Новости

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

Е-пошта Печати

ООЦК Велес на традиционална новогодишна средба.

Дел од волонтерскиот сегмент со стручната служба 

Крводарителски акции

Е-пошта Печати
   По одржувањето на традиционалната крводарителска акција посветена на денот на општината Велес и денот на основањето на мото клубот „Носачи на крстот“, на која беа собрани 120 крвни единици, на 18-ти нември, екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје изведе крводарителска акција и за вработените и доброволните припадници на АРМ во гарнизонот „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. На оваа акција беа собрани 63 крвни единици од кои 6 од дарители од понежниот пол, додека 22 крвни единици беа собрани од дарители кои прв пат даруваа во својот живот.
 

Донирајте орган – подарете живот

Е-пошта Печати
Во рамките на проектот „Донирајте орган – подарете живот“ на 22-ри ноември за вработените и припадниците на АРМ во гарнизонот на АРМ во Велес беше одржано предавање на тема „Органодарителството и трансплатацијата во Република Македонија“.
Типови на органодарителството, органи и ткива што се предмет на донирање, медицинските, религиските, етичките, правните и социо-економските аспекти на органодарителството, беа дел од содржините што д-р Нешова-Пановска и д-р Панова ги презентираа пред стотината присутни во салата.
Заеднички прифатена констатација на крајот од предавањето беше дека органодарителството навистина претствува највисок чин на човекољубие и дека оваа тема треба да биде многу поприсутна до населението.
   Во рамките на проектот „Донирајте орган – подарете живот“ на 22-ри ноември за вработените и припадниците на АРМ во гарнизонот на АРМ во Велес беше одржано предавање на тема „Органодарителството и трансплатацијата во Република Македонија“.  Типови на органодарителството, органи и ткива што се предмет на донирање, медицинските, религиските, етичките, правните и социо-економските аспекти на органодарителството, беа дел од содржините што д-р Нешова-Пановска и д-р Панова ги презентираа пред стотината присутни во салата. Заеднички прифатена констатација на крајот од предавањето беше дека органодарителството навистина претствува највисок чин на човекољубие и дека оваа тема треба да биде многу поприсутна до населението.
 

Предавање за потрошувачите низ законот за безбедност на храната

Е-пошта Печати
Во рамките на малите иницијативи за активно стареење од проектот Грижа за стари лица во домашни услови финансиран од Австриски Црвен крст, беше организирано предавање на тема „Потрошувачите низ законот за безбедност на храната“. На работилницата учесниците во микропроектот „Лобирање  – можност да се помогне“ се стекнаа со повисоко ниво на знаење за заштита на здравјето и интересите на самите нив како потрошувачи во однос на храната, земајќи ја предвид разновидноста при снадбување со храна. Предавањето, што го одржа волонтерот на Општинската организација д-р Марија Давчева – инспектор за храна и ветеринарство,  побуди голем интерес по кое следеа бројни прашања и дискусии од учесниците.
По обуката учесниците активно разменуваа мислења за промоција на наученото и за изнаоѓање целни групи или проблеми во заедницата за кои тие би можеле да придонесат со свое лобирање, што е и крајна цел на проектната активност.
   Во рамките на малите иницијативи за активно стареење од проектот Грижа за стари лица во домашни услови финансиран од Австриски Црвен крст, беше организирано предавање на тема „Потрошувачите низ законот за безбедност на храната“. На работилницата учесниците во микропроектот „Лобирање  – можност да се помогне“ се стекнаа со повисоко ниво на знаење за заштита на здравјето и интересите на самите нив како потрошувачи во однос на храната, земајќи ја предвид разновидноста при снадбување со храна. Предавањето, што го одржа волонтерот на Општинската организација д-р Марија Давчева – инспектор за храна и ветеринарство,  побуди голем интерес по кое следеа бројни прашања и дискусии од учесниците. По обуката учесниците активно разменуваа мислења за промоција на наученото и за изнаоѓање целни групи или проблеми во заедницата за кои тие би можеле да придонесат со свое лобирање, што е и крајна цел на проектната активност.

 

Спроведени активности за крводарителската акција во Гимназија „Кочо Рацин“ Велес

Е-пошта Печати
Пред одржувањето на крводарителската акција во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес беа спроведени едукативно-мотивациски работилници на тема крводарителство. Целта на едукативните предавања беа да се запознаат сите ученици од трета и четврта година за крводарителството, бенифитите и здравствените придобивки од крводарувањето, како би се стекнале со потребните знаења и мотиавација, како потенцијални дарители на крв. За опфаќање на сите ученици беа спроведени две едукативни работилници. Работилниците ги оддржаа Трајче Јорданов и Бојана Маркова – врснички едукатори од областа на крводарителството.
На 9-ти ноември, по повод денот на општина Велес и патрониот празник на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ беше изведена крводарителската акција. На истата се собраа 40 крвни единици од кои 17  беа женски и 35 нови првократни крводарители. Акцијата побуди голем интерес кај учениците и истата се одвиваше во најдобар ред.

   
   Пред одржувањето на крводарителската акција во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес беа спроведени едукативно-мотивациски работилници на тема крводарителство. Целта на едукативните предавања беа да се запознаат сите ученици од трета и четврта година за крводарителството, бенифитите и здравствените придобивки од крводарувањето, како би се стекнале со потребните знаења и мотиавација, како потенцијални дарители на крв. За опфаќање на сите ученици беа спроведени две едукативни работилници. Работилниците ги оддржаа Трајче Јорданов и Бојана Маркова – врснички едукатори од областа на крводарителството.На 9-ти ноември, по повод денот на општина Велес и патрониот празник на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ беше изведена крводарителската акција. На истата се собраа 40 крвни единици од кои 17  беа женски и 35 нови првократни крводарители. Акцијата побуди голем интерес кај учениците и истата се одвиваше во најдобар ред.

Стоп за рамнодушноста – да ја сочуваме хуманоста

Е-пошта Печати
По завршувањето на расправата по Нацрт – Статутот на Црвениот крст на Република Македонија Ангел Ќиров - општински и републички дисеминатор по Меѓународно хуманитарни право од општинската организација на Црвен крст Велес, во рамките на кампањата „Стоп за рамнодушноста да ја сочуваме хуманоста“ одржа поопсежна презентација за хуманитарните акции и активности што Црвениот крст на Република Македонија ги спроведе за потребите на мигрантите кои во изминатиот период транзитираа низ Република Македонија, како и за видот и обемот на хуманитарната помош што им беше дистрибуирана.
Во продолжението, ги запозна присутните и за активностите на националното друштво за одговор на последиците од неодамнешните поплави во близина на Скопје иТетово.
На презентацијата, што  се одржа на 11-ти ноември во селото Нежилово во општина Чашка, покрај членови на Собранието на Општинската организација од Велес присуствуваа и претседатели на основни организации и други истакнати волонтери и членови на Црвениот крст.
   По завршувањето на расправата по Нацрт – Статутот на Црвениот крст на Република Македонија Ангел Ќиров - општински и републички дисеминатор по Меѓународно хуманитарни право од општинската организација на Црвен крст Велес, во рамките на кампањата „Стоп за рамнодушноста да ја сочуваме хуманоста“ одржа поопсежна презентација за хуманитарните акции и активности што Црвениот крст на Република Македонија ги спроведе за потребите на мигрантите кои во изминатиот период транзитираа низ Република Македонија, како и за видот и обемот на хуманитарната помош што им беше дистрибуирана.Во продолжението, ги запозна присутните и за активностите на националното друштво за одговор на последиците од неодамнешните поплави во близина на Скопје иТетово.На презентацијата, што  се одржа на 11-ти ноември во селото Нежилово во општина Чашка, покрај членови на Собранието на Општинската организација од Велес присуствуваа и претседатели на основни организации и други истакнати волонтери и членови на Црвениот крст.
 

Крводарителски акции во средните училишта

Е-пошта Печати
Деновиве се одржаа уште две крводарителски акции во средните училишта во Велес. Првата, на 24-ти во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ а втората, на 26 октомври во општинското средно училиште „Јовче Тесличков“. На двете акции учениците одново ја потврдија својата хуманост несебично подавајќи ја својата рака и дарувајќи дел од својата драгоцена течност. На првата, од популарните „Хемичари“ се собраа 30, а на втората вредните економисти даруваа 29 крвни единици. Од вкупно собраните 59 единици 52 се од дарители кои прв пат даруваа во својот живот, а 30 се од дарители од понежниот пол.
До крајот на оваа година останува да даруваат уште „Гимназијалците“ чија акција е закажана за 9-ти ноември - денот на ослободувањето на Велес.
   Деновиве се одржаа уште две крводарителски акции во средните училишта во Велес. Првата, на 24-ти во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ а втората, на 26 октомври во општинското средно училиште „Јовче Тесличков“. На двете акции учениците одново ја потврдија својата хуманост несебично подавајќи ја својата рака и дарувајќи дел од својата драгоцена течност. На првата, од популарните „Хемичари“ се собраа 30, а на втората вредните економисти даруваа 29 крвни единици. Од вкупно собраните 59 единици 52 се од дарители кои прв пат даруваа во својот живот, а 30 се од дарители од понежниот пол.  До крајот на оваа година останува да даруваат уште „Гимназијалците“ чија акција е закажана за 9-ти ноември - денот на ослободувањето на Велес.
 

Страница 8 од 60

Online Донација

online_donacija
info