Новости

Oдбележана “Неделата на борба против срцево-садовите заболувања”

Е-пошта Печати
vest1Со цел подигање на нивото на свеста на населението, особено кај младата популација, за опасностите од ризик факторите за појава срцево-садовите заболувања и за значењето на здравиот начин на живеење, согласно календарот на акции и активности на Црвениот крст на Република Македонија, Општинската организација  на Црвен крст Велес ја одбележа “Неделата за борба против срцево-садови заболувања “ од 21 до 28 февруари 2010 година под мотото:  “Сочувајте го здраво Вашето срце и крвните садови”

Активностите почнаа на 19.02.2010 година  кога  претседателот на Секцијата д-р Милчо Трајков  имаше средба со локалните електронски медиуми при што ја запозна јавноста со активностите што ги презема Општинската организација на Црвениот крст, а зборуваше и за  “Ризик фактори во појава на кардио васкуларните болести”.
Повеќе...

Рекордни крводарителски акции

Е-пошта Печати

Untitled-1Општинската организација на Црвен Крст Велес во соработка со Републичкиот завод за трансфузиологија ги организираше традиционалните, пролетни акции за дарување на крв во средните училишта. Во подготовките на овие акции,  д-р Љиља Поцкова и Д-р Славе Јорданов одржаа информативно едукативни предавања  од областа на  крводарителството со што на учениците - потенцијални дарители им беше овозможено да ги разбијат своите стравувања и дилеми во врска со дарувањето крв.

Повеќе...

ВАШАТА ПОМОШ - НЕЧИЈА СРЕЌА

Е-пошта Печати

vasata-srekaЦелта на нашата група  беше да се помогне семејството Ќазимови од селото Мелница, со еднократна помош и обезбедување ужина во одреден период. Семејството Ќазимови се состои  татко и три прекрасни ангелчиња.

Се пријавивме за ЦКА – ПХВ проектот во Црвениот крст – Велес. Ги посетувавме обуките и дообуките и присуствувавме на сите состаноци. По ова  добивме инспирација да направиме нешто хумано и нешто добро кое ќе служи за пример на другите деца и возрасни.

Повеќе...

Страница 59 од 59

Online Донација

online_donacija
info