Новости

Предавање за правата од здравстеното осигурување кај лицата од третото доба

Е-пошта Печати
Во рамките на малите иницијативи за активно стареење – во склоп на проектот Грижа за стари лица во домашни услови, финансирани од Австриски Црвен крст, беше организирано предавање на тема „ Правата од здравстеното осигурување кај лицата од третото доба “. На работилницата учесниците во микропроектот „Активирајте се  – никогаш не е доцна“ се запознаа со правата од областа на здравственото осигурување и бенефициите што им следуваат со закон. По предавањето, што го одржа членот на Извршниот одбор при Општинската организација и раководител на Фондот за здравствено осигурување организациона единица Велес Анде Марковски, следеа многубројни прашања и дискусии од учесниците кај кои очигледно темата побуди голем интерес.
Заеднички заклучок на сите присутни беше дека добиените информации од предавањето се солидна основа кај поединецот за активен однос во својата средина во секојдневниот живот.
Во рамките на малите иницијативи за активно стареење – во склоп на проектот Грижа за стари лица во домашни услови, финансирани од Австриски Црвен крст, беше организирано предавање на тема „ Правата од здравстеното осигурување кај лицата од третото доба “. На работилницата учесниците во микропроектот „Активирајте се  – никогаш не е доцна“ се запознаа со правата од областа на здравственото осигурување и бенефициите што им следуваат со закон. По предавањето, што го одржа членот на Извршниот одбор при Општинската организација и раководител на Фондот за здравствено осигурување организациона единица Велес Анде Марковски, следеа многубројни прашања и дискусии од учесниците кај кои очигледно темата побуди голем интерес.Заеднички заклучок на сите присутни беше дека добиените информации од предавањето се солидна основа кај поединецот за активен однос во својата средина во секојдневниот живот.
 

НА НИКИФОР СМИЛЕВСКИ

Е-пошта Печати
Деновиве Општинската организација на Црвениот крст Велес го загуби својот највозрасен активен волонтер. Во 80-та година од животот почина Никифор Смилевски, долгогодишен активист и волонтер во редовите на Црвениот крст. Велес и велешани ќе го паметат по приказните што ги оживеа и овековечи во неговите пишани дела за велешките гемиџии, за калдрмисаните сокаци и маала, за убавите моми и стројните ергени, за невозвратената љубов, за коледарските обичаи, песни и легенди поврзани со некои месности  и објекти во Велес и околината. А ние, во Црвениот крст ќе го споменуваме по неговото несебично залагање за востановување практики кои ќе значат афирмација на Организацијата, но и на поединецот.
По пензионирањето своето долгогодишно работно искуство како новинар го продолжува во редовите на Црвениот крст. На негова иницијатива во 2000-та година започнува да излегува гласилото на ООЦК Велес " Хуманист", чиј главен уредник беше се до својата смрт.
Никифор Смилевски со своето богато новинарско искуство и со дарбата за забележување на настаните и луѓето, ги оттргна од заборав повеќекратните дарители и волонтерите на Црвениот крст. Имаше волја и сила да ги посети сите помали села на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско, да разговара со заборавените, веќе остарени жители, кои верни на родната грутка го одржуваат родното огниште и самуваат во староста.
Никифор со леснотија пишуваше за убавините на нашите села, за природата, за луѓето, за нивната хуманост, за потребата од топол збор и подадената рака, за среќата што зрачи од насолзеното око тогаш кога ќе те облее сознанието дека сепак некој се сетил на тебе. Со акцијата " Не сте заборавени" внесе радост и топлина, зрак на надеж во многу осамени старечки срца. Тој не ги забораваше ниту крводарителите. Ја знаеше нивната вредност и не сакаше да не биде забележана. Ја ценеше хуманоста и работата на волонтерите на Црвениот крст кои дел од своето слободно време го посветуваат за да помогнат некому и некаде, сакаше да се забележи секое хумано дело за да не се заборави и ја востанови рубриката " Капка радосница" за евиденција на хуманитарната помош во Општинската организација.
Поради сето ова и многу друго во изминатите децении велиме дека Општинската организација од Велес изгуби значаен активист и волонтер, добитник на "Златното пето на хуманоста", највисокото признание што го доделува Црвениот крст на Република Македонија во делот на информирањето.
Ќе живее во спомените овој волонтер меѓу членството и поддржувачите на Црвениот крст преку неговите пишани дела за активностите, работата и постигнувањата на сите нас. Збирката " Патеки на хуманоста" ќе биде потсетник на неговата заложба да се оттргнат од заборавот настаните и луѓето што го сочинуваат нашето секојдневие.
Замина голем човек. Човек кој го сакаше животот, својот град и својот народ и сакаше да остави белег за нашето постоење.
Велес и велешани изгубија свој хроничар, а ООЦК Велес својот највозрасен активен волонтер. Нека му е вечна слава и благодарност!
Почивај во мир, драг пријателе!

   Деновиве Општинската организација на Црвениот крст Велес го загуби својот највозрасен активен волонтер. Во 80-та година од животот почина Никифор Смилевски, долгогодишен активист и волонтер во редовите на Црвениот крст. Велес и велешани ќе го паметат по приказните што ги оживеа и овековечи во неговите пишани дела за велешките гемиџии, за калдрмисаните сокаци и маала, за убавите моми и стројните ергени, за невозвратената љубов, за коледарските обичаи, песни и легенди поврзани со некои месности  и објекти во Велес и околината. А ние, во Црвениот крст ќе го споменуваме по неговото несебично залагање за востановување практики кои ќе значат афирмација на Организацијата, но и на поединецот.По пензионирањето своето долгогодишно работно искуство како новинар го продолжува во редовите на Црвениот крст. На негова иницијатива во 2000-та година започнува да излегува гласилото на ООЦК Велес " Хуманист", чиј главен уредник беше се до својата смрт.Никифор Смилевски со своето богато новинарско искуство и со дарбата за забележување на настаните и луѓето, ги оттргна од заборав повеќекратните дарители и волонтерите на Црвениот крст. Имаше волја и сила да ги посети сите помали села на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско, да разговара со заборавените, веќе остарени жители, кои верни на родната грутка го одржуваат родното огниште и самуваат во староста.Никифор со леснотија пишуваше за убавините на нашите села, за природата, за луѓето, за нивната хуманост, за потребата од топол збор и подадената рака, за среќата што зрачи од насолзеното око тогаш кога ќе те облее сознанието дека сепак некој се сетил на тебе. Со акцијата " Не сте заборавени" внесе радост и топлина, зрак на надеж во многу осамени старечки срца. Тој не ги забораваше ниту крводарителите. Ја знаеше нивната вредност и не сакаше да не биде забележана. Ја ценеше хуманоста и работата на волонтерите на Црвениот крст кои дел од своето слободно време го посветуваат за да помогнат некому и некаде, сакаше да се забележи секое хумано дело за да не се заборави и ја востанови рубриката " Капка радосница" за евиденција на хуманитарната помош во Општинската организација.Поради сето ова и многу друго во изминатите децении велиме дека Општинската организација од Велес изгуби значаен активист и волонтер, добитник на "Златното пето на хуманоста", највисокото признание што го доделува Црвениот крст на Република Македонија во делот на информирањето. Ќе живее во спомените овој волонтер меѓу членството и поддржувачите на Црвениот крст преку неговите пишани дела за активностите, работата и постигнувањата на сите нас. Збирката " Патеки на хуманоста" ќе биде потсетник на неговата заложба да се оттргнат од заборавот настаните и луѓето што го сочинуваат нашето секојдневие.Замина голем човек. Човек кој го сакаше животот, својот град и својот народ и сакаше да остави белег за нашето постоење.Велес и велешани изгубија свој хроничар, а ООЦК Велес својот највозрасен активен волонтер. Нека му е вечна слава и благодарност!Почивај во мир, драг пријателе!



 

Посета на спомен куќата на Кочо Рацин

Е-пошта Печати
Во рамките на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, финансиски поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, првите убави есенски денови беа искористени за организирање на еднодневна прошетка со посета на спомен куќата на Кочо Рацин во Велес.
На 26-ти септември, благодарение на љубезните домаќини, кои не прошетаа низ сите простории во куќата  и ни објаснија за се што е изложено за животот и творештвото на познатиот велешки поет и револуционер Кочо Солев Рацин, повеќе од два часа поминаа мошне брзо. По посетата заедно со волонтерите од Клубот на млади се организираше и прошетка до блискиот парк и оброк во природа. Во активноста учествуваа волонтери од Клубот на млади и децата од Дневниот центар со одговорните лица. Цел на оваа еднодневна прошетка беше децата да поминат еден ден во окружување од нашето културно – историско минато, да се едуцираат, да се дружат и забавуваат. За сите учесници беше обезбедено храна и освежување.
   Во рамките на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, финансиски поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, првите убави есенски денови беа искористени за организирање на еднодневна прошетка со посета на спомен куќата на Кочо Рацин во Велес. На 26-ти септември, благодарение на љубезните домаќини, кои не прошетаа низ сите простории во куќата  и ни објаснија за се што е изложено за животот и творештвото на познатиот велешки поет и револуционер Кочо Солев Рацин, повеќе од два часа поминаа мошне брзо. По посетата заедно со волонтерите од Клубот на млади се организираше и прошетка до блискиот парк и оброк во природа. Во активноста учествуваа волонтери од Клубот на млади и децата од Дневниот центар со одговорните лица. Цел на оваа еднодневна прошетка беше децата да поминат еден ден во окружување од нашето културно – историско минато, да се едуцираат, да се дружат и забавуваат. За сите учесници беше обезбедено храна и освежување.
 

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПХВ НЕДЕЛАТА

Е-пошта Печати
По повод Неделата на промоцијата на хуманите вредности, во организација на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес, на 26 септември се одржа драматизацијата „Приказана за една идеја“. Настанот се одржа во ООУ „Блаже Конески“ како знак на благодарност за едно од најголемите училишта во градот и голем поддржувач на програмата на ЦКА ПХВ и останатите активности на Црвениот крст.
Преку претставата учениците се запознаа со основоположникот на организацијата на Црвениот крст Анри Динан и неговите идеи, научија за принципите, компнентите и нејзината хумана мисија.
Макотрпната работа на големиот број вклучени волонтери вроди со одлично подготвена драматизација проследена од голем број нивни соученици.
   По повод Неделата на промоцијата на хуманите вредности, во организација на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес, на 26 септември се одржа драматизацијата „Приказана за една идеја“. Настанот се одржа во ООУ „Блаже Конески“ како знак на благодарност за едно од најголемите училишта во градот и голем поддржувач на програмата на ЦКА ПХВ и останатите активности на Црвениот крст.Преку претставата учениците се запознаа со основоположникот на организацијата на Црвениот крст Анри Динан и неговите идеи, научија за принципите, компнентите и нејзината хумана мисија.Макотрпната работа на големиот број вклучени волонтери вроди со одлично подготвена драматизација проследена од голем број нивни соученици.
 

Хуманитарна помош за ранливи лица

Е-пошта Печати
Деновиве, Црвен крст на Република Македонија општинска организација Велес доделуваше пакети храна на ранливи групи население. Заокружувајќи ги активностите по повод Неделата на борба против туберкулоза на 26-ти септември, во соработка со одделението за белодробни заболување при ЈЗУ Општа болница Велес, беше организирана посета на три семејства во кои нивни членови се на домашно лекување од туберкулоза. Притоа, од средствата од фондот за солидарност на ООЦК беа набавени и им беа доделени пакети со сок и пастеризирано млеко.
Наредниот ден, претставници на Општинската организација, во соработка со локалната самоуправа од општина Чашка и волонтери на Црвениот крст од основното училиште „Тодор Јанев“ од Чашка беа во посета на повеќе семејства во Населба Чашка, и селата Дреново, Долно Јаболчиште, Богомила и Владиловци при што на стари и изнемоштени лица и лица со хендикеп им беа доделени осум пакети со прехранбени производи. Помошта беше набавена од преостанатите средстав од хуманитарната акција „Од куќа до куќа“ што се организираше по повод Неделата на солидарност.
   Деновиве, Црвен крст на Република Македонија општинска организација Велес доделуваше пакети храна на ранливи групи население. Заокружувајќи ги активностите по повод Неделата на борба против туберкулоза на 26-ти септември, во соработка со одделението за белодробни заболување при ЈЗУ Општа болница Велес, беше организирана посета на три семејства во кои нивни членови се на домашно лекување од туберкулоза. Притоа, од средствата од фондот за солидарност на ООЦК беа набавени и им беа доделени пакети со сок и пастеризирано млеко.Наредниот ден, претставници на Општинската организација, во соработка со локалната самоуправа од општина Чашка и волонтери на Црвениот крст од основното училиште „Тодор Јанев“ од Чашка беа во посета на повеќе семејства во Населба Чашка, и селата Дреново, Долно Јаболчиште, Богомила и Владиловци при што на стари и изнемоштени лица и лица со хендикеп им беа доделени осум пакети со прехранбени производи. Помошта беше набавена од преостанатите средстав од хуманитарната акција „Од куќа до куќа“ што се организираше по повод Неделата на солидарност.

 

Децата со посебни потреби во посета на Стар Дојран

Е-пошта Печати

  Согласно планираните активности со проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, финасиски поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, Црвен крст на република Мкаедонија општинска организација Велес на 20-ти септември организираше еднодневна екскурзија до туристичкото летовалиште Стар Дојран.
   Во посетата учествуваа членови на Клубот на млади на Црвениот крст, штитеници од Дневниот центар за деца со посебни потреби со одговорните лица и деца без родителка грижа сметени во згрижувачки семејства. Цел на оваа еднодневна екскурзија беше децата да го видат ова туристичко место и природните убавини на овој крај и со волонтерите на Црвениот крст да поминат уште еден ден во дружење и забава. Екскурзијата започна со прошетка по кејот покрај плажите, по што следеше одмор со освежување и оброк. По ручекот сите заедно се прошетаа по прекрасната природа што го опкружува Дојран, а се најде време и за полесни спортски активности. Дружењето и забавата, што беа видливи кај сите учесници, секако, дадоа значаен придонес кон остварување на крајната цел што е содржана во самиот наслов на проектот. 
 

Согласно планираните активности со проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, финасиски поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, Црвен крст на република Мкаедонија општинска организација Велес на 20-ти септември организираше еднодневна екскурзија до туристичкото летовалиште Стар Дојран.
Во посетата учествуваа членови на Клубот на млади на Црвениот крст, штитеници од Дневниот центар за деца со посебни потреби со одговорните лица и деца без родителка грижа сметени во згрижувачки семејства. Цел на оваа еднодневна екскурзија беше децата да го видат ова туристичко место и природните убавини на овој крај и со волонтерите на Црвениот крст да поминат уште еден ден во дружење и забава. Екскурзијата започна со прошетка по кејот покрај плажите, по што следеше одмор со освежување и оброк. По ручекот сите заедно се прошетаа по прекрасната природа што го опкружува Дојран, а се најде време и за полесни спортски активности. Дружењето и забавата, што беа видливи кај сите учесници, секако, дадоа значаен придонес кон остварување на крајната цел што е содржана во самиот наслов на проектот.Согласно планираните активности со проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, финасиски поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, Црвен крст на република Мкаедонија општинска организација Велес на 20-ти септември организираше еднодневна екскурзија до туристичкото летовалиште Стар Дојран.   Во посетата учествуваа членови на Клубот на млади на Црвениот крст, штитеници од Дневниот центар за деца со посебни потреби со одговорните лица и деца без родителка грижа сметени во згрижувачки семејства. Цел на оваа еднодневна екскурзија беше децата да го видат ова туристичко место и природните убавини на овој крај и со волонтерите на Црвениот крст да поминат уште еден ден во дружење и забава. Екскурзијата започна со прошетка по кејот покрај плажите, по што следеше одмор со освежување и оброк. По ручекот сите заедно се прошетаа по прекрасната природа што го опкружува Дојран, а се најде време и за полесни спортски активности. Дружењето и забавата, што беа видливи кај сите учесници, секако, дадоа значаен придонес кон остварување на крајната цел што е содржана во самиот наслов на проектот. 

 

Одбележан светскиот ден на првата помош

Е-пошта Печати

   Традиционално и оваа година во втората сабота од месец септември Општинската организација на Црвен крст Велес го одбележа Светскиот ден на првата помош, оваа година под мотото „Прва помош за и од децата.“ Децата сочинуваат голем процент од популацијата која добива прва помош во случај на потреба, но и тие се и значаен дел од заедницата кои треба да бидат инволвирани во спасување на животи на своите врсници или членови на семејството и да бидат промотори на прва помош.
   На 10-ти септември, во паркот до зградата на новиот театар, тим по прва помош демонстрираше санирање на разни повреди. Ова се одвиваше пред присутните минувачи чии интерес беше очигледен. Поставуваа прашања на кои младите и лекарите, членови на Комисијата  по прва помош одговараа и појаснуваа. Членот на комисијата за прва помош д-р Кевица Шопова Клифова даде пред медиумите при што кажа дека Светскиот ден на првата помош оваа година ќе се фокусира на децата кои имаат бенефит од првата помош и можат да дадат прва помош на нивните врсници, во семејствата и во заедницата. Овој ден ќе има за цел да ги прошири знаењето за прва помош кај поширока публика и да се потенцира важноста да се биде подготвен и спремен за да се спаси детскиот живот кога некоја незгода или итна состојба се појави.

Страница 9 од 59

Online Донација

online_donacija
info