Публикации

Програма за работа на ООЦК за 2012

Е-пошта Печати

pdf (2,94 MB)

Извештај за работата ОО Црвен крст - Велес за 2011

Е-пошта Печати

pdf (9,5 mb)

ИМЕТО ПО ЗАНАЕТОТ

Е-пошта Печати

   По добро тампонираниот пат во типична зимска атмосфера се пробива џипот на НАТО - штабот од Скопје. Со него управува Зоран Богатинов, советник во Одделот за цивилно-воена соработка, додека темата со неговите сопатници е досегашното одвивање на акцијата “Не сте заборавени”. Членовите на Општинската организација на  Црвениот крст укажуваат дека оваа акција, единствена од ваков вид во земјата, има за цел посетување на стари лица во помалите села од Велешко. При тоа, им се предаваат пригодни подароци и се изготвува анкета за нивните потреби и желби. Речиси во сите досега посетени 15-тина села старите лица се единствени во своите одговори. Да бидат посетувани барем еднаш месечно од здравствените работници, додека нивна најголема болка е осаменоста.

   

   Го минуваме јаворот, чија внатрешна издлабеност најверојатно е направена од огнот од громот што удрил во него, кога пред нас се појави селото Грнчиште, нашата дестинација. Сместено меѓу ридовите: Шанците, Падина и Црни Камен, наликува како да е напуштено. Во прилог на ова е празната училишна зграда, на која се уште се чита името “Трајче Дворишки”, како и полусрушената црква “Свети Василиј”. Горе на ридот се извива дим од оџакот на куќата, пред која се наоѓа лозница без лисја.

   

   Не пречекуваат Перо и Зорка Петковски, кои решиле да се вратат во селото и ди му помогнат на неговиот опстанок. Со ангажирањето на Перо, кој е претседател на месната заедница, извршено е тампонирањето на патот, изготвен е проект за водовод, додека некои од исселените жители, по негова иницијатива, се враќаат да ги поправат напуштените огништа, кои во летните месеци се исполнети со живот. Моментално, постојано животот тече во шест дома. Затоа пак, веќе е пројавено интересирање за изградба на нови куќи и дека за стотина евра може да се купи земјиште за плац и засадување овошки. А, овде земјата богато се оддолжува на тие што ја обработуваат.

   

Некаде во средината на селото живее Ѓорѓи Таневски со сопругата Пандора. И двајцата имаат по 82 години. Живеат во трошна куќа, напукната и делува дека при поголем снег да се сруши. Ѕидот до уличката е поздрав од самата куќичка. Ѓорѓи е права историја на селото. Ќе ви каже дека црквата е изградена во 1858 година од мајсторот Јаков. Селото пак, името го добило по неговите жители, кои токму оттука го пренеле грнчарскиот занает.
   Некаде кај влезот во селото, во некогаш убава и голема куќа, живее самотно Ранка Бошњакова. Нејзините 77 години не се толку тешки, колку што секојдневно ја бие битката за опстанок во овој мошне тежок свет за неа. Пензијата од сопругот, што изнесува само две илјади денари, е сумата за преживување. Порачува да и купат од Градско брашно, компири, масло. ќе набере малку грав долу кај рекичката, а доматите и пиперките во летните месеци се основната храна. Живина нема бидејќи лисицата и ги сотре кокошките. Со мракот завршува и нејзината виделина. Нејзината куќа е единствената неосветлена во селото.
   Нашата посета на семејството Тоневски и на Ранка Бошњакова и на уште неколку старци во селото завршува. Нивниот блесок на очите дека некој ја нарушил нивната само-тија во секојдневието уште долго ни останува во сеќавање. Го напуштаме селото со тампонираниот пат што завршува кај асфалтот на патот Велес – Градско. Ќе се врати ли животот во Грнчиште.

ПАТЕКИ НА ХУМАНОСТА

Е-пошта Печати

pdf (9,2 mb)

ХУМАНИСТ

Е-пошта Печати

ГЛАСИЛО НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВЕЛЕС

pdf (8.62 MB)

КРАЈНИЦИ, КРАЈ НА СВЕТОТ

Е-пошта Печати
Топол августовски ден. Екипата на Црвениот крст од Велес, во рамките на изведувањето на својата акција "Не сте заборавени" е упатена кон селото Крајници, што своевремено од поранешниот општински центар од Велес било нај оддалечено, односно на крајот од сите села.
Овој пат акцијата се изведува со возило од НАТО, бидјќи поради мошне лошиот пристапен пат, беше побарана помош од Одделот за цивилно-воена соработка од НАТО штабот од Скопје. Мајорот Марек Калбрун, по народност Полјак, со својот џип успешно ги совладува угорнините на патот, кој во дождливите денови речиси и не е прооден. Со него е и новинарот Зоран Богатинов, вработен во НАТО.
Ја минуваме Војница, во која не се забележува никаква живост од врелината на топлото августовско сонце. Кога патот се стесни, а од десната страна на возилото се појави голем амбис, го здогледавме Крајници, нашата дестинација. Полека со големо внимание се спуштивме до напуштеното училиште. На ширинката сопревме. Во очекување на жителите за да им ја предадеме хуманитарната помош, се упативме во селото. А, Крајници и сега како и порано било заборавено. Меѓутоа, неговите луѓе, можевме да забележиме, ја сакале својата родна грутка. Го напуштале, се враќале и за аманет ја изградиле убавата голема црква "Свети Никола". Ја изградиле на темелите на старата црквичка во 1874 година, голема со прекрасен фрескоживопис и со икони исцртани од мијачките зографи, по порачка од жителите за здравје и долг живот. Всушност, здравјето и не требало да се бара преку ваков начин бидејќи местоположбата на селото е многу поволна и со здрава клима. Во него има неколку чешми и повеќе извори што придонесуваат зеленилото да биде погусто и да се врши наводнување на блиските површини.
Во средното маало во текот на летните месеци престојува во семејната куќа пензионерот Крсте Крстев. Со него се сопругата и трите внучиња. Со гордост говори за таванската розетна во гостинската соба. Во централниот дел на таванот, каде што е поставено електричното светло, розетната има шеснаесет краци и асоцира на старото македонско знаме. Според него таа е стара колку и родната куќа, над 300 години.
Во меѓувреме на ширинката, обрасната со трева, се собраа мештаните. Чудно им е некој да ги посетува, згора на тоа и да им бидат предадени подароци. Секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Миле Маџаров им ја објаснува целта на посетата и акцијата "Не сте заборавени". Една старица се прекрстува и воздивнува велеејќи: "Мене ме заборавија моите, а еве некој дошле да ме посетат". И додека подароците ги распределуваат Секретарот, на кого му помагаат мајорот Марек и Зоран, службеничката Лидија Сланева врши анкета меѓу луѓето. Тие, освен по своите имиња се единствени во другите одговори. Немаат здравствена заштита, немаат телефон, пат, за да се повика лекар треба да се пешачи до Војница, додека пак луѓето од власта доаѓаат само со ветувања во предизборните кампањи.
По успешно реализираната задача се подготвуваме за разделба. Крајничани речиси сите не покануваат да ги посетиме во нивните домови да им бидеме гости. Разделбата внесува извесна тага. Тргнуваме. Не поздравуваат. Мавтаат со рацете.
Џипот на НАТО ја совладува угорнината. Крајници со своите дваесетина жители останува зад нас. Тие ќе ја паметат нашата посета, но и ние ќе ги помниме нив, на кои им треба само малку добрина и повеќе внимание.
За неполни два часа пристигнуваме во Велес. Се разделуваме со претставниците на НАТО, кои како и ние изразуваме желба за натамошна соработка.

   

Топол августовски ден. Екипата на Црвениот крст од Велес, во рамките на изведувањето на својата акција "Не сте заборавени" е упатена кон селото Крајници, што своевремено од поранешниот општински центар од Велес било нај оддалечено, односно на крајот од сите села.

 

   Овој пат акцијата се изведува со возило од НАТО, бидјќи поради мошне лошиот пристапен пат, беше побарана помош од Одделот за цивилно-воена соработка од НАТО штабот од Скопје. Мајорот Марек Калбрун, по народност Полјак, со својот џип успешно ги совладува угорнините на патот, кој во дождливите денови речиси и не е прооден. Со него е и новинарот Зоран Богатинов, вработен во НАТО. Ја минуваме Војница, во која не се забележува никаква живост од врелината на топлото августовско сонце. Кога патот се стесни, а од десната страна на возилото се појави голем амбис, го здогледавме Крајници, нашата дестинација. Полека со големо внимание се спуштивме до напуштеното училиште. На ширинката сопревме. Во очекување на жителите за да им ја предадеме хуманитарната помош, се упативме во селото. А, Крајници и сега како и порано било заборавено. Меѓутоа, неговите луѓе, можевме да забележиме, ја сакале својата родна грутка. Го напуштале, се враќале и за аманет ја изградиле убавата голема црква "Свети Никола". Ја изградиле на темелите на старата црквичка во 1874 година, голема со прекрасен фрескоживопис и со икони исцртани од мијачките зографи, по порачка од жителите за здравје и долг живот. Всушност, здравјето и не требало да се бара преку ваков начин бидејќи местоположбата на селото е многу поволна и со здрава клима. Во него има неколку чешми и повеќе извори што придонесуваат зеленилото да биде погусто и да се врши наводнување на блиските површини. Во средното маало во текот на летните месеци престојува во семејната куќа пензионерот Крсте Крстев. Со него се сопругата и трите внучиња. Со гордост говори за таванската розетна во гостинската соба. Во централниот дел на таванот, каде што е поставено електричното светло, розетната има шеснаесет краци и асоцира на старото македонско знаме. Според него таа е стара колку и родната куќа, над 300 години. Во меѓувреме на ширинката, обрасната со трева, се собраа мештаните. Чудно им е некој да ги посетува, згора на тоа и да им бидат предадени подароци. Секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Миле Маџаров им ја објаснува целта на посетата и акцијата "Не сте заборавени". Една старица се прекрстува и воздивнува велеејќи: "Мене ме заборавија моите, а еве некој дошле да ме посетат". И додека подароците ги распределуваат Секретарот, на кого му помагаат мајорот Марек и Зоран, службеничката Лидија Сланева врши анкета меѓу луѓето. Тие, освен по своите имиња се единствени во другите одговори. Немаат здравствена заштита, немаат телефон, пат, за да се повика лекар треба да се пешачи до Војница, додека пак луѓето од власта доаѓаат само со ветувања во предизборните кампањи.
   По успешно реализираната задача се подготвуваме за разделба. Крајничани речиси сите не покануваат да ги посетиме во нивните домови да им бидеме гости. Разделбата внесува извесна тага. Тргнуваме. Не поздравуваат. Мавтаат со рацете. Џипот на НАТО ја совладува угорнината. Крајници со своите дваесетина жители останува зад нас. Тие ќе ја паметат нашата посета, но и ние ќе ги помниме нив, на кои им треба само малку добрина и повеќе внимание. За неполни два часа пристигнуваме во Велес. Се разделуваме со претставниците на НАТО, кои како и ние изразуваме желба за натамошна соработка.

 

КОЛКУ ЛУЃЕ – ТОЛКУ КУЌИ

Е-пошта Печати
КОЛКУ ЛУЃЕ
– ТОЛКУ КУЌИ
Во тмурниот септемвриски ден возилото на Општинската организација на Црвен крст Велес наближуваше кон својата дестинација – селото Владиловци. По асфалтното патче, што се одвојува од патот во близина на болницата Јасеново, набргу стигнуваме во селото. Нашето доаѓање како да го поздрави сончевиот зрак што се појави кога сопревме кај белообоената чешма. Додека ја разгле-дувавме околината кај чешмата, посебно куќата обвиена со зеленило, како и домот на кимовци од спротивната страна, ни се приближи жена со побелени коси. Повеќе со недоверба не запраша зошто сме дојдени бидејќи не паметеле некој да до-шол во изминатите години да реализира било каква хуманитарна акција. Кога ја дозна целта за нашата посета го смени својот одбоен став и дури се претстави дека се вика Танка Ристовска. Родум од Гостиварско, членувала во невладини организации, а била мажена за Томе Ристовски од Владиловци.
И додека заедно со неа го направивме планот за реализирање на акцијата “Не сте заборавени” до нас дојава на магаре најстариот жител на селото Славе Ѓорѓи-евски. Се држи крепко иако ја наближува осумдесеттата. Се упатуваме кон неговиот дом, последната куќа на селото. Сопругата Мара, која се жали на годините и на болките во р’бетот, не пречекува на чардакот каде има прибрано производи од летината. Во собата со телевизор и маса со столови, од Славета и други соселани што прис-тигнаа, ги дознаваме карактеристиките на селото. Порано тоа броело седумдесетина куќи, а денес дваесетина колку што има и жители. Меѓутоа, нема и доволно млада работна сила да може да ги обработува плодните ниви и многубројните овошни дрвја што треба да се калемат.
А во Владиловци, што во старо време го добило името по некој Владо, вирее речиси се. Од пченица и други земјоделски култури до круши и јаболка чии гранки натежнале од годинашниов род. Во празниците на селото “Свети Никола” и Свети Ѓорѓи” што го носат името на црквата изградена во ЏИЏ век и на манастирот изграден од попот Арсение со помош на мештаните, се одржуваат народни собори.
Нашата акција, во која се вклучи и Танка Ристовска, која по неколку месеци престојува во селото поради, како што вели, острата клима во Гостивар, на задоволство на владиловчани ја оства-ривме брзо и добро. Го напуштаме селото што се свило под “Сирката”, “Калето” и другите ридови, но со желба повторно да се вратиме и да го видиме во поново руно бидејќи за тоа постојат реални услови.
         Во тмурниот септемвриски ден возилото на Општинската организација на Црвен крст Велес наближуваше кон својата дестинација – селото Владиловци. По асфалтното патче, што се одвојува од патот во близина на болницата Јасеново, набргу стигнуваме во селото. Нашето доаѓање како да го поздрави сончевиот зрак што се појави кога сопревме кај белообоената чешма. Додека ја разгледувавме околината кај чешмата, посебно куќата обвиена со зеленило, како и домот на кимовци од спротивната страна, ни се приближи жена со побелени коси. Повеќе со недоверба не запраша зошто сме дојдени бидејќи не паметеле некој да дошол во изминатите години да реализира било каква хуманитарна акција. Кога ја дозна целта за нашата посета го смени својот одбоен став и дури се претстави дека се вика Танка Ристовска. Родум од Гостиварско, членувала во невладини организации, а била мажена за Томе Ристовски од Владиловци.         
   
И додека заедно со неа го направивме планот за реализирање на акцијата “Не сте заборавени” до нас дојава на магаре најстариот жител на селото Славе Ѓорѓи-евски. Се држи крепко иако ја наближува осумдесеттата. Се упатуваме кон неговиот дом, последната куќа на селото. Сопругата Мара, која се жали на годините и на болките во р’бетот, не пречекува на чардакот каде има прибрано производи од летината. Во собата со телевизор и маса со столови, од Славета и други соселани што пристигнаа, ги дознаваме карактеристиките на селото. Порано тоа броело седумдесетина куќи, а денес дваесетина колку што има и жители. Меѓутоа, нема и доволно млада работна сила да може да ги обработува плодните ниви и многубројните овошни дрвја што треба да се калемат. А во Владиловци, што во старо време го добило името по некој Владо, вирее речиси се. Од пченица и други земјоделски култури до круши и јаболка чии гранки натежнале од годинашниов род. Во празниците на селото “Свети Никола” и Свети Ѓорѓи” што го носат името на црквата изградена во XIX век и на манастирот изграден од попот Арсение со помош на мештаните, се одржуваат народни собори. Нашата акција, во која се вклучи и Танка Ристовска, која по неколку месеци престојува во селото поради, како што вели, острата клима во Гостивар, на задоволство на владиловчани ја остваривме брзо и добро. Го напуштаме селото што се свило под “Сирката”, “Калето” и другите ридови, но со желба повторно да се вратиме и да го видиме во поново руно бидејќи за тоа постојат реални услови.

СКРШЕНО РАЛО-СКРШЕНИ ДУШИ

Е-пошта Печати
СКРШЕНО РАЛО-СКРШЕНИ ДУШИ
На петнаесеттина километри од Велес се наоѓа питорескното село ’Рлевци. Името го добило најверојатно по местото каде што се скршила ралицата на ралото на еден од жителите од постарото село што се наоѓало над денешната локација. Барем така раскажува еден од постарите жители Панче Андреевски, кој живее во Велес, но голем дел од пензионерските денови ги минува во родната подновена куќа во селото.
Додека разговараме кај главната селска чешма под сенката на големата стара врба, што ја засадил некој момок во селото пред седумдесеттина години, дувка ветрецот од ридот Градиште. Ја разбива омарината и монотонијата во селото кое како да е целосно заборавено од општинарите и другите институции.
Патот, тие последни 4-5 километри од Бузалково им ја скрши душата на ’рлевчани. Скоро сите си заминаа, а како сведоци останаа празното училиште и се повеќе запуштената црква „Свети Спас”, која името го добила по славата на селото Спасовден. Изградена е во 1926 година, а зографисана е од последниот македонски црковен уметник Ѓорѓи Зографски. Црквата се наоѓа горе над селото и како да претставува негов закрилник.
Доаѓањето на џипот на Општинската организација на Црвен крст како да значеше повик на триесеттината жители да се соберат околу него. Кога им беше кажана целта на акцијата на Црвениот крст “Не сте заборавени”, која е наменета за луѓе во помалите села, лицата како да засветлија, се развеселија. Најстариот жител 83-годишната Ратка Јорданова, потпирајќи се на малото бастумче, како да ја кажа мислата заедничка за сите: “Еве и за нас некој да помисли, зашто мислиме дека сме заборавени. Веќе не паметиме кој последен дошол со ваква или слична цел”.
Притоа се развиваа разговори како селото имало 600 жители, а секое семејство броело од 6–10 членови. Освен одгледувањето добиток, луѓето саделе сусам, бостан, домати, па до лозја. Да беше изграден патот, за кој некогаш се издвоени пари, но не се знае каде и како отишле, селото ќе живееше. Па и сега, со извесна доза на оптимизам вели Панче Андреевски, кога би се изградил сигурно дваесеттина, па и повеќе проценти од иселените жители ќе се вратат. Добро би било надежта на овој ’рлевчанец да се исполни.
                На петнаесеттина километри од Велес се наоѓа питорескното село ’Рлевци. Името го добило најверојатно по местото каде што се скршила ралицата на ралото на еден од жителите од постарото село што се наоѓало над денешната локација. Барем така раскажува еден од постарите жители Панче Андреевски, кој живее во Велес, но голем дел од пензионерските денови ги минува во родната подновена куќа во селото.Додека разговараме кај главната селска чешма под сенката на големата стара врба, што ја засадил некој момок во селото пред седумдесеттина години, дувка ветрецот од ридот Градиште. Ја разбива омарината и монотонијата во селото кое како да е целосно заборавено од општинарите и другите институции. Патот, тие последни 4-5 километри од Бузалково им ја скрши душата на ’рлевчани. Скоро сите си заминаа, а како сведоци останаа празното училиште и се повеќе запуштената црква „Свети Спас”, која името го добила по славата на селото Спасовден. Изградена е во 1926 година, а зографисана е од последниот македонски црковен уметник Ѓорѓи Зографски. Црквата се наоѓа горе над селото и како да претставува негов закрилник. Доаѓањето на џипот на Општинската организација на Црвен крст како да значеше повик на триесеттината жители да се соберат околу него. Кога им беше кажана целта на акцијата на Црвениот крст “Не сте заборавени”, која е наменета за луѓе во помалите села, лицата како да засветлија, се развеселија. Најстариот жител 83-годишната Ратка Јорданова, потпирајќи се на малото бастумче, како да ја кажа мислата заедничка за сите: “Еве и за нас некој да помисли, зашто мислиме дека сме заборавени. Веќе не паметиме кој последен дошол со ваква или слична цел”. Притоа се развиваа разговори како селото имало 600 жители, а секое семејство броело од 6–10 членови. Освен одгледувањето добиток, луѓето саделе сусам, бостан, домати, па до лозја. Да беше изграден патот, за кој некогаш се издвоени пари, но не се знае каде и како отишле, селото ќе живееше. Па и сега, со извесна доза на оптимизам вели Панче Андреевски, кога би се изградил сигурно дваесеттина, па и повеќе проценти од иселените жители ќе се вратат. Добро би било надежта на овој ’рлевчанец да се исполни.

КАПКА РАДОСНИЦА

Е-пошта Печати

   Сместено меѓу ридовите Габер, Присој и Гроот, селото Сопот ги проживува своите тешки денови. Тешки, бидејќи во него сопрел животот и покрај тоа што се наоѓа на главната македонска магистрала Скопје-Гевгелија.  По асфалтната лента минуваат возилата, минува животот, а тука, во селото се живее со сеќавањата за минатото и најблиските.

   Трите старици: Тодорка, Верка и Паца на возраст меѓу 80 и 90 години секоја за себе претставува семејство. Живеат одделено во своите домови, во семејствата, долга и уште потешка отколку што се нивните години. Деведесет годишната Верка Здравкова имала оусм деца и како што вели "цело село". Сите живеат во Велес. Имаат свои куќи. Слична е состојбата и со другите старици. По стотина пати ги прераскажуваат приказните за големината на селото, за луѓето, свадбите, децата. Се присетуваат на советите на мајките и свекрвите, на животните синтагми, како да се опстојува, да се надминува тешкотијата. Секојдневието не се менува. Идентично е. Легни, стани. Измиј се образ, касни залче леб, исплачи се, ќе ти олесни. Утре пак така, вели едната од нив.
Празник е доаѓањето на поштарот. Ќе дојде кај куќата на Пљакот, ќе свирне со трубата и сите 15-тина жители ќе се најдат таму кај средината на селото. Ќе се дознаат новините и пак во празните домови. Инкасантот  за наплатување струја него видуваат. Тој ќе ги остави чековите под каменот во центарот на селото и секој ќе си го пронајде своето ливче за потрошената струја.
Брмчењето на џипот на Општинската организација на Црвениот крст од Велес беше најава за доаѓањето на активистите на оваа организација. Набргу 10-мина мештани заедно со трите најстари жители на Сопот се собраа околу возилото. Им беше објаснето дека нивното доаѓање е дел од реализацијата на хуманитарната акција за посетување на старите лица во велешко. При тоа се прави анкета за старосната структура на жителите, здравствената состојба, тешкотиите со кои се соочуваат и што најмногу им недостасува за да бидат подобро згрижени. Покрај ова на највозрасните жители им се предаваат  пакети во кои главно има хигиенски средства.
Кај трите старици подгрбавени од времето на живото беше забележлива возбуденоста. Под големите диоптрии на очилата заискри солза. Тоа беше солза радосница. Една од нив рече: Барем некој се сетил за нас.

 

ТРИТЕ СЕСТРИ КРВОДАРИТЕЛКИ

Е-пошта Печати
ТРИТЕ СЕСТРИ КРВОДАРИТЕЛКИ
Голема реткост е повеќе членови од едно семејство да бидат крводарители.Ова посебно се однесува на понежниот пол бидејќи до пред неколку години жените беа малку застапени во крводарителството.
Меѓутоа, вакви "правила" повеќе не постојат. Во ова се уверивме при последната акција што ја спроведе Републичкиот завод за трансфузиологија, Службата за трансфузиологија при Медицинскиот центар и Општинската организација на Црвениот крст од Велес. Во оваа акција беше регистриран инпозантен број на дарители, меѓу кои имаше повеќе жени. Тука беа и трите сестри Петковски од велешкото село Оморани. Тие во Велес се вработиле, оформиле свои домови, свои семејства. Тука ја прифатиле и пораката на хуманоста, на човештвото, на Црвениот крст, да се помогне на оние што им е најнужно, кога ќе се најдат во неволја. Најстарата од нив, Елица Јосева (37) вработена во МХК  досега има дарувано 17 пати крв. Нејзините помлади сестри Лидија Мирчевска (35) и Марина Филиповска (30), обете вработени во АК "Лозар", раката ја испружиле 6, односно 8 пати. Сите три велат дека ќе даруваат додека можат. Покрај дарувањата тие се одлични агитатори на крводарителството во својата околина. Нивните сопрузи и другите поблиски роднини веќе се запишани во големата книга на велешките крводарители.

 

   Голема реткост е повеќе членови од едно семејство да бидат крводарители.Ова посебно се однесува на понежниот пол бидејќи до пред неколку години жените беа малку застапени во крводарителството.Меѓутоа, вакви "правила" повеќе не постојат. Во ова се уверивме при последната акција што ја спроведе Републичкиот завод за трансфузиологија, Службата за трансфузиологија при Медицинскиот центар и Општинската организација на Црвениот крст од Велес. Во оваа акција беше регистриран инпозантен број на дарители, меѓу кои имаше повеќе жени. Тука беа и трите сестри Петковски од велешкото село Оморани. Тие во Велес се вработиле, оформиле свои домови, свои семејства. Тука ја прифатиле и пораката на хуманоста, на човештвото, на Црвениот крст, да се помогне на оние што им е најнужно, кога ќе се најдат во неволја. Најстарата од нив, Елица Јосева (37) вработена во МХК  досега има дарувано 17 пати крв. Нејзините помлади сестри Лидија Мирчевска (35) и Марина Филиповска (30), обете вработени во АК "Лозар", раката ја испружиле 6, односно 8 пати. Сите три велат дека ќе даруваат додека можат. Покрај дарувањата тие се одлични агитатори на крводарителството во својата околина. Нивните сопрузи и другите поблиски роднини веќе се запишани во големата книга на велешките крводарители.

Страница 8 од 13

Online Донација

online_donacija
info