Публикации

ВОЛОНТЕРСКИОТ СТАЖ ПОГОЛЕМ ОД РАБОТНИОТ

Е-пошта Печати
ВОЛОНТЕРСКИОТ СТАЖ ПОГОЛЕМ ОД РАБОТНИОТ
Често пати некои настани од животот влијаат врз определбата на професијата, ангажирањето во општествените активности или пак едноставно своето слободно време да го посветите на хуманитарното просветување и обучување. Токму ова е поврзано со Вера Ристова, вработена во Заводот за здравствана заштита во Велес, како лекар по хигиена и здравствена екологија.
Уште како ученичка во прва година во Гимназијата “Кочо Рацин” соработувала со Општинската организација на Црвениот крст, преку посетувања на курсеви за укажување прва помош, а многу поинтензивно продолжила по завршувањето на Медицинскиот факултет во Скопје. Во овој период, што е за почит бидејќи изнесува 44 години и е поголем од нејзиниот работен стаж, била ангажирана во низа волонтерски активности на Црвениот крст.
Како општ лекар учествувала во подготовките на натпреварите по прва помош, а по завршување на специјализацијата по хигиена и здравствена екологија одржува низа предавања во детските градинки и училиштата во градот и селата. Темите главно се за личната хигиена на децата и учениците, правилната исхрана кај децата и возрасните, како и одржувањето на хигиената во тогашните работнички кујни. Посебно внимание е посветувано на заначењето на водата од здравствен аспект, како за пиење така и за рекреирање и нејзиниот одраз врз здравјето на луѓето.
Освен овие активности во организацијата на Црвениот крст Вера Ристова има раководено со Комисијата за хигиенизација на животната средина, која постоела десетина година, како и Комисијата за животна средина чија активност била насочена кон решавањето на еколошките проблеми. Освен овие активности земала учество и во Комисијата за заразни заболувања. Покрај овие ангажирања последниве години и поради своето огромно волонтерско искуство Вера Ристова е избрана за делегат на Собранието на Црвен крст на Република Македонија, а наедно е член и на Извршниот одбор на Црвениот крст во Велес.
Освен од Црвениот крст, од кој има добиено пофалници и признанија, ќе истакнеме дека оваа неуморна волонтерка, за својата работа и објавени научни трудови од здружението на лекари – специјалисти по хигиена на Република Македонија, каде е член, има добиено признанија, благодарници и плакета за нејзината активност на стручен план.

    

   Често пати некои настани од животот влијаат врз определбата на професијата, ангажирањето во општествените активности или пак едноставно своето слободно време да го посветите на хуманитарното просветување и обучување. Токму ова е поврзано со Вера Ристова, вработена во Заводот за здравствана заштита во Велес, како лекар по хигиена и здравствена екологија. Уште како ученичка во прва година во Гимназијата “Кочо Рацин” соработувала со Општинската организација на Црвениот крст, преку посетувања на курсеви за укажување прва помош, а многу поинтензивно продолжила по завршувањето на Медицинскиот факултет во Скопје. Во овој период, што е за почит бидејќи изнесува 44 години и е поголем од нејзиниот работен стаж, била ангажирана во низа волонтерски активности на Црвениот крст. Како општ лекар учествувала во подготовките на натпреварите по прва помош, а по завршување на специјализацијата по хигиена и здравствена екологија одржува низа предавања во детските градинки и училиштата во градот и селата. Темите главно се за личната хигиена на децата и учениците, правилната исхрана кај децата и возрасните, како и одржувањето на хигиената во тогашните работнички кујни. Посебно внимание е посветувано на заначењето на водата од здравствен аспект, како за пиење така и за рекреирање и нејзиниот одраз врз здравјето на луѓето. Освен овие активности во организацијата на Црвениот крст Вера Ристова има раководено со Комисијата за хигиенизација на животната средина, која постоела десетина година, како и Комисијата за животна средина чија активност била насочена кон решавањето на еколошките проблеми. Освен овие активности земала учество и во Комисијата за заразни заболувања. Покрај овие ангажирања последниве години и поради своето огромно волонтерско искуство Вера Ристова е избрана за делегат на Собранието на Црвен крст на Република Македонија, а наедно е член и на Извршниот одбор на Црвениот крст во Велес. Освен од Црвениот крст, од кој има добиено пофалници и признанија, ќе истакнеме дека оваа неуморна волонтерка, за својата работа и објавени научни трудови од здружението на лекари – специјалисти по хигиена на Република Македонија, каде е член, има добиено признанија, благодарници и плакета за нејзината активност на стручен план.

МАНДАТИТЕ НА МИЛЕ

Е-пошта Печати
МАНДАТИТЕ НА МИЛЕ
Има разни видови признанија: благодарници, пофалници, парични награди, ордени, дипломи, пехари, златници, уметнички слики. Меѓу сиве овие не постои само доделување мандати за успешно волонтерско раководење, награда која веќе три мандати ја има сегашниот претстедател на Општинската организација на Црвениот крст Велес, Миле Марков. Овие мандати всушност, се најголемото признание и потврда за успешно водење на Организацијата, која е меѓу најуспешните во Републикава. Во текот на трите мандати на Миле Марков не е забележано ниту едно одложување на седниците на Извршниот одбор на Собранието на ООЦК што значи дека материјалите биле совесно и навреме подготвувани, а седниците плодоносни, кое пак резултира за посебниот придонес во развојот на Организацијата. Наедно бројот на волонтерите е значително зголемен и меѓу нив воопшто не се чувствува политичка определба. Во меѓувреме е зајакната материјалната состојба на Црвениот крст, изградени се два современи магацини во Велес, додека во Чашка е реновиран деловен објект. Посебно за одбележување е дека соработката со стручната служба е на доста високо ниво за што говори податокот дека не е регистрирана никаква злоупотреба на материјалната помош и средствата.
За многубројните активности што се одвиваат во рамките на Општинската организација веќе втора година, со голема поддршка на Миле Марков излегува билтенот “Хуманист”. Преку него се афирмираат стручните комисии на Организацијата, чии членови совесно и професионално ги извршуваат поставените задачи. Билтенот претставува и почеток на меѓуопштинската соработка со Кавадарци и Неготино, која во иднина секако и ќе се проширува. Веќе неколку години се одвива акцијата “Не сте заборавени”, единствена во нашата земја.
За своето несебично ангажирање во Црвениот крст, најголемата светска организација, претседателот Марков вели: “Посебно задоволство ми претставува што сум на чело на Општинската организација бидејќи гордост и задоволство е да се помага и покрај секојдневните обврски на работното место. Грижата кон човекот преставува наедно и обврска за секој хуманист кои во редовите на нашата Организација ги има во голем број. Не е само задоволство, туку и среќен сум кога разговарам со нив, со крводарителите што со десетици години се меѓу најдобрите кај нас.
За Миле Марков, кој е секогаш подготвен да ги решава проблемите и унапредувањето на Општинската организација најголема награда што досега ја добил се неговите три мандати еднодушно поддржани од структурите на Организацијата. Во текот на својот 57 – годишен живот се ангажирал и на други општествени активности. Бил делегат во Соборот на месните заедници, претседател на советот на СРЦ 25-ти мај, претседател на Сојузот за физичка култура, во ФК “Партизан” и други здруженија. Денес Марков, дипломиран економист работи како менаџер за продажба при АД Македонски телекомуникаци во Велес. Меѓутоа, негово работно место му е и Општинската организација на Црвениот крст.

  

Има разни видови признанија: благодарници, пофалници, парични награди, ордени, дипломи, пехари, златници, уметнички слики. Меѓу сиве овие не постои само доделување мандати за успешно волонтерско раководење, награда која веќе три мандати ја има сегашниот претстедател на Општинската организација на Црвениот крст Велес, Миле Марков. Овие мандати всушност, се најголемото признание и потврда за успешно водење на Организацијата, која е меѓу најуспешните во Републикава. Во текот на трите мандати на Миле Марков не е забележано ниту едно одложување на седниците на Извршниот одбор на Собранието на ООЦК што значи дека материјалите биле совесно и навреме подготвувани, а седниците плодоносни, кое пак резултира за посебниот придонес во развојот на Организацијата. Наедно бројот на волонтерите е значително зголемен и меѓу нив воопшто не се чувствува политичка определба. Во меѓувреме е зајакната материјалната состојба на Црвениот крст, изградени се два современи магацини во Велес, додека во Чашка е реновиран деловен објект. Посебно за одбележување е дека соработката со стручната служба е на доста високо ниво за што говори податокот дека не е регистрирана никаква злоупотреба на материјалната помош и средствата.                   За многубројните активности што се одвиваат во рамките на Општинската организација веќе втора година, со голема поддршка на Миле Марков излегува билтенот “Хуманист”. Преку него се афирмираат стручните комисии на Организацијата, чии членови совесно и професионално ги извршуваат поставените задачи. Билтенот претставува и почеток на меѓуопштинската соработка со Кавадарци и Неготино, која во иднина секако и ќе се проширува. Веќе неколку години се одвива акцијата “Не сте заборавени”, единствена во нашата земја.                   За своето несебично ангажирање во Црвениот крст, најголемата светска организација, претседателот Марков вели: “Посебно задоволство ми претставува што сум на чело на Општинската организација бидејќи гордост и задоволство е да се помага и покрај секојдневните обврски на работното место. Грижата кон човекот преставува наедно и обврска за секој хуманист кои во редовите на нашата Организација ги има во голем број. Не е само задоволство, туку и среќен сум кога разговарам со нив, со крводарителите што со десетици години се меѓу најдобрите кај нас.                   За Миле Марков, кој е секогаш подготвен да ги решава проблемите и унапредувањето на Општинската организација најголема награда што досега ја добил се неговите три мандати еднодушно поддржани од структурите на Организацијата. Во текот на својот 57 – годишен живот се ангажирал и на други општествени активности. Бил делегат во Соборот на месните заедници, претседател на советот на СРЦ 25-ти мај, претседател на Сојузот за физичка култура, во ФК “Партизан” и други здруженија. Денес Марков, дипломиран економист работи како менаџер за продажба при АД Македонски телекомуникаци во Велес. Меѓутоа, негово работно место му е и Општинската организација на Црвениот крст.

ЗАЕДНИЧКИ РАСТЕЖ

Е-пошта Печати

   Настаните многу често влијаат на определбите за професијата, или пак, дел од животот да се посвети на одредени активности што остануваат неразделни повеќе децении. Таков е случајот со Томо Бујуклиев, познат специјалист за физикална медицина и рехабилитација во Медицинскиот центар во Велес.Една година пред дипломирањето, во далечната 1963 мајка му тешко се разболела. Била неопходна крв. Ја подал раката за својата мајка. Операцијата била успешна. Во наредната година пак била потребна крв и одново дал. Покрај професионалноста, доаѓа до израз и неговата хуманост. Во недостиг на крводарители и секогаш кога е најпотребно во најитните случаи д-р Бујуклиев дарува крв. И така преку 20 пати.Неговите дарувања се совпаѓаат со почетоците на организираното крводарување во општината. Член е на претседателството на Синдикатот кој е иницијатор на овие акции. Заедно со неколкумина активисти ги посетува работните организации во општината. На организираните крводарителски акции прв легнува давајќи пример на идните крводарители. Овие активности се изведуваат се до 1974 година кога крводарителството како општествен интерес го презема Општинскиот одбор на Црвениот крст. Тогаш почнуваат да се формираат друштва на Црвениот крст во работните организации и во установите. Прв претседател на Црвениот крст во медицинскиот центар е веќе познатиот пропагатор и крводарител д-р Томо Бујуклиев. Покрај тоа, тој е и претседател на комисијата за развој на крводарителството при Општинската организација. Ентузијазмот е огромен. Се посетуваат сите тогашни 64 работни организации во општината, додека заедно со д-р Стојан Кулеџиовски комисијата за крводарителство ја зголемуваат на 45 членови со што истата прераснува во одбор на крводарителите на Црвениот крст. За побрзиот развој на крводарителството се посетуваат поголемите работни организации кои стануваат донатори со доделување подароци од својот делокруг на работење. Бројот на дарителите значително се зголемува. Се создава традиционална Свечена академија по повод денот на крводарителите. 17-ти март е празник на градот. Се одбележува во градското кино, како и во салите на работните организации. Се изведува уметничка програма, со рецитали, пеачи, додека химната на крводарителите ја компонира Ратко Пајдаков. Се пренесуваат искуствата во земјата и во странство, а се остварува и збратимување со Бјеловар, Хрватска. Активностите на д-р Томо Бујуклиев не престануваат. Избран е за претседател на Општинскиот одбор на Црвениот крст. Се ангажира сите комисии активно да ги извршуваат своите задачи. Посебно внимание посветува на организационото јакнење и структурата на организацијата. Се води грижа телата да се подмладуваат и да се пополнуваат од иста бранша. Во меѓувреме, од 1963 до 1993 година д-р Бујуклиев е санитетски началник во Територијалната одбрана, која заедно со Црвениот крст врши масовна обука на населението во првата медицинска помош.Во текот на својот работен век, покрај успешното водење на своето одделение, овој признат стручњак воопшто не ја напушта својата волонтерска приврзаност кон Црвениот крст. Во оваа организација бил четири години член на комисијата за организационо-кадровски прашања во Републичкиот одбор на Црвениот крст, а во последните три мандати член е на Извршниот одбор на Собранието на општинската организација на Црвениот крст, како и претставник во Собранието на Црвениот крст на РМ. Моментално е претседател на Советот за здравствено-хуманитарна дејност и член на комисиите за прва медицинска помош и крводарителство. Тивкиот волонтер, кој својата смиреност ја пренесува на присутните и ги мотивира со хуманоста, во идната година ќе замине на голем заслужен одмор, во пензија. Своето слободно време ќе го посветува на своите три внуци, но нема да се откаже и од Црвениот крст. За да се остваруваат успеси, како што истакнува д-р Томо Бујуклиев, треба да се има материјална подлога и политички благослов за да може организацијата да го добие своето место во рамките на државата.

Страница 13 од 13

Online Донација

online_donacija
info