Млади на Црвен Крст

ТРЕТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Е-пошта Печати

   На 23-тиот државен натпревар во прва помош, кој се одржа на 20.09.2014 во Куманово младите волонтери од Велес го освоија 3-то место. Ова е највисок рангиран резултат на велешките хуманисти. На натпреварот земаа учество 25 екипи од различни општински организации од Р.Македонија.
   Пред нас беа само младите од Кисела вода кои го освоија ворото место со што обезбедија пласман на Балканскиот натпревар како претставници од нашето национално друштво. Екипата на Црвениот крст од Центар - Скопје го освои првото место и ќе го претставува нашето национално друштво на Европскиот натпревар во прва помош.
   Ние велешани сме посебно горди на оваа награда, бидејќи првата помош беше единствената дејност каде немаме освоено место во самиот врв.

Klub na mladi na Veles OOCK

Е-пошта Печати

Ден на дрвото – засади ја својата иднина

Е-пошта Печати
Ден на дрвото – засади ја својата иднина
И покрај многубројните активности и ангажирања, на членовите на Клубот на млади на Општинската организација на Црвениот крст Велес не им беше тешко да се вклучат и во еколошката акција Ден на дрвото – засади ја својата иднина. Со задоволство ја прифатија поканата упатена преку веб страницата на Општина Велес.
Петнаесеттина волонтери заедно со другите учесници пешки се упатија на определените парцели за засадување на голините во непосредна близина на Спомен костурницата и дадоа личен придонес за подобра иднина.

   И покрај многубројните активности и ангажирања, на членовите на Клубот на млади на Општинската организација на Црвениот крст Велес не им беше тешко да се вклучат и во еколошката акција Ден на дрвото – засади ја својата иднина. Со задоволство ја прифатија поканата упатена преку веб страницата на Општина Велес.Петнаесеттина волонтери заедно со другите учесници пешки се упатија на определените парцели за засадување на голините во непосредна близина на Спомен костурницата и дадоа личен придонес за подобра иднина.

ПОГОДЕТЕ КОЈ ДОАЃА НА ВЕЧЕРА

Е-пошта Печати
ПОГОДЕТЕ КОЈ ДОАЃА НА ВЕЧЕРА
Преполна сала, многу смеа и повеќекратен аплауз на отворена сцена. Така изгледаше атмосферата во салата „Бели Мугри“ кога младите волонтери – членови на Клубот на млади на Црвениот крст во улога на драмски актери изведоа театарска претстава со наслов „Погодете кој доаѓа на вечера“.
Всушност, изведбата на театарска претстава беше програмска задача на клубовите на млади од сите општински организации на Црвен крст по повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности. Преку текстот и глумата, младите хуманисти имаа задача да промовираат култура на дијалог, премостување на разликите кај одделните верски припадности, разрешување на моралните дилеми и запознавање на другите култури, како и промоција на вредностите што Црвениот крст ги практикува во своето секојдневие.
Задачата беше со успех извршена преку сторијата во која љубовта на двајцата млади беше осудена на пропаст заради припадноста во различни верски заедници. Стереотипите на нивните родители ги надмина претставникот на Црвениот крст – најдобрата пријателка на вљубената девојка која ги разубеди токму по примерот на работењето на Црвениот крст и принципите врз чија основа дејствува.
Инаку, целокупната реализација на претсатвата беше дело на младите хуманисти. Во пишувањето на текстот најмогу помогнаа професорот по албански јазик во велешката гимназија Авни Тахири и лидерот на Клубот на млади на Црвен крст Викторија Тошевска, а во режијата, поранешниот претседател на младите на Црвениот крст Пеце Ацев.

   Преполна сала, многу смеа и повеќекратен аплауз на отворена сцена. Така изгледаше атмосферата во салата „Бели Мугри“ кога младите волонтери – членови на Клубот на млади на Црвениот крст во улога на драмски актери изведоа театарска претстава со наслов „Погодете кој доаѓа на вечера“. Всушност, изведбата на театарска претстава беше програмска задача на клубовите на млади од сите општински организации на Црвен крст по повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности. Преку текстот и глумата, младите хуманисти имаа задача да промовираат култура на дијалог, премостување на разликите кај одделните верски припадности, разрешување на моралните дилеми и запознавање на другите култури, како и промоција на вредностите што Црвениот крст ги практикува во своето секојдневие.Задачата беше со успех извршена преку сторијата во која љубовта на двајцата млади беше осудена на пропаст заради припадноста во различни верски заедници. Стереотипите на нивните родители ги надмина претставникот на Црвениот крст – најдобрата пријателка на вљубената девојка која ги разубеди токму по примерот на работењето на Црвениот крст и принципите врз чија основа дејствува.Инаку, целокупната реализација на претсатвата беше дело на младите хуманисти. Во пишувањето на текстот најмогу помогнаа професорот по албански јазик во велешката гимназија Авни Тахири и лидерот на Клубот на млади на Црвен крст Викторија Тошевска, а во режијата, поранешниот претседател на младите на Црвениот крст Пеце Ацев.

   

Обука од Мировниот корпус

Е-пошта Печати
Обука од Мировниот корпус
Во соработка со Мировниот корпус Црвениот крст Велес беше домаќин на едукативниот семинар за планирање на кариерата,  пишување на ЦВ, како и за вештини за давање на интервју. Четиричасовната обука ја изведоа Кристин Мур и Џејсон Кингсли волонтери на Мировниот корпус во Македонија во Кавадарци и Црвениот крст Велес. Обуката е во склоп на планот за активности за кампањата „Младите се на потег“.
На работилницата учествуваа дваесетина млади од Клубот на млади, кој за време на обуката имаа можност и низ вежби да стекнат дел од знаењата. Работилницата беше од двете страни оценета како мошне успешна, а учесниците имаа можност да се стекнат со нови вештини кои понатаму ќе им помогнат во нивните идни професии и животи.

    Во соработка со Мировниот корпус Црвениот крст Велес беше домаќин на едукативниот семинар за планирање на кариерата,  пишување на ЦВ, како и за вештини за давање на интервју. Четиричасовната обука ја изведоа Кристин Мур и Џејсон Кингсли волонтери на Мировниот корпус во Македонија во Кавадарци и Црвениот крст Велес. Обуката е во склоп на планот за активности за кампањата „Младите се на потег“. На работилницата учествуваа дваесетина млади од Клубот на млади, кој за време на обуката имаа можност и низ вежби да стекнат дел од знаењата. Работилницата беше од двете страни оценета како мошне успешна, а учесниците имаа можност да се стекнат со нови вештини кои понатаму ќе им помогнат во нивните идни професии и животи.

Летен камп Папрадиште

Е-пошта Печати
Летен камп Папрадиште
Од 9–ти до 11-ти јуни во планинарскиот дом во селото Папрадиште се одржа традиционалниот летен камп за новите членови на Клубот на млади и учесниците во ЦКА ПХВ циклусот 2011–2012 година од ООЦК Велес.
Целта на кампот е зголемување бројот на волонтери во Црвениот крст преку вклучување на истите во различни области на делување на ООЦК. Во тридневната обука беше извршена евалуација на сработените микро проекти од ЦКВ ПХВ проектот со учесниците, обука за прва помош за новите членови, презентација Младите се на потег, при што беше нагласена важноста на волонтерството на младите во Црвениот крст и обука за врсничка едукација за МХП од каде се црпат нови едукатори за учениците од основните училишта. Покрај презентациите и обуките посебно интересна за младите беа мразокршачите, игрите и вежбите, каде се видоа многу креативни идеи, а се со цел беше вовед во културата на дијалог и интракултурно општество на младите луѓе. Покрај стекнувањето на нови знаења не помалку важно беше и другарувањето, забавите покрај логорскиот оган и прошетката по прекрасната природа до Планинскиот дом Чеплес.

   Од 9–ти до 11-ти јуни во планинарскиот дом во селото Папрадиште се одржа традиционалниот летен камп за новите членови на Клубот на млади и учесниците во ЦКА ПХВ циклусот 2011–2012 година од ООЦК Велес. Целта на кампот е зголемување бројот на волонтери во Црвениот крст преку вклучување на истите во различни области на делување на ООЦК. Во тридневната обука беше извршена евалуација на сработените микро проекти од ЦКВ ПХВ проектот со учесниците, обука за прва помош за новите членови, презентација Младите се на потег, при што беше нагласена важноста на волонтерството на младите во Црвениот крст и обука за врсничка едукација за МХП од каде се црпат нови едукатори за учениците од основните училишта. Покрај презентациите и обуките посебно интересна за младите беа мразокршачите, игрите и вежбите, каде се видоа многу креативни идеи, а се со цел беше вовед во културата на дијалог и интракултурно општество на младите луѓе. Покрај стекнувањето на нови знаења не помалку важно беше и другарувањето, забавите покрај логорскиот оган и прошетката по прекрасната природа до Планинскиот дом Чеплес.

ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО

Е-пошта Печати

   И оваа година Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст Велес ја организираше спортско рекреативната и хунанитарна акција „За посреќно детство“. Акцијата се одржа на 6 и 7 јуни на просторот на Младинскиот парк во Велес.
   Самата акција претставуваше спортско – рекреативен настан што содржи турнир во пикадо и пинг понг, каде за пикадото учесниците силите ги одмерија во категорија до и над 15 години.. Над 500 учесници и гости имаа прилика низ игра, забава и дружење да поминат две попладниња со волонтерите на Црвениот крст да се информираат и да земат учество во кампањата „Младите се на потег“. За учество на турнирот се продаваа талони по цена од 10 денари. Со собраните средства ќе биде набавена храна за децата без родителска грижа. Нашите водители Петар и Марија и оваа година прекрасно ја осмислија и ја водеа целата програма, со што придонесоа за поголем успех на целата манифестација..
   Активноста со своето присуство ја збогатија и претставниците од Клубовите на млади на Црвениот крст од Карпош, Центар, Виница, Куманово и Кочани.
   По прекрасното поминато попладне, во меѓусебен натпревар и забава, младите своето дружење го продолжија на заедничка забава што се одржа во „ПЈУР“ - еден од популарните кафе барови во градот  и навистина по спроведената активност може да бидеме сигурни дека МЛАДИТЕ СЕ НА ПОТЕГ.

ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО
И оваа година Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст Велес ја организираше спортско рекреативната и хунанитарна акција „За посреќно детство“. Акцијата се одржа на 6 и 7 јуни на просторот на Младинскиот парк во Велес.
Самата акција претставуваше спортско – рекреативен настан што содржи турнир во пикадо и пинг понг, каде за пикадото учесниците силите ги одмерија во категорија до и над 15 години.. Над 500 учесници и гости имаа прилика низ игра, забава и дружење да поминат две попладниња со волонтерите на Црвениот крст да се информираат и да земат учество во кампањата „Младите се на потег“. За учество на турнирот се продаваа талони по цена од 10 денари. Со собраните средства ќе биде набавена храна за децата без родителска грижа. Нашите водители Петар и Марија и оваа година прекрасно ја осмислија и ја водеа целата програма, со што придонесоа за поголем успех на целата манифестација..
Активноста со своето присуство ја збогатија и претставниците од Клубовите на млади на Црвениот крст од Карпош, Центар, Виница, Куманово и Кочани.
По прекрасното поминато попладне, во меѓусебен натпревар и забава, младите своето дружење го продолжија на заедничка забава што се одржа во „ПЈУР“ - еден од популарните кафе барови во градот  и навистина по спроведената активност може да бидеме сигурни дека МЛАДИТЕ СЕ НА ПОТЕГ.  И оваа година Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст Велес ја организираше спортско рекреативната и хунанитарна акција „За посреќно детство“. Акцијата се одржа на 6 и 7 јуни на просторот на Младинскиот парк во Велес. Самата акција претставуваше спортско – рекреативен настан што содржи турнир во пикадо и пинг понг, каде за пикадото учесниците силите ги одмерија во категорија до и над 15 години.. Над 500 учесници и гости имаа прилика низ игра, забава и дружење да поминат две попладниња со волонтерите на Црвениот крст да се информираат и да земат учество во кампањата „Младите се на потег“. За учество на турнирот се продаваа талони по цена од 10 денари. Со собраните средства ќе биде набавена храна за децата без родителска грижа. Нашите водители Петар и Марија и оваа година прекрасно ја осмислија и ја водеа целата програма, со што придонесоа за поголем успех на целата манифестација.. Активноста со своето присуство ја збогатија и претставниците од Клубовите на млади на Црвениот крст од Карпош, Центар, Виница, Куманово и Кочани.По прекрасното поминато попладне, во меѓусебен натпревар и забава, младите своето дружење го продолжија на заедничка забава што се одржа во „ПЈУР“ - еден од популарните кафе барови во градот  и навистина по спроведената активност може да бидеме сигурни дека МЛАДИТЕ СЕ НА ПОТЕГ.

 

Online Донација

online_donacija
info