пак, што ја органзираа Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на први февруари во фоајето на Народниот театар во Велес, беа собрани 72 крвни единици од кои 47 од дарители во работен однос, девет од невработени, шест од ученици, девет од студенти и една од дарител – пензионер. И на оваа акција тројца од дарителите прв пат даруваа во својот живот.
Екипите на Институтот за трансфузиона медицина кои беспрекорно ја завршија својата работа, во двете акции беа придружувани од волонтери од Клубот на млади на Црвениот крст кои беа на испомош при приемот на крводарителите, пополнувањето на прашалниците и изнаоѓањето на евидентните картони.
   Во изминатата седмица Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина на подрачјето на Општинската организација изведоа две крводарителски акции. На првата, што се организираше со жителите од Населба Чашка на 27-ми јануари, беа собрани 32 крвни еденици од кои девет од дарители од женски и 23 од дарители од машки пол, додека три беа дарувани од лица кои прв пат даруваа во својот живот. На втората пак, што ја органзираа Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на први февруари во фоајето на Народниот театар во Велес, беа собрани 72 крвни единици од кои 47 од дарители во работен однос, девет од невработени, шест од ученици, девет од студенти и една од дарител – пензионер. И на оваа акција тројца од дарителите прв пат даруваа во својот живот. Екипите на Институтот за трансфузиона медицина кои беспрекорно ја завршија својата работа, во двете акции беа придружувани од волонтери од Клубот на млади на Црвениот крст кои беа на испомош при приемот на крводарителите, пополнувањето на прашалниците и изнаоѓањето на евидентните картони.
 

Страница 6 од 59

Online Донација

online_donacija
info