Публикации

Општинска награда за најдобриот крводарител

Е-пошта Печати
ОпШтинска награда за најдобриот крводарител
Тивкиот човек со големо срце и уште поголема хумана синтагма да се укаже помош несекојдневна и најголема преточена во живот, стана носител на значајна општинска награда. Жарко Шијан, крводарителски рекордер, ненадеминат во општината, и само неколкумина како него во Републикава, ја доби високата Деветоноемвриска вредносна награда што ја доделува Советот на општината во рамките на одбележувањето на Денот на општина Велес.
Во свечен амбиент и присуство на истакнати граѓани од Велес, гости од други градови, потоа амбасадорот на Република Хрватска, како ичленовите на Советот на општината градоначалникот Аце Коцевски во својот реферат говореше за значењето на празникот, постигањата во воваа година и наредните предвидувања за развојот на комуната. Меѓу другото, тој истакна дека попсебна гордост во своето работење од невладиниот сектор претставуваат Општинската организација на Црвениот крст и Градскиот театар “Јордан Х.К. Џинот”.
По рефератот беше пристапено кон доделувањето на деветоноемвриските награди и признанија и тоа: Спомен плакети, вредносни награди, благодарници и пофалници. При доделувањето на вредносната награда, чии носители се Жарко Шијан и кајак-арскиот клуб “Вардар”, хуманиот, скромен граѓанин на Велес доби најголем и најдолг аплауз од излегувањето па до враќањето на своето седиште. Аплаузот беше голем, како што е големо неговото дело. Присутните му аплаудираа за неговите 151 пат дарувана крв, за неговата секојдневна спремност секогаш и во секој миг да дарува крв за тие што им е најпотребна. Аплаузот беше само една потврда за неговите 38 – годишни ангажирања во дарувањата што немаат цена.
На нашиот Жарко му ја честитаме наградата и му пожелуваме добро здравје и остварување на неговата голема желба да дарува крв вкупно 200 пати.

   Тивкиот човек со големо срце и уште поголема хумана синтагма да се укаже помош несекојдневна и најголема преточена во живот, стана носител на значајна општинска награда. Жарко Шијан, крводарителски рекордер, ненадеминат во општината, и само неколкумина како него во Републикава, ја доби високата Деветоноемвриска вредносна награда што ја доделува Советот на општината во рамките на одбележувањето на Денот на општина Велес.
   Во свечен амбиент и присуство на истакнати граѓани од Велес, гости од други градови, потоа амбасадорот на Република Хрватска, како ичленовите на Советот на општината градоначалникот Аце Коцевски во својот реферат говореше за значењето на празникот, постигањата во воваа година и наредните предвидувања за развојот на комуната. Меѓу другото, тој истакна дека попсебна гордост во своето работење од невладиниот сектор претставуваат Општинската организација на Црвениот крст и Градскиот театар “Јордан Х.К. Џинот”.
   По рефератот беше пристапено кон доделувањето на деветоноемвриските награди и признанија и тоа: Спомен плакети, вредносни награди, благодарници и пофалници. При доделувањето на вредносната награда, чии носители се Жарко Шијан и кајак-арскиот клуб “Вардар”, хуманиот, скромен граѓанин на Велес доби најголем и најдолг аплауз од излегувањето па до враќањето на своето седиште. Аплаузот беше голем, како што е големо неговото дело. Присутните му аплаудираа за неговите 151 пат дарувана крв, за неговата секојдневна спремност секогаш и во секој миг да дарува крв за тие што им е најпотребна. Аплаузот беше само една потврда за неговите 38 – годишни ангажирања во дарувањата што немаат цена.
   На нашиот Жарко му ја честитаме наградата и му пожелуваме добро здравје и остварување на неговата голема желба да дарува крв вкупно 200 пати.

ПО СТАПКИТЕ НА МАЈКАТА

Е-пошта Печати
ПО  СТАПКИТЕ  НА   МАЈКАТА
Април. Топол пролетен ден. Великденските празноци само што не почнале. По улиците на Градско се гледа по некој осамен минувач. Луѓето го користат убавото време за привршување на полските работи. Во точно закажаното време се наоѓаме со Благој Климкаров, повеќегодишен волонтер на Организацијата на Црвениот крст. Со него е, како што дознавме, Тони Илиќ, моментно невработен, што најмногу ја испружил раката во општината да даде крв од својата драгоцена течност на тие што им е најпотребна.
Го почнуваме разговорот за кој што сме и дојдени. Смирено, па дури и срамежливо ги слушаме одговорите на поставените прашања. Тони има 44 години и живее со тројцата синови. Дарител станал во далечната 1980 година. Бил во Скопје на регрутна комисија кога била побарана помош за настрадани луѓе во сообраќајна несреќа. Заедно со уште неколкумина се одѕвал на барањето да даде крв. И од тогаш па до денеска цели 28 години е активен крводарител. Годишно по три, а најчесто по четири пати дава крв, така што веќе во неговата книшка се евидентирани 86 дарувања. Овој хуман човек по секое дарување се чувствува гордо, исполнет е со среќа и радост, почитуван од својата околина.
Со секое дарување Тони Илиќ, како што вели, е се поблиску до рекордот на својата мајка Милица, шампионка во крводарувањето меѓу жените во Македонија. Поради старост таа престана да дава крв по нејзините над 120 пати дарувања, за кои вели дека џабе не живеела зашто хуманите траги се големи.
Тони Илиќ за своите дарувања ги има добиено сите признанија од Црвениот крст. Тој го продолжува големиот хуман пат на својата мајка, а од оваа година ќе им се придружи и неговиот осумнаесетгодишен син.
ПО СТАПКИТЕ НА МАЈКАТА   
 Април. Топол пролетен ден. Великденските празноци само што не почнале. По улиците на Градско се гледа по некој осамен минувач. Луѓето го користат убавото време за привршување на полските работи. Во точно закажаното време се наоѓаме со Благој Климкаров, повеќегодишен волонтер на Организацијата на Црвениот крст. Со него е, како што дознавме, Тони Илиќ, моментно невработен, што најмногу ја испружил раката во општината да даде крв од својата драгоцена течност на тие што им е најпотребна. Го почнуваме разговорот за кој што сме и дојдени. Смирено, па дури и срамежливо ги слушаме одговорите на поставените прашања. Тони има 44 години и живее со тројцата синови. Дарител станал во далечната 1980 година. Бил во Скопје на регрутна комисија кога била побарана помош за настрадани луѓе во сообраќајна несреќа. Заедно со уште неколкумина се одѕвал на барањето да даде крв. И од тогаш па до денеска цели 28 години е активен крводарител. Годишно по три, а најчесто по четири пати дава крв, така што веќе во неговата книшка се евидентирани 86 дарувања. Овој хуман човек по секое дарување се чувствува гордо, исполнет е со среќа и радост, почитуван од својата околина. Со секое дарување Тони Илиќ, како што вели, е се поблиску до рекордот на својата мајка Милица, шампионка во крводарувањето меѓу жените во Македонија. Поради старост таа престана да дава крв по нејзините над 120 пати дарувања, за кои вели дека џабе не живеела зашто хуманите траги се големи. Тони Илиќ за своите дарувања ги има добиено сите признанија од Црвениот крст. Тој го продолжува големиот хуман пат на својата мајка, а од оваа година ќе им се придружи и неговиот осумнаесетгодишен син.

НА ЧЕКОР ДО ПЛАНОТ

Е-пошта Печати
НА ЧЕКОР ДО ПЛАНОТ
Шести ноември. Три дена пред одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Велес се одржува првата манифестација - традиционалната акција за доброволно дарување на крв. Утрото есенско, облачно. Во бараката на поранешната СИЗ за култура , лоцирана во Младинскиот парк на културата, е живо. Вработените од Општинската организација на Црвениот крст и од Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје, кои се организатори на акцијата, привршија со подготовките. Се вршат прегледи на дарителите, се востановува нивната здравствена положба, за потоа на импровизираните легла да ја даруваат својата драгоцена течност.
Меѓу првите, како и досега, се вработените од велешкиот погон на Македонија пат. Потоа доаѓаат дарители: младинци, жени, мажи, стечајци, невработени, студенти. Дарувањата се одвиваат како непрекидна лента. Не премногу луѓе, туку секогаш чекаат по два-тројца дарители за да се испразни некое од леглата.
Некаде кон крајот на вториот час од акцијата во салата влегува висок русокос маж со сигурен од. На лицето широка насмевка, некако карактеристична за повеќекратните дарители. По прегледот и дадената крв нашите претпоставки станаа вистинити. Од разговорот дознавме дека се вика Виктор Јорданов, идниот Април ќе наполни 50 години и дека последново дарување е 91 пат. Прв пат станал дарител уште во гимназиските денови. Потоа се редат дарувањата во Армијата, во Медицинскиот центар каде се вработил и сега по поделбата во здравството, работи во Заводот на здравствена заштита. Во последниве 10 години не пропушта по секои изминати три месеци да дарува крв и се така редум, како што вели се зарекол, до 101 пат. Тоа не значи дека нема да продолжи и натаму да дарува, меѓутоа, желбата му е да ја оствари поставената бројка.
Освен како дарител Виктор Јорданов е познат и како активист на Црвениот крст. Некаде кон деведесетите години на минатиот век го има обновено Друштвото на Црвениот крст во месната заедница ,,Богдан Каракостев’’. Моментално го води друштвото на крводарителите при заводот за заштита, каде преку половината од вработените членуваат или пак биле членови на друштвото.
За хуманоста на Виктор, што е потврдена многу пати досега, како и при дружењата на медицинските центри во Бјеловар и Сомбор, секако придонеле и членовите на неговото потесно семејство. Покрај таткото Никола Јорданов, познат велешки лекар, тука се сопругата д-р Родна Јорданова и ќерката Оливера, дарител и студент на медицинскиот факултет во Скопје. Му посакуваме здравје и успешно реализирање на неговиот хуман чекор-планот 101.

Шести ноември. Три дена пред одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Велес се одржува првата манифестација - традиционалната акција за доброволно дарување на крв. Утрото есенско, облачно. Во бараката на поранешната СИЗ за култура , лоцирана во Младинскиот парк на културата, е живо. Вработените од Општинската организација на Црвениот крст и од Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје, кои се организатори на акцијата, привршија со подготовките. Се вршат прегледи на дарителите, се востановува нивната здравствена положба, за потоа на импровизираните легла да ја даруваат својата драгоцена течност. Меѓу првите, како и досега, се вработените од велешкиот погон на Македонија пат. Потоа доаѓаат дарители: младинци, жени, мажи, стечајци, невработени, студенти. Дарувањата се одвиваат како непрекидна лента. Не премногу луѓе, туку секогаш чекаат по два-тројца дарители за да се испразни некое од леглата. Некаде кон крајот на вториот час од акцијата во салата влегува висок русокос маж со сигурен од. На лицето широка насмевка, некако карактеристична за повеќекратните дарители. По прегледот и дадената крв нашите претпоставки станаа вистинити. Од разговорот дознавме дека се вика Виктор Јорданов, идниот Април ќе наполни 50 години и дека последново дарување е 91 пат. Прв пат станал дарител уште во гимназиските денови. Потоа се редат дарувањата во Армијата, во Медицинскиот центар каде се вработил и сега по поделбата во здравството, работи во Заводот на здравствена заштита. Во последниве 10 години не пропушта по секои изминати три месеци да дарува крв и се така редум, како што вели се зарекол, до 101 пат. Тоа не значи дека нема да продолжи и натаму да дарува, меѓутоа, желбата му е да ја оствари поставената бројка. Освен како дарител Виктор Јорданов е познат и како активист на Црвениот крст. Некаде кон деведесетите години на минатиот век го има обновено Друштвото на Црвениот крст во месната заедница ,,Богдан Каракостев’’. Моментално го води друштвото на крводарителите при заводот за заштита, каде преку половината од вработените членуваат или пак биле членови на друштвото. За хуманоста на Виктор, што е потврдена многу пати досега, како и при дружењата на медицинските центри во Бјеловар и Сомбор, секако придонеле и членовите на неговото потесно семејство. Покрај таткото Никола Јорданов, познат велешки лекар, тука се сопругата д-р Родна Јорданова и ќерката Оливера, дарител и студент на медицинскиот факултет во Скопје. Му посакуваме здравје и успешно реализирање на неговиот хуман чекор-планот 101.

Шампиони во крводарителството

Е-пошта Печати

 

Шампиони во крводарителството
НАБЛИЖУВА САКАНАТА  БРОЈКА
Се вика Горан Димов. Вработен е во Фабриката за шински возила. По професија е бравар. Има 44 години, а повеќе од два пати има дарувано крв. Досега вкупно својата рака ја има испружено 93 пати за да помогне, да спаси нечиј живот со својата БЕ позитивна крвна група. Прв пат дал крв во Лесковац, каде го отслужувал воениот рок. Од тогаш па на ваму, со ретки исклучоци, годишно три, а почесто четири пати, во рамките на дозволениот максимум, ја подарува драгоцената течност. Уште како мал бил очевидец на хуманоста на својот татко и на вујковците кои биле дарители и говореле за акциите, дарувањата и  хуманоста на луѓето. Тоа што го слушал го преточил во дело, посебно по вработувањето во Колската работилница. Таму со својата екипа, што броела шест лица,  како што истакнува секогаш заедно дарувале крв во Одделението за трансфузија на крв во Медицинскиот центар во Велес или пак на организираните крводарителски акции. Но, се случувало да биде и повикуван при итни случаи кога крвта била неопходна,  а во тие моменти немало крводарители. Посебно не може  да ги заборави настаните кога давал итно крв  за една жена родилка од Кавадарци, како и за друга што боледувала од леукемија.
Голема желба на овој решителен дарител е  да даде крв  точно 120 пати. За стотката не станува збор бидејќи оваа бројка му е на дофат. Инаку досега за своите 50 и 75 дарувања ги има добиено признанијата  од Црвениот крст на Македонија.  По секое дарување се чувствува гордо за тоа што сторил добро дело кое му дава волја  да го продолжи  заодениот  пат на хуманоста. По неговиот пат верува дека ќе продолжи неговиот шеснаесетгодишен син Љупчо, кој се интересира за дарувањата на крв. Другиот син Ненад е мал. Има само единаесет години. Можеби и тој ќе се заинтересира за продолжувањето на традицијата на Димови. Ние, од се срце му посакуваме на Горан да ја реализира големата желба - 120 дарувања.
НАБЛИЖУВА САКАНАТА  БРОЈКА
   Се вика Горан Димов. Вработен е во Фабриката за шински возила. По професија е бравар. Има 44 години, а повеќе од два пати има дарувано крв. Досега вкупно својата рака ја има испружено 93 пати за да помогне, да спаси нечиј живот со својата БЕ позитивна крвна група. Прв пат дал крв во Лесковац, каде го отслужувал воениот рок. Од тогаш па на ваму, со ретки исклучоци, годишно три, а почесто четири пати, во рамките на дозволениот максимум, ја подарува драгоцената течност. Уште како мал бил очевидец на хуманоста на својот татко и на вујковците кои биле дарители и говореле за акциите, дарувањата и  хуманоста на луѓето. Тоа што го слушал го преточил во дело, посебно по вработувањето во Колската работилница. Таму со својата екипа, што броела шест лица,  како што истакнува секогаш заедно дарувале крв во Одделението за трансфузија на крв во Медицинскиот центар во Велес или пак на организираните крводарителски акции. Но, се случувало да биде и повикуван при итни случаи кога крвта била неопходна,  а во тие моменти немало крводарители. Посебно не може  да ги заборави настаните кога давал итно крв  за една жена родилка од Кавадарци, како и за друга што боледувала од леукемија.
Голема желба на овој решителен дарител е  да даде крв  точно 120 пати. За стотката не станува збор бидејќи оваа бројка му е на дофат. Инаку досега за своите 50 и 75 дарувања ги има добиено признанијата  од Црвениот крст на Македонија.  По секое дарување се чувствува гордо за тоа што сторил добро дело кое му дава волја  да го продолжи  заодениот  пат на хуманоста. По неговиот пат верува дека ќе продолжи неговиот шеснаесетгодишен син Љупчо, кој се интересира за дарувањата на крв. Другиот син Ненад е мал. Има само единаесет години. Можеби и тој ќе се заинтересира за продолжувањето на традицијата на Димови. Ние, од се срце му посакуваме на Горан да ја реализира големата желба - 120 дарувања.

 

ДАРУВАЊА ЗА РОДЕНДЕНОТ

Е-пошта Печати
ДАРУВАЊА ЗА РОДЕНДЕНОТ
Крводарителите имаат една заедничка особина и повеќе посебности. Основна карактеристика им е хуманоста, кога се готови во секое време да даруваат крв, додека повеќето од нив ги краси широката насмевка на нивните усни. Но, тие имаат и свои особености од кои не отстапуваат. Така, на пример, меѓу велешките дарители постои еден вид натпревар кој прв ќе дарува крв во почетокот на Новата година. Други пак, не ја пропуштаат можноста да подарат крв исклучиво на годишните акции за доброволно дарување крв, додека за многумина непишано правило е да даруваат крв во првиот ден по изминувањето на трите месеци од поледното дарување.
Од овие крводарителски карактеристики се разликува дарителот Ацо Думовски. Има 48 години и вработен е во Секретаријатот за внатрешни работи во Велес. Првото дарување го остварил во средношколските денови, кога го одбележал датумот на полнолетството. Оттогаш па наваму најзабележителен и запишан датум на дарувана крв е шести мај – денот на раѓањето на Ацо. Во неговата книшка се запишани вкупно 51 пат дарувана крв од групата “А” позитив.
Од многубројните дарувања две му се највпечатливи и неможе да ги заборави. Првото во 1979 година кога како приправник на курсот за полицајци во Скопје е организатор за собирање крв за настраданите во земјотресот во Црна Гора. Второто е при отслужувањето на воениот рок во Сомбор. Тогаш, уште при првото излегување од касарната забележал брзо движење на амбулантни возила. Разбрал дека имало настрадани луѓе во сообраќајна несреќа. Се упатил во болницата каде дарувал крв за повредените.
За омасовувањето на крводарителството Ацо Думовски посочува дека годишно треба да се организираат почесто општински крводарителски акции, а наедно и да се формираат друштва на Црвениот крст, не само во фабриките, туку и во секоја установа. Покрај ова треба да се создадат уште поцврсти односи меѓу организацијата на Црвениот крст и крводарителите.
Во семејството на Ацо Думновски покрај него, дарител е и неговиот брат со околу 80-тина дарувања, а неговите стапки веројатно ќе ги следи и синчето кое сега го придружува при неговите дарувања.

   Крводарителите имаат една заедничка особина и повеќе посебности. Основна карактеристика им е хуманоста, кога се готови во секое време да даруваат крв, додека повеќето од нив ги краси широката насмевка на нивните усни. Но, тие имаат и свои особености од кои не отстапуваат. Така, на пример, меѓу велешките дарители постои еден вид натпревар кој прв ќе дарува крв во почетокот на Новата година. Други пак, не ја пропуштаат можноста да подарат крв исклучиво на годишните акции за доброволно дарување крв, додека за многумина непишано правило е да даруваат крв во првиот ден по изминувањето на трите месеци од поледното дарување.  Од овие крводарителски карактеристики се разликува дарителот Ацо Думовски. Има 48 години и вработен е во Секретаријатот за внатрешни работи во Велес. Првото дарување го остварил во средношколските денови, кога го одбележал датумот на полнолетството. Оттогаш па наваму најзабележителен и запишан датум на дарувана крв е шести мај – денот на раѓањето на Ацо. Во неговата книшка се запишани вкупно 51 пат дарувана крв од групата “А” позитив.  Од многубројните дарувања две му се највпечатливи и неможе да ги заборави. Првото во 1979 година кога како приправник на курсот за полицајци во Скопје е организатор за собирање крв за настраданите во земјотресот во Црна Гора. Второто е при отслужувањето на воениот рок во Сомбор. Тогаш, уште при првото излегување од касарната забележал брзо движење на амбулантни возила. Разбрал дека имало настрадани луѓе во сообраќајна несреќа. Се упатил во болницата каде дарувал крв за повредените. За омасовувањето на крводарителството Ацо Думовски посочува дека годишно треба да се организираат почесто општински крводарителски акции, а наедно и да се формираат друштва на Црвениот крст, не само во фабриките, туку и во секоја установа. Покрај ова треба да се создадат уште поцврсти односи меѓу организацијата на Црвениот крст и крводарителите. Во семејството на Ацо Думновски покрај него, дарител е и неговиот брат со околу 80-тина дарувања, а неговите стапки веројатно ќе ги следи и синчето кое сега го придружува при неговите дарувања.

КОРПУЛЕНТНИОТ БЛАГОЈА

Е-пошта Печати
  
КОРПУЛЕНТНИОТ БЛАГОЈА
Првиот впечаток при средбата со Благоја Петрушевски се неговата корпулентност, смиреност и готовност да се помогне секому на кои му треба помош. Говори одмерено за себе и за најблиските. Се родил во велешки Извор во многудетно семејство. Сега живее со братот во селото, а другите се прснале во светот: во Германија две сестри и брат, а во Америка сестра му Вера. Работи вршејќи услуги на другите и задоволен е.
Посебно му е драго што е крводарител и тоа прв во Извор, населба која има долгогодишна традиција во крводарителството. Затоа е честа тема крводарувањето. Притоа не се пропушта можноста да се спомне уделот на дедо Костадин, кој беше носител на сите хумани акции на Црвениот крст во селото. Тој е веќе починат десетина години, но не се забораваат неговите акции посебно крводарителските. Денеска како резултат на ова Извор има еден дарител “стоткаш“ два-тројца над 75 пати и околу шестмина што дарувале крв над 50 пати. Токму поради ова е заживеана идејата да се формира Клуб на крводарителите од Извор што ќе го носи името на големиот активист.
Инаку Благоја Петрушевдски почнал да дарува крв во далечната 1947 година. Почнал и до денешен ден не престанал. Посебно во последниве дестина години. Редовно по четири пати годишно, апонекогаш и вонредно, како што вели, и по пет пати. Кога ќе изминат три месеци доаѓа во одделенито за трансфузиологија при медицинскиот центар во Велес, по проверката на здравјето, дарува крв и секогаш се чувствува среќен затоа што неговата драгоцена течност од групата “Б” позитив ќе се најде кај некого што му потребна.
При годинашново одбележување на 17 март Денот на Црвениот крст и на крводарителите на Македонија Благоја Петрушевски ги доби највисоките одличја за дарувани сто пати крв: Плакета и Благодарница. Му ги предаде д-р Милчо Трајков Претседател на Црвениот крст на Македонија.
Видно задоволен од заслужените признанија ни одговори дека ќе дарува крв се додека се чувствува здрав и дека Плакетата ќе ја испрати во Америка, во Лос Анџелес каде живее семејството на сестра му Вера и нејзиниот сопруг Нил. Нека видат тие и неговите три внучиња каков хуман човек имаат нивниот брат, зет и вујко. И не само да видат, туку и да раскажуваат за големата хуманост во малата земја Македонија.
   Првиот впечаток при средбата со Благоја Петрушевски се неговата корпулентност, смиреност и готовност да се помогне секому на кои му треба помош. Говори одмерено за себе и за најблиските.
   Се родил во велешки Извор во многудетно семејство. Сега живее со братот во селото, а другите се прснале во светот: во Германија две сестри и брат, а во Америка сестра му Вера. Работи вршејќи услуги на другите и задоволен е. Посебно му е драго што е крводарител и тоа прв во Извор, населба која има долгогодишна традиција во крводарителството. Затоа е честа тема крводарувањето. Притоа не се пропушта можноста да се спомне уделот на дедо Костадин, кој беше носител на сите хумани акции на Црвениот крст во селото. Тој е веќе починат десетина години, но не се забораваат неговите акции посебно крводарителските. Денеска како резултат на ова Извор има еден дарител “стоткаш“ два-тројца над 75 пати и околу шестмина што дарувале крв над 50 пати. Токму поради ова е заживеана идејата да се формира Клуб на крводарителите од Извор што ќе го носи името на големиот активист. Инаку Благоја Петрушевдски почнал да дарува крв во далечната 1947 година. Почнал и до денешен ден не престанал. Посебно во последниве дестина години. Редовно по четири пати годишно, апонекогаш и вонредно, како што вели, и по пет пати. Кога ќе изминат три месеци доаѓа во одделенито за трансфузиологија при медицинскиот центар во Велес, по проверката на здравјето, дарува крв и секогаш се чувствува среќен затоа што неговата драгоцена течност од групата “Б” позитив ќе се најде кај некого што му потребна.  При годинашново одбележување на 17 март Денот на Црвениот крст и на крводарителите на Македонија Благоја Петрушевски ги доби највисоките одличја за дарувани сто пати крв: Плакета и Благодарница. Му ги предаде д-р Милчо Трајков Претседател на Црвениот крст на Македонија. Видно задоволен од заслужените признанија ни одговори дека ќе дарува крв се додека се чувствува здрав и дека Плакетата ќе ја испрати во Америка, во Лос Анџелес каде живее семејството на сестра му Вера и нејзиниот сопруг Нил. Нека видат тие и неговите три внучиња каков хуман човек имаат нивниот брат, зет и вујко. И не само да видат, туку и да раскажуваат за големата хуманост во малата земја Македонија.

РЕКОРДЕР БЕЗ ПРИЗНАНИЈА

Е-пошта Печати

   Еден од ретките крводарители на повик што досега несебично ја испружил раката повеќе пати да ја дарува својата крв од рх негативните групи е Кире Василевски, вработен како дописник во Македонската радио-телевизија. Овој хуман граѓанин на Велес преку 25 години се води во евиденцијата на Одделението за трансфузиологија при Медицинскиот центар што има ретка крвна група и дава крв само по потреба и во мошне итни случаи.
Во текот на своите педесет години Кире Василевски има дарувано толку пати крв колку што има нанижано лета во својот живот. Дарувал кога била неопход-на неговата крв од групата “ Б – негатив”, што е меѓу најретките кај луѓето. Меѓутоа, дарувал и тогаш кога животот се мерел со часови, минути. И денес врежано му е во сеќавањето кога итно бил повикан во болницата во Медицинскиот центар да даде крв. Времето минувало бргу за настраданиот прилепчанец во сообраќајната незгода. Две раце од две тела се нашле една до друга. Крвта од Василевски се преточувала во вената на повредениот, во неговото тело. Прилепчанецот бил спасен, а дарителот заминал со чувство на задоволство и исполнетост со среќа. Вака се чуствувал кога итно била побарана крв и за жена на полицаец од Чашка.
   Впрочем вака се чуствуваат и крводарителите при секое давање крв. Меѓутоа, миговите кога во последен момент се спасува живот поинаку се рефлектира кај дарителот. Тоа се мигови што засекогаш се помнат, не се забораваат.
   Кире Василевски, татко на два сина, просечно годишно дарува крв по 2 – 3 пати, а понекогаш само еднаш. Токму поради фактот што е “негативец” и постојано е на штрек да помогне кога е најпотребно, едноставно е изоставен при организирањето солидарни и други акции. Со ова е оневозможен да дарува повеќе пати крв и да биде носител на признанија од Црвениот крст и од Единицата на локалната самоуправа.
   За ова Кире Василевски смета дека Републичкиот Црвен крст треба да направи посебна категоризација за дарителите од ретките крвни групи за нивно реално вреднување, што нема да претставува привилегираност, туку мотив за добивањето на признанијата.

ДВЕТЕ ЖЕЛБИ НА ГОРДАНА

Е-пошта Печати

   Како да е непишано правило повеќекратните дарители на крв да имаат големо срце и широка насмевка. Токму ова уште еднаш ни се потврди во средбата со Гордана Миланова, вработена како библиотекар во Прехрамбената индустрија АД “Благој Ѓорев” од Велес. Големата уредена просторија со многубројни книги беше исполнета посебно со срдечноста на оваа педесетгодишна жена, која освен по професијата во работната организација и надвор од неа, е позната и како повеекратна крводарителка. Досега, според евиденцијата, крводарителка била 67 пати иако некои дарувања не и се запишани.
   Прв пат станала дарителка во 1976 година. Тогаш била студентка во Скопје и била потребна неопходна крв за една вработена жена во студентската населба. По завршувањето на студиите во 1982 година се вработува во маслодајната фабрика. Само неколку дена по вработувањето во фабриката била организирана акција за крводарување. Се пријавила, дала крв и од тогаш не престанала да ја дава својата крв од ретката крвна група Б негатив. И токму поради ова многу често, дури и ноќе е повикувана во медицинскиот центар во Велес и во последен момент нејзината крв да биде спасоносна во нај итните случаи. По секој повик, и покрај прекинатиот сон, се чувствува исполнета со своевидна радост и гордост, што ја потврдува крводарителската хуманост и спасувањето живот со потребната најдрагоцена течност. Покрај итните случаи Гордана Миланова не пропушта ниту една крводарителска акција организирана од друштвото на Црвениот крст во фабриката или пак од Општинската организација на Црвениот крст.
   Според неа во последниве неколку години се чувствува извесна запоставеност спрема крводарителите на кои треба да им се посветува поголемо внимание. Инаку, заедничката цел – крводарувањето, придонело да и се зголеми бројот на пријателките, освен во Велес, да ги има во Скопје и Куманово. Покрај активностите во фабричкото друштво каде е потпретседателка и кое брои стотина крводарители, таа е и член на Надзорниот одбор на Општинската организација.
   На Гордана Миланова со крводарителството и се поврзуваат и две желби. Првата и е да продолжи со крводарувањето барем до сто пати, а по нејзините стапки да тргне и нејзината 12-годишна ќерка Ангела, која пројавува интересирање придружувајќи ја мајка си при дарувањата.
   Се надеваме дека обете желби ќе и се остварат во наредниве години.

ХУМАНИОТ СТОМАТОЛОГ

Е-пошта Печати

   Поствоената хумана задача да се дарува крв веќе три децении редовно ја исполнува д-р Горан Чолаков. Уште во гимназиските денови во далечната 1981 година кога прв пат ја испружил раката да ја дарува најскапоцената течност ја сознал вистината и потребата за укажување помош на болните и повредените.
   Во текот на изминативе триесет години непрекидно дарувал крв без оглед каде се наоѓал: во армијата или на работните места во Македонска Каменица, Злетово и Пробиштип. Во Велес петнаесетина години работи во претпријатието за обработка на тутун “Нада Бутникошарева”, а по стапување на законот денеска е приватен стоматолог со сопствена ординација.
   Д-р Чолаков и покрај ретката крвна група А1 негатив, досега има дарувано крв преку 90 пати. Овој 47- годишен витален и скромен дарител вели дека повеќе не размислува за достигање на троцифрена дарителска бројка, туку ќе продолжи со дарувањата се додека се чувствува здрав и способен. Покрај ова истакнува дека иако бројот на крводарители во Велес е значителен секако би требало оваа бројка да биде уште поголема преку контактни емисии и рекламен материјал. Наедно ќе треба и многу поголемо внимание да се посветува на дарителите и на нивната хуманост бидејќи тоа што тие го добиваат според постојаните прописи е речиси маргинално, а во одредени случаи дури навредливо.

Од четиричленото семејство на д-р Горан Чолаков, засега е само тој крводарител, ќерката е малолетна, а синот се подготвува да тргне по стапките на својот хуман татко.

ТРИТЕ ЉУБОВИ НА АНГЕЛ

Е-пошта Печати
  
   Има 58 години. Има тоа што го имаат шампионите во крводарителството широката насмевка што се забележува под мустаците. Но, има и нешто повеќе, уште две љубови во животот и секојдневието на Ангел Кирков. Тој е повеќе познат во велешката јавност како голман и тренер во градскиот ракометен клуб Борец, отколку како хуманист и крводарител.

Дарувањата му се поврзуваат со големите катарстрофи: Поплавата во 1962 година и скопскиот земјотрес во наредната година. И така, од тогаш па наваму веќе 40 години редовно ја дарува својата крв од “БЕ” групата. Во август годинава тој стана дарител по осумдесетти пат. Во последниве десеттина години просечно годишно дарува по четири пати, но ако е потребно може и повеќе. Како што вели, крв ќе дарува се дотогаш додека го служи здравјето и дека рекордите во крводарителството не му се битни. Меѓутоа, позначајно е чувството кога се знае дека даруваната крв е дадена за оние што најмногу им е потребна. Токму поради ова неможе да го заборави настанот од пред 7-8 години. Тогаш бил во посета на свој пријател во велешката болница кога му пришло непознато лице и му рекло “фала ти многу”. За што се работи, запрашал изненадено Кирков. Затоа што со твојата крв беше овозможено да се оперирам, му било одговорено од непознатиот крво-примател. И уште еден настан длабоко е врежан во сеќавањето на Ангел Кирков поврзан со крводарувањето. По сообраќајната несреќа на познатиот македонски ракометен репре-зентативец Игор Котевски, што се случи прет 5-6 години, тој самоиницијативно отишол во медицинскиот центар во Велес да даде крв. Дотогаш биле собрани девет шишиња, а со неговото десетто требало веднаш да се однесе за Скопје. Во тој момент немало возило да се пренесе собраната крв. Ги зел сите шишиња и со своето возило ја однел неопходната течност за својот пријател, спортист и човек.

Во разговорот што го водевме Ангел Кирков посебно нагласува дека кај спортистите најчесто се случуваат повреди што претставува и дополнителен мотив да биде повеќекратен крводарител. Меѓутоа, за жал овој пример на велешкиот доајен во спортот не го следат доволно спортистите од градот. Инаку, покрај крводарителството Кирков има уште две големи љубови. Во ракометот, заедно со легендарната генерација во 1967-68 година беа испишани најсветлите страници кога се натпреваруваа во првата лига на пора-нешна Југославија, а беа и финалисти на југословенскиот куп.  Во последниве триесетина години пак, има има посебна собирачка страст на мали шишенца од алкохол. Меѓутоа, него посебно го интересира дизајнот на шишенцата отколку содржината. Досега има собрано преку илјада убаво дизајнирани шишенца. Се чини дека овие три љубови ќе траат дотогаш додека има сила во себе. Затоа му пожелуваме многу здравје и натамошни постигања.

Страница 9 од 13

Online Донација

online_donacija
info