Новости

СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА

Е-пошта Печати

   Активностите на Црвен крст на Република Макаедонија општинска организација Велес по повод Неделата на борба против туберкулозата, што годинава се одбележува од 14-ти до 21-ви септември, започнаа со средба со претставници на локалните медиуми при што Анета Ковачки д-р пнеумофтизиолог, претседател на секцијата за борба против туберкулозата ја запозна велешката јавност за состојбата со туберкулозата на светски и во локални размери, за значењето на превентивната работа за нејзино сузбивање и за активностите што Општинската организзција на Црвен крст ќе ги спроведе во текот на Неделета и потоа.
   Истиот ден, на 14-ти септември беше одржано едукативно предевање не тема „Со здружени сили против туберкулозата“ за ученици во втора година од општинското средно училиште „Јовче Тесличков“, а на 16-ти и за ученици од осмо и деветто одделение во основното училиште „Васил Главинов“.
   До крајот на „Неделата“ планирани се предавања и во други средини и доделување хуманитарна помош во храна и хигиенски средства на лица кои се на домашно лекување од туберкулоза.
 

ХУМАНИ АДМИНИСТРАТИВЦИ

Е-пошта Печати
   На 15-ти септември својата хуманост низ доброволно дарување крв ја изразија вработените со работно место во административната зграда на јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес. Иако малубројни, се одважија и собраа 17 крвни единици од окои седум од крводарители од понежниот пол, а една од лице кое прват даруваше и се зачлени во семејството на големите хуманисти. Инаку, вработените во ЈКП Дервен од Велес се една од водечките велешки фирми по бројот на крводарувања во текот годината.
 

Крводарителска акција

Е-пошта Печати
По неколкуте крводарителски акции организирани во текот на летниот период: во планинското село Папрадиште, со припадниците на АРМ од Велешкиот гарнизон и во Министерството за внатрешни работи – сектор за внатрешни работи Велес, на 16-ти и 17-ти август беше организирана и традиционалната, летна солидана акција за доброволни даување крв. Во салата на Ликовниот салон во Велес и овој пат граѓаните на Велес ја покажаа својата хуманост несебично подавајќи ја својата рака и дарувајќи дел од својата драгоцена течност. Во двата дена беа собрани вкупно 198 крвни единици од кои 12 први дарувања, а 45 од дарители од понежниот пол.
Екипата од Институтот за трансфузиона медицина и членовите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес беспрекорно ја завршија својата работа. Благодарност за логистичката поддршка изразуваме и до Општина Велес, Градскиот музеј и локалните медиуми.
   По неколкуте крводарителски акции организирани во текот на летниот период: во планинското село Папрадиште, со припадниците на АРМ од Велешкиот гарнизон и во Министерството за внатрешни работи – сектор за внатрешни работи Велес, на 16-ти и 17-ти август беше организирана и традиционалната, летна солидана акција за доброволни даување крв. Во салата на Ликовниот салон во Велес и овој пат граѓаните на Велес ја покажаа својата хуманост несебично подавајќи ја својата рака и дарувајќи дел од својата драгоцена течност. Во двата дена беа собрани вкупно 198 крвни единици од кои 12 први дарувања, а 45 од дарители од понежниот пол. Екипата од Институтот за трансфузиона медицина и членовите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес беспрекорно ја завршија својата работа. Благодарност за логистичката поддршка изразуваме и до Општина Велес, Градскиот музеј и локалните медиуми.
 

Одбележување на Денот на згрижувачките семејства

Е-пошта Печати
Одбележување на Денот на згрижувачките семејства
Проектот  „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ на големо задоволсво на сите учесници успешно го завршува првиот дел од активностите пред летните одмори, со финансиска поддршка од Комерцијална банка.
Последната активност беше посветена на одбележување на Денот на згрижувачките семејства, проследена со забавата и дружење на сите деца заедно. Волонтерите, децата од Дневниот центар и децата од згрижувачките семејства (во присуство на нивните родители и гости) се забавуваа, пееја и одиграа по некој рефрен, а оние помалите најдоа свое катче за игра .
Забавата помина во видлива зближеност и расположение на сите деца, а задоволство од забавата и останатите активности изразија и присутните родители на децата.
Целата манифестација беше проследена од локалните медиуми, што придонесе за запознавање на граѓаните со нашите активноси на ова поле.
   Проектот  „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ на големо задоволсво на сите учесници успешно го завршува првиот дел од активностите пред летните одмори, со финансиска поддршка од Комерцијална банка.  Последната активност беше посветена на одбележување на Денот на згрижувачките семејства, проследена со забавата и дружење на сите деца заедно. Волонтерите, децата од Дневниот центар и децата од згрижувачките семејства (во присуство на нивните родители и гости) се забавуваа, пееја и одиграа по некој рефрен, а оние помалите најдоа свое катче за игра . Забавата помина во видлива зближеност и расположение на сите деца, а задоволство од забавата и останатите активности изразија и присутните родители на децата.  Целата манифестација беше проследена од локалните медиуми, што придонесе за запознавање на граѓаните со нашите активноси на ова поле.
 

Општински натпревар по прва помош

Е-пошта Печати

   На 31-ви Мај во Младинскиот парк во Велес Општинската организација на Црвен крст Велес го организираше 42 натпревар по прва помош. На натпреварот учество зедоа седум екипи, од кои три младина и четири екипи подмладок. Сите екипи покажаа дека се стекнале со солидно знаење и вештини да се укаже прва помош онаму каде што ќе биде потребно.
 

Стоп за рамнодушноста – да ја сочуваме хуманоста

Е-пошта Печати
Под овој наслов, на 20-ти мај, во големата сала на општина Велес беше одржана едукатвна работилница за вработени во единицата на локалната самоуправа, подрачните единици на министарествата на Владата на РМ, основните и средните училишта и локалните медиуми. Во работилницата, општинскиот и републички дисеминатор Ангел Ќиров, по емитувањето на краткиот видео запис за мигрантската голгота, ги запозна присутните за хуманите потреби на мигрантите и активностите за нивна поддршка што ги спроведува Црвениот крст на Република Македонија.
Очигледно, информациите побудија силни емоции кај прусутните, што се покажа во исцрпната дискусија што следеше по презентацијата.
Следната работилница е закажана за 26-ти мај со учесници од Градско како општина која извесно време претставуваше транзитна станица на мигрантите на патот низ Република Македонија.
Под овој наслов, на 20-ти мај, во големата сала на општина Велес беше одржана едукатвна работилница за вработени во единицата на локалната самоуправа, подрачните единици на министарествата на Владата на РМ, основните и средните училишта и локалните медиуми. Во работилницата, општинскиот и републички дисеминатор Ангел Ќиров, по емитувањето на краткиот видео запис за мигрантската голгота, ги запозна присутните за хуманите потреби на мигрантите и активностите за нивна поддршка што ги спроведува Црвениот крст на Република Македонија. Очигледно, информациите побудија силни емоции кај прусутните, што се покажа во исцрпната дискусија што следеше по презентацијата. Следната работилница е закажана за 26-ти мај со учесници од Градско како општина која извесно време претставуваше транзитна станица на мигрантите на патот низ Република Македонија.
 

Работилница за здрав начин на живот и здрава исхрана

Е-пошта Печати
   На 20-ти мај 2016 година во просториите на ООЦК Велес се спроведе уште една едукативна работилница од мали иницијативи за активно стареење од проектот „Активирајте се – никогаш не е доцна“. Овој пат, корисниците на проектот имаа можност да се информираат и едуцираат за здравите животни навики, здравата и превентивната исхраната во одредени групи на болести кај лицата од трето доба како промотор на долг и поквалитетен живот. Работилницата помина во одлична атмосфера, а корисниците беа презадоволни од едукативниот дел каде покажаа голема заинтересираност. По завршувањето на едукативниот дел се отвори дискусија при што присутните имаа можност да поставуваат прашања и разговараат за конкретни прашања од темата. Во наредниот тие имаат задача своите знаења да ги споделат со свои блиски во повеќе средини каде живеат и делуваат со што се дава акцент на активното стареење како позитивен животен стил на лицата од трето.
 

Страница 10 од 59

Online Донација

online_donacija
info