Публикации

СТОТКАШ СО ПОДВИЖНО ТЕЗГЕ

Е-пошта Печати
СТОТКАШ СО ПОДВИЖНО ТЕЗГЕ
Мирен, тих, внимателен, поднаведнат од малото тезге што го носи на кое се наредени: сунгерчиња, батерии, запалки, жилети и други дреболии ќе го сретнете обично во неделните пазарни денови како се провлекува меѓу луѓето на Градскиот пазар од левата страна на градот. Со нискиот раст дури е и неупадлив. Таков е и на работното место во керамичката индустрија “Киро Ќучук”. Порано работел на товарање на тулите, а сега ги пакува во палети.
Името му е Ирфан Кариманов. Има 48 години и едно големо хумано срце. Срце што непрекидно бие и ја отчукува фолемата Ирфанова хуманост од 1978 година. Тогаш се вработил и за прв пат ја почуствувал гордоста и самоувереноста како крводарител. Тоа чувство на среќа и на проверка на здравјето го носи токму три децении. За овој период до денеска има дарувано крв токму 100 пати. Годишно три до четири пати. Редовно без исклучок. При годинашново мартовско одбележување на денот на крводарителството Ирфан Кариманов беше единствениот што за 100 пати дарувана крв доби признание и награда. Со ова се вклучи меѓу најдобрите десетмина крводарители што дарувале крв со три бројки. Неговата АБ позитивна крвна група на многумина им донела здравје и среќа. И ако за нив е анонимен и не ги познава луѓето на која им ја подарил својата крв и тој е среќен. Се додека може, така вели, ќе ја испружува раката и ќе се радува.
Својата радост најмногу ја поделува со сопругата Фатиме, синовите Шериф, што е женет и има две деца, Рукан и ќерката Џансевер. Стапките на Ирфан ги следи синот Рукан, Кој за своите 22 години дарувал 15 пати крв. Моментно најголема желба е да изгради само уште една соба за синот дарител, да му овозможи услов за женидба.
Кога ќе го сретнете човекот со тезгето на Градскиот пазар пропуштете го да мине или да му купите некоја дреболија од овој наш непознат, а голем хуманист, мирниот човек Ирфан.
    
Мирен, тих, внимателен, поднаведнат од малото тезге што го носи на кое се наредени: сунгерчиња, батерии, запалки, жилети и други дреболии ќе го сретнете обично во неделните пазарни денови како се провлекува меѓу луѓето на Градскиот пазар од левата страна на градот. Со нискиот раст дури е и неупадлив. Таков е и на работното место во керамичката индустрија “Киро Ќучук”. Порано работел на товарање на тулите, а сега ги пакува во палети. Името му е Ирфан Кариманов. Има 48 години и едно големо хумано срце. Срце што непрекидно бие и ја отчукува големата Ирфанова хуманост од 1978 година. Тогаш се вработил и за прв пат ја почуствувал гордоста и самоувереноста како крводарител. Тоа чувство на среќа и на проверка на здравјето го носи токму три децении. За овој период до денеска има дарувано крв токму 100 пати. Годишно три до четири пати. Редовно без исклучок. При годинашново мартовско одбележување на денот на крводарителството Ирфан Кариманов беше единствениот што за 100 пати дарувана крв доби признание и награда. Со ова се вклучи меѓу најдобрите десетмина крводарители што дарувале крв со три бројки. Неговата АБ позитивна крвна група на многумина им донела здравје и среќа. И ако за нив е анонимен и не ги познава луѓето на која им ја подарил својата крв и тој е среќен. Се додека може, така вели, ќе ја испружува раката и ќе се радува. Својата радост најмногу ја поделува со сопругата Фатиме, синовите Шериф, што е женет и има две деца, Рукан и ќерката Џансевер. Стапките на Ирфан ги следи синот Рукан, Кој за своите 22 години дарувал 15 пати крв. Моментно најголема желба е да изгради само уште една соба за синот дарител, да му овозможи услов за женидба. Кога ќе го сретнете човекот со тезгето на Градскиот пазар пропуштете го да мине или да му купите некоја дреболија од овој наш непознат, а голем хуманист, мирниот човек Ирфан.

ДАРИТЕЛОТ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА

Е-пошта Печати

 

ДАРИТЕЛОТ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА
Димитар Љутков ги има сите карактеристики на велешките шампиони во крводарителството. Оптимист е и покрај тешкотиите со кои секојдневно се судрува, неговиот лик ја искажува определбата секогаш кога е потребно да укаже помош и да дарува крв, додека во неговата душа се вгнездила хуманоста.
По 28-годишно непрекидно работење во керамичката индустрија “Киро Ќучук” е прогласен за технолошки вишок и еве веќе пет години е пријавен во Бирото за вработување. Како што самиот вели се снаоѓа да придонесува во семејството, кое го сочинуваат сопругата, синот и ќерката. Задоволен е од нив бидејќи синот уште пред четири години го завршил факултетот, а на  ќерката  и  претстои   уште завршниот испит на Педагошкиот факултет.
Своето прво крштевање во крводарителството го доживеал во ученичките денови во училиштето за стопанство “Коле Неделковски”, во далечната 1969 година. Оттогаш наваму непрекидно ја дарува својата крв и тоа три или четири пати во годината. Ја дарувал и како војник во поранешна Југославија во Белград и во Бања Лука, а секако најголем впечаток му останал во Приштина. Тогаш, во рамките на популаризирањето на крводарителството, заедно со вработените од претпријатието дарувале крв во овој град при што им бил приреден мошне срдечен пречек.
Со оглед дека ја има ретката крвна група “нулта негатив”, што е мошне бара-на, Димче Љутков истакнува дека често пати се обраќаат до него за помош, да ја дарува својата крв. Досега нема одбиено ниту еден пат, додека на неколку наврати го носеле во Скопје да даде крв за итни случаи. Дури и кога се наоѓал на годишен одмор во нашите летувалишта секогаш кога дознавал за организираните акции за крводарување бил учесник. На своите крводарувања го потсетуваат искажаните благодарности. Скоро при секоја средба еден негов пријател истакнува дека и го продолжил животот на неговата мајка, додека еден млад човек, секогаш кога ќе се сретнат, му вели дека се браќа бидејќи ја добил неговата крв по сообраќајката што ја имал.
Својата крв од ретката група Димче Љутков предвидува да ја дарува се дотогаш додека ќе биде здравствено способен. Во наредната година ќе им се придружи на велешките шампиони во крводарителвото. По стоти пат ќе ја дарува најдрагоцената течност.
Димитар Љутков ги има сите карактеристики на велешките шампиони во крводарителството. Оптимист е и покрај тешкотиите со кои секојдневно се судрува, неговиот лик ја искажува определбата секогаш кога е потребно да укаже помош и да дарува крв, додека во неговата душа се вгнездила хуманоста. По 28-годишно непрекидно работење во керамичката индустрија “Киро Ќучук” е прогласен за технолошки вишок и еве веќе пет години е пријавен во Бирото за вработување. Како што самиот вели се снаоѓа да придонесува во семејството, кое го сочинуваат сопругата, синот и ќерката. Задоволен е од нив бидејќи синот уште пред четири години го завршил факултетот, а на  ќерката  и  претстои   уште завршниот испит на Педагошкиот факултет.
   Своето прво крштевање во крводарителството го доживеал во ученичките денови во училиштето за стопанство “Коле Неделковски”, во далечната 1969 година. Оттогаш наваму непрекидно ја дарува својата крв и тоа три или четири пати во годината. Ја дарувал и како војник во поранешна Југославија во Белград и во Бања Лука, а секако најголем впечаток му останал во Приштина. Тогаш, во рамките на популаризирањето на крводарителството, заедно со вработените од претпријатието дарувале крв во овој град при што им бил приреден мошне срдечен пречек.         Со оглед дека ја има ретката крвна група “нулта негатив”, што е мошне бара-на, Димче Љутков истакнува дека често пати се обраќаат до него за помош, да ја дарува својата крв. Досега нема одбиено ниту еден пат, додека на неколку наврати го носеле во Скопје да даде крв за итни случаи. Дури и кога се наоѓал на годишен одмор во нашите летувалишта секогаш кога дознавал за организираните акции за крводарување бил учесник. На своите крводарувања го потсетуваат искажаните благодарности. Скоро при секоја средба еден негов пријател истакнува дека и го продолжил животот на неговата мајка, додека еден млад човек, секогаш кога ќе се сретнат, му вели дека се браќа бидејќи ја добил неговата крв по сообраќајката што ја имал.         Својата крв од ретката група Димче Љутков предвидува да ја дарува се дотогаш додека ќе биде здравствено способен. Во наредната година ќе им се придружи на велешките шампиони во крводарителвото. По стоти пат ќе ја дарува најдрагоцената течност.

 

Дарителот од пазариште

Е-пошта Печати
Дарителот од пазариште
Низок, набиен, со кратка коса и со широко срце, така накусо изгледа Ресул Алиов. Зборува тивко, размислува што ќе каже овој 40 - годишен повеќекратен доброволен дарител на крв.
Уште како ученик прв пат ја испружил раката. Дал крв. Почуствувал дека неговата крв има цена што тешко може да се израчуна. Токму за тоа продолжил да ја дарува крвта. Својата. Црвената течност што е потребна некому, што ќе му помогне, можеби ќе му спаси живот.
Во крводарителските акции, во Одделението за трансфузија во Велес подарувал крв. Среќавал нови луѓе, воспоставувал нови познанства. Се нижеле дарувањата. Пет, 10, 20. Како ја подарувал својата крв од групата АБ позитив се повеќе станувал горд на себе. Станал хуман човек. Посебно му е драга благодарницата за 75 пати дарувана крв добиена од Општинската организација на Црвениот крст од Велес. Просечно годишно дарува четири – пет пати крв. Според неговите зборови до денес има дарувано вкупно 106 пати.
Тој, како многу велешки дарители, не е вработен. Меѓутоа можете да го сретнете на Градското пазариште. Речиси секој ден е таму. Социјалната помош треба да се надополни. Работи било што. Помага во пазарните денови. На тезгите или нешто да се пренесе. Ако денот му е празен си заминува во домот. Таму се сопругата Мазес, двете деца, таткото и мајката. Бидејки, освен малолетните деца, сите се дарители честа тема им е крводарителството.

Низок, набиен, со кратка коса и со широко срце, така накусо изгледа Ресул Алиов. Зборува тивко, размислува што ќе каже овој 40 - годишен повеќекратен доброволен дарител на крв. Уште како ученик прв пат ја испружил раката. Дал крв. Почуствувал дека неговата крв има цена што тешко може да се израчуна. Токму за тоа продолжил да ја дарува крвта. Својата. Црвената течност што е потребна некому, што ќе му помогне, можеби ќе му спаси живот. Во крводарителските акции, во Одделението за трансфузија во Велес подарувал крв. Среќавал нови луѓе, воспоставувал нови познанства. Се нижеле дарувањата. Пет, 10, 20. Како ја подарувал својата крв од групата АБ позитив се повеќе станувал горд на себе. Станал хуман човек. Посебно му е драга благодарницата за 75 пати дарувана крв добиена од Општинската организација на Црвениот крст од Велес. Просечно годишно дарува четири – пет пати крв. Според неговите зборови до денес има дарувано вкупно 106 пати.Тој, како многу велешки дарители, не е вработен. Меѓутоа можете да го сретнете на Градското пазариште. Речиси секој ден е таму. Социјалната помош треба да се надополни. Работи било што. Помага во пазарните денови. На тезгите или нешто да се пренесе. Ако денот му е празен си заминува во домот. Таму се сопругата Мазес, двете деца, таткото и мајката. Бидејки, освен малолетните деца, сите се дарители честа тема им е крводарителството.

 

Големо пријателство

Е-пошта Печати

  

   Населбата Чашка, што е центар во истоимената општина, кога би се споредувала со соодветните општини во Републикава или пак со крводарителите од населените места кај нас со сигурност би го понела епитетот – најдобра во земјава. Само во минатата година во еден ден при одржувањето на традиционалната крводарителска акција крв даруваа токму 73 жители од населбата. И во оваа година бројката на крводарителите беше значителна. Луѓето доаѓаа, ја оставаа секојдневната работа со желба да ја исполнат својата хумана обврска, да го проверат своето здравје и со полно срце и задоволство пак да го продолжат секојдневието.
   Меѓу многубројните дарители го почнавме разговорот со еден млад, крупен црнокос маж со мустаци. Неговото име со корпулентноста не соодветствуваше. Се претстави. Тодорче Дончевски, 35 годишен жител на Чашка. Станал дарител во далечната 1983 година. Прв пат дарувал и во таа иста година заедно со Славе Крстевски и Благој Пауновски го формирале Друштвото на Црвен крст во Чашка. Оттогаш наваму на секои неколку месеци дарува крв. Токму 89 пати. Во Чашка, во неговата општина е шампион за крводарување. Освен во местото на живеење, својата нулта позитивна крв ја дарувал во Велес, Скопје, Штип и во Струмица. Токму во овој југоисточен град на нашава земја го врзува големо пријателство. Минувајќи случајно кај тамошната болница видел луѓе расплакани. Инстиктивно ги прашал во што е работата. Му одговориле дека неможат да најдат крв за нивната болна жена од селото Василево. Состојбата била критична, а во Струмица немале роднини и пријатели. Тодорче ја понудил својата крв за болната Љуба Шопова. Жената била оперирана, а по оздравувањето дарителот од Чашка бил повикан на свеченоста во Василево. Оваа срдечна средба се повторувала повеќе пати прераснувајќи  во големо и трајно пријателство. За своите дарувања Тодорче Дончевски ги има добиено сите признанија од Црвениот крст. Тој вели дека во Чашка дарителите имаат почит од нивните жители. Токму поради ова се повеќе се зголемува нивниот број. На организираните крводарителски акции редовно по десетина брачни парови заедно даруваат, додека бројот на жените дарителки изнесува – 15. Додека сум здрав нема да престанам да давам крв. По мојот хуман крводарителски пат ќе тргнат и моите две ќерки Весна и Јулијана. Тие се сеуште мали, но за неколку години ќе се запишат во книгата на дарителите – хуманисти во Населба Чашка.

 

 

ПЕДАНТНИОТ КРВОДАРИТЕЛ

Е-пошта Печати

 

ПЕДАНТНИОТ КРВОДАРИТЕЛ
Семејството крводарители-стоткаши деновиве се зголеми за уште еден нов член. Тоа е Никола Љутков, 51-годишен кој токму во овој месец во неговата книшка за евиденција беше впишано стотото дарување.
Овој скромен велешанец за своите досегашни дарувања говори како за вообичаени секојдневни активности, иако во областа на хуманоста тие високо котираат. За вкупно триесетте години, колку што редовно ја испружува својата рака што дарува живот, речиси на секои три месеци ја дава својата крв од нулта група. Скоро со апсолутна педантност, кога ќе изминат точно три месеци Никола Љутков редовно го посетува  Одделението за трансфузиологија при Медицинскиот центар во Велес и ја извршува својата однапред зацртана “Визита”. Таму, овој “Крводарителски пациент” по прегледите претходно од  д-р Стојан Кулеџиовски, а сега од д-р Љиљана Поцкова ја извршува својата хумана обврска при што се евидентира неговото дарување.
Од бројните дарувања сепак, во сеќавање остануваат неколку. Така, Љутков не го заборава своето прво дарување кога ја отслужувал својата воена обврска во поранешната југословенска морнарица. Тогаш, во 1974 година, кога имал 21 година, служел во Пула и на организираната акција во Бриони станал крводарител. Потоа, до завршувањето на воениот рок дарува крв уште три пати. По враќањето во родниот град продолжил со дарувањата на работните места во фабриката за масло “Благој Ѓорев”, во Територијалната противпожарна единица и најмногу во топилницата за цинк и олово каде што работи како референт за заштита од пожари. По вкупно 28 години работен стаж сега ја дели судбината со сите топилничари. Се води на евиденција во Бирото за вработување во Велес.
Секое дарување, па и укажување на било каква помош за Никола Љутков претставува нормална обврска што создава чувство на радост и веселост. За своите досегашни дарувања ги има добиено сите признанија од Црвениот крст и како што нагласува ќе биде дарител се дотогаш додека  ќе го служи здарвјето. му се придружуваме на желбата за добро здравје, а неговите деца Љубинка и Панче да го следат неговиот благороден, хуман пат.
   Семејството крводарители-стоткаши деновиве се зголеми за уште еден нов член. Тоа е Никола Љутков, 51-годишен кој токму во овој месец во неговата книшка за евиденција беше впишано стотото дарување.
   Овој скромен велешанец за своите досегашни дарувања говори како за вообичаени секојдневни активности, иако во областа на хуманоста тие високо котираат. За вкупно триесетте години, колку што редовно ја испружува својата рака што дарува живот, речиси на секои три месеци ја дава својата крв од нулта група. Скоро со апсолутна педантност, кога ќе изминат точно три месеци Никола Љутков редовно го посетува  Одделението за трансфузиологија при Медицинскиот центар во Велес и ја извршува својата однапред зацртана “Визита”. Таму, овој “Крводарителски пациент” по прегледите претходно од  д-р Стојан Кулеџиовски, а сега од д-р Љиљана Поцкова ја извршува својата хумана обврска при што се евидентира неговото дарување.
   Од бројните дарувања сепак, во сеќавање остануваат неколку. Така, Љутков не го заборава своето прво дарување кога ја отслужувал својата воена обврска во поранешната југословенска морнарица. Тогаш, во 1974 година, кога имал 21 година, служел во Пула и на организираната акција во Бриони станал крводарител. Потоа, до завршувањето на воениот рок дарува крв уште три пати. По враќањето во родниот град продолжил со дарувањата на работните места во фабриката за масло “Благој Ѓорев”, во Територијалната противпожарна единица и најмногу во топилницата за цинк и олово каде што работи како референт за заштита од пожари. По вкупно 28 години работен стаж сега ја дели судбината со сите топилничари. Се води на евиденција во Бирото за вработување во Велес.
Секое дарување, па и укажување на било каква помош за Никола Љутков претставува нормална обврска што создава чувство на радост и веселост. За своите досегашни дарувања ги има добиено сите признанија од Црвениот крст и како што нагласува ќе биде дарител се дотогаш додека  ќе го служи здарвјето. му се придружуваме на желбата за добро здравје, а неговите деца Љубинка и Панче да го следат неговиот благороден, хуман пат.

 

АНГЕЛСКОТО КАЈ АНГЕЛ

Е-пошта Печати
АНГЕЛСКОТО КАЈ АНГЕЛ
Скроме, низок, со побелени коси. Своето го одработил и денеска е пензионер. Мала пензија и натамошна борба за егзистенција за внучињата, синот. Во непосредноста и говорот се чувствува искреност и желба за помагање.
Ангелското кај овој 58 – годишен велешанец не се состои само во неговото име, туку во неговите многукратни дарувања.
Поголемиот работен век го поминал во керамичката индустрија “Киро Ќучук” на работното место, пакувач на тулите. Оттука заминал во пензија. Се сеќава за првото дарување и за уште неколку по карактеристични. Другите крводарувања се одвивале по некоја навика и своевиден натпревар помеѓу вработените во фабриката, каде што крводарителството има голема масовност и традиција.
Ангел Миланов ја испружил раката за прв пат точно пред 40 години. Неговата „А“ позитивна крвна група го спасила животот на малото дете. И така, оттогаш па до пред две години, ни повеќе ни помалку, вкупно 108 пати. Не пропуштил ниту една организирана акција што се одржувала во керамичката индустрија, а многу по често ја дарувал својата крв во Службата за трансфузиологија на Медицинскиот Центар. И денеска речиси во детали се сеќава на дарувањето во Скопје. Тогашниот раководител на Службата за трансфузиологија д-р Стојан Кулеџиовски ги убедил како искусен крводарител да отиде во Скопје и да ја даде неопходната течност за тешко болниот пациент. Требало да даде крв директно, како што се вели, од рака на рака. Било тешко, но на крајот и задоволство. Болниот бил спасен, а дадената крв, придонесла да се создаде блискост и пријателство што трае и до денес. Се нижат кажувањата за дарувањата, се отвора ангелската душата на Ангел за крводарувањата, за семејството и петте внучиња од трите ќерки. Порани, вели Ангел, беше нагласено пријателството и колегијалноста, што позитивно се одразуваше и на крводарителството. Денеска тоа го нема.
За своите 108 дарувања ги има добиено сите признанија што се доделуваат од значки, дарителската рака знамето на Македонија. Тие се поставени на едно место во домот на овој крводарителски шемпион. За нив посебно интересирање пројавуваат неговите внучиња од кои некои ќе тргнат по патот на својот дедо, кој е еден од засега шесте „стоткаши” во Општината.

   

 

Скромен, низок, со побелени коси. Своето го одработил и денеска е пензионер. Мала пензија и натамошна борба за егзистенција за внучињата, синот. Во непосредноста и говорот се чувствува искреност и желба за помагање.
   Ангелското кај овој 58 – годишен велешанец не се состои само во неговото име, туку во неговите многукратни дарувања.
    Поголемиот работен век го поминал во керамичката индустрија “Киро Ќучук” на работното место, пакувач на тулите. Оттука заминал во пензија. Се сеќава за првото дарување и за уште неколку по карактеристични. Другите крводарувања се одвивале по некоја навика и своевиден натпревар помеѓу вработените во фабриката, каде што крводарителството има голема масовност и традиција.
    Ангел Миланов ја испружил раката за прв пат точно пред 40 години. Неговата „А“ позитивна крвна група го спасила животот на малото дете. И така, оттогаш па до пред две години, ни повеќе ни помалку, вкупно 108 пати. Не пропуштил ниту една организирана акција што се одржувала во керамичката индустрија, а многу по често ја дарувал својата крв во Службата за трансфузиологија на Медицинскиот Центар. И денеска речиси во детали се сеќава на дарувањето во Скопје. Тогашниот раководител на Службата за трансфузиологија д-р Стојан Кулеџиовски ги убедил како искусен крводарител да отиде во Скопје и да ја даде неопходната течност за тешко болниот пациент. Требало да даде крв директно, како што се вели, од рака на рака. Било тешко, но на крајот и задоволство. Болниот бил спасен, а дадената крв, придонесла да се создаде блискост и пријателство што трае и до денес. Се нижат кажувањата за дарувањата, се отвора ангелската душата на Ангел за крводарувањата, за семејството и петте внучиња од трите ќерки. Порани, вели Ангел, беше нагласено пријателството и колегијалноста, што позитивно се одразуваше и на крводарителството. Денеска тоа го нема.    За своите 108 дарувања ги има добиено сите признанија што се доделуваат од значки, дарителската рака знамето на Македонија. Тие се поставени на едно место во домот на овој крводарителски шемпион. За нив посебно интересирање пројавуваат неговите внучиња од кои некои ќе тргнат по патот на својот дедо, кој е еден од засега шесте „стоткаши” во Општината.

 

Дарител по календар

Е-пошта Печати
























   Годинава по повод 14-ти Јуни – Светскиот ден на крводарителството на свеченоста што се одржа во големата сала на Советот на општина Велес, единствен дарител што во минатата година дал крв по стоти пат беше Зоран Панов. Доделеното признание претставуваше само уште една потврда за овој скромен дарител да служи на хуманоста, како и многубројните велешки крводарители.
   За прв пат раката ја испружил во 1979 година, на 18 години како ученик во училиштето “Димитар Влахов” во Скопје. Оттогаш па наваму до неговата 45 година, како што вели самиот, нема “промашено” годишно по четири пати да дава крв. На секои три месеци, точно во терминот од последното дарување со евентуални разлики од само неколку денови, календарски ја дава најдрагоцената течност за човекот. Во изминативе 27 години неизменетиот просек од 4 пати годишно Зорановата дарувана крв од групата “0 позитив” се евидентира во Одделението за трансфузиологија при Медицинскиот центар во Велес.
   Во својот работен век Зоран Панов, кој има вкупно стаж од 13 години во Порцеланка и во Основниот суд, а во последниве 16 месеци во ДООЕЛ “Мирана” од гарантираните два дена за крводарување има користено околу 15 дена. - Тоа не ми значи многу зошто не ми се потребни, а и здрав се чувствував. Меѓутоа, кога размислувам воопшто за крводарителството порано многу повеќе внимание се посветуваше за него отколку тоа што е денеска. И покрај ваквата положба мене не ми пречи да бидам дарител и натаму. Ќе бидам се дотогаш додека здравјето ме држи.
   Инаку крводарителските активности на Зоран Панов, ги продолжува неговиот 25- годишен син Оливер, кој досега дарувал крв 12 пати. И братот на Зоран, Коле Панов е повеќекратен дарител. Тој досега има дарувано преку 70 пати крв. И што е значајно тој е дарител на повик.

 

 

ЈУБИЛЕЈОТ ЗА РОДЕНДЕНОТ

Е-пошта Печати
ЈУБИЛЕЈОТ ЗА РОДЕНДЕНОТ
Тих, повлечен, не говори многу. Според конструкцијата на анатомската градба не е атлет. Меѓутоа, во телото отчукува најголемото срце кај велешките крводарители. Тоа е човекот што дал најмногу крв во Велес и велешко. Се вика Жарко Шијан, 55-годишен работник без редовна работна обврска. Работи каде ќе најде работа. Моментално е вработен во приватна фирма и задоволен е. Придонесува за семејството што го сочинуваат неговиот невработен син, сопругата Тимка е пензионерка и неговата мајка. Двете ќерки се мажени и има по едно внуче од нив.
Уште како осумгодишник со татко му се доселил во Велес. Тука завршил осмо одделение. Долга низа од години работел по договор на дело во “Бетон”, Порцеланка, “Лозар”, “Македонија табак”. Редовен работен однос засновал во 1977 година во Керамичката индустрија “Киро Ќучук”. Во оваа организација работел 15 години. Тука го заработил “ишијасот” поради што во 1992 година добил преквалификација за да го одржува паркот и зеленилото. Тогаш ја напуштил работата, но не го прекинал крводарувањето каде “стажот” му започнал уште во далечната 1966 година.
За прв пат во Тетово ја дарувал својата крв – нулта позитивна. И оттогаш наваму годишно 4-5 пати редовно ја испружува својата рака на организираните крводарителски акции или пак во Службата за трансфузиологија при Медицинскиот центар во Велес. Штом ќе изминат три месеци, а некогаш и порано, како по некоја стара добра навика, без повик ја дарува својата крв. – Кога дарувам, имам чувство дека ми е полесно на душата, како наново да сум се родил, вели Жарко. Јас, откога давам крв досега воопшто не сум се разболел.
И така, Жарко Шијан за овие свои 36 крводарителски лета дарувал крв точно 149 пати. Секогаш е подготвен да ја дарува скапоцената течност, а еднаш дури го откажал планираното патување бидејќи се барала крв за итен случај. Бил многу среќен кога му била доделена плакета за 100 пати дарувана крв.
Оваа година, кога во јуни ќе наполни 55 години ќе го прослави својот нов голем крводарителски јубилеј. Тоа ќе биде 150-иот пат што ќе биде запишан во неговата книшка за дарувана крв. Својот јубилеј ќе го одбележи при одржувањето на традиционалната летна солидарна акција, што годинава Општинската организација на Црвен крст од Велес ќе ја организира по осми пат. Дотогаш Жарко Шијан, тивкиот човек со темните рамки на очилата со голема диоптрија, ќе живее со својата животна синтагма “крводарувањето ги зближува луѓето”.
      
   Тих, повлечен, не говори многу. Според конструкцијата на анатомската градба не е атлет. Меѓутоа, во телото отчукува најголемото срце кај велешките крводарители. Тоа е човекот што дал најмногу крв во Велес и велешко. Се вика Жарко Шијан, 55-годишен работник без редовна работна обврска. Работи каде ќе најде работа. Моментално е вработен во приватна фирма и задоволен е. Придонесува за семејството што го сочинуваат неговиот невработен син, сопругата Тимка е пензионерка и неговата мајка. Двете ќерки се мажени и има по едно внуче од нив. Уште како осумгодишник со татко му се доселил во Велес. Тука завршил осмо одделение. Долга низа од години работел по договор на дело во “Бетон”, Порцеланка, “Лозар”, “Македонија табак”. Редовен работен однос засновал во 1977 година во Керамичката индустрија “Киро Ќучук”. Во оваа организација работел 15 години. Тука го заработил “ишијасот” поради што во 1992 година добил преквалификација за да го одржува паркот и зеленилото. Тогаш ја напуштил работата, но не го прекинал крводарувањето каде “стажот” му започнал уште во далечната 1966 година.
   За прв пат во Тетово ја дарувал својата крв – нулта позитивна. И оттогаш наваму годишно 4-5 пати редовно ја испружува својата рака на организираните крводарителски акции или пак во Службата за трансфузиологија при Медицинскиот центар во Велес. Штом ќе изминат три месеци, а некогаш и порано, како по некоја стара добра навика, без повик ја дарува својата крв. – Кога дарувам, имам чувство дека ми е полесно на душата, како наново да сум се родил, вели Жарко. Јас, откога давам крв досега воопшто не сум се разболел.
   И така, Жарко Шијан за овие свои 36 крводарителски лета дарувал крв точно 149 пати. Секогаш е подготвен да ја дарува скапоцената течност, а еднаш дури го откажал планираното патување бидејќи се барала крв за итен случај. Бил многу среќен кога му била доделена плакета за 100 пати дарувана крв.
   Оваа година, кога во јуни ќе наполни 55 години ќе го прослави својот нов голем крводарителски јубилеј. Тоа ќе биде 150-иот пат што ќе биде запишан во неговата книшка за дарувана крв. Својот јубилеј ќе го одбележи при одржувањето на традиционалната летна солидарна акција, што годинава Општинската организација на Црвен крст од Велес ќе ја организира по осми пат. Дотогаш Жарко Шијан, тивкиот човек со темните рамки на очилата со голема диоптрија, ќе живее со својата животна синтагма “крводарувањето ги зближува луѓето”.

Не живеев џабе

Е-пошта Печати

 

   Ѕвонењето на телефонот ги прекина мислете на пензионерката. Кој ли телефонира напладне? Со пријателката се слуша наутро или приквечер кога задолжително се пие кафето. Дилемите исчезнаа кога беше поканета да дојде во просториите на Општинската организација на Црвениот крст и со себе да ги понесе признанијата добиени како крводарителка.
   Средбата беше остварена по неколку денови. Крепка старица, видно возбудена, со неколку брчки околу устата и на челото и со благи очи што можеа да се видат под наочарите. Тоа беше првото сознание за Милица Илиќ - Ќурчиева, шампионка во крводарување меѓу жените во Македонија.
   Прв пат ја испружила раката како 14-годишно девојче во родното Кралево, во Домот за незгрижени лица. По три години го среќава својот животен сопатник и одтогаш веќе е 46 години постојана жителка на Велес. Се вработува во Керамичката индустрија “Киро Ќучук”. Во фабричкиот круг ја познаваат не само како шеф на кујната, туку како крводарителка која несебично, во секој момент е подготвена да даде крв за оние на кои што им е најпотребна. Повеќе вработени се обраќале за помош за нив или за членови на нивните семејства. Секогаш наидувале на разбирање. Има повеќе моменти кои оваа хумана жена не може да ги заборави и по толку изминати години. Во рок од само три дена дала два пати крв за еден шофер од керамичката индустрија. Вкупно четири пати давала крв директно од рака на рака. Најмногу била натажена кога починал директорот на комерција Панче Далев, за кого три пати дарувала крв.
   Во 1964 година го загубила едниот бубрег. Била разочарана. Набргу заздравела и била бескрајно радосна кога и соопштиле дека и натаму може да биде крводарителка. Во меѓувреме добива признанија од Републичкиот Црвен крст за нејзината хуманост на полето на крводарителството. Продолжува со дарувањата. Годишно во просек 3-4 пати. Освен во Велес својата рака ја испружува во Охрид, Струга и други градови. Како позната и призната крводарителка била испратена 10 дена на летување во Охрид.
   Се до 1993 година, до пензионирањето, е редовен крводарител. Нејзината нулта крвна група тече во телата на преку 120 приматели. Значи, Како што вели Милица не сум живееле џабе. Денеска живее сама во својот стан на Енгелсова во Велес. Во самотијата често се навратува размислувајќи за своите дарувања, но и на луѓето од претпријатието. Оваа наша хероина, што се чувствува понекогаш заборавена од луѓето, со големо задоволство ја прифати поканата од Општинската организација на Црвениот крст да биде почесен гостин на традиционалната солидарна крводарителска акција, што се одржува во текот на летото. Така, Милица нема да биде заборавена и за нејзиниот двоен празник. Денот на крводарителите – 17 март, кој истовремено претставува ден кога ќе наполни 64 години.

 

ШИРОКАТА НАСМЕВКА НА ДАНЧО

Е-пошта Печати

  

 

   Велат дека крупните луѓе се добри, широкогради, пресретливи, спремни да помогнат. Кога еднаш ќе се определат да бидат хумани, остануваат   засекогаш.
   Вакви и слични карактерни црти го красат повеќекратниот велешки крводарител, Данчо Коларов. Редовен крводарител е преку три децении. За овој период дарувал вкупно 111 пати, или годишно по три до четири пати. Кога зборува за своите многубројни дарувања со длабока, широка насмевка истакнува дека тие се нормална појава кај секој крводарител. Дарувањето, вели тој, според многумина претставува навика. Напротив, тоа прераснува во потреба,  во неопходност да се помогне не само кога треба крв за трансфузија на болните, туку и за оние на кои им е потребна помош во несреќа или друга слична ситуација.
   Како и кај повеќето дарители и за него е незаборавно првото дарување. Бил ученик во Електро-машинскиот училишен центар “Злате Малаковски” во Гостивар. Од учениците било побарано да дадат крв за повеќе настрадани во сообраќајна несреќа. Околу 20-тина ученици несебично се одзвале на повикот. Меѓу нив бил и Данчо. По десетина денови неколкумина од настраданите ги посетиле младите дарители. Им изразиле голема благодарност врачувајќи им подароци  за нивниот примерен гест. Вакви слични средби на благодарност Данчо Коларов имал повеќе. Една од нив со Ромот Алија прераснала во големо пријателство.
   Овој велешки крводарителски рекордер своето искуство го применува на работното место во МХК “Злетово”  Претседател е на Друштвото на Црвениот крст, кое  е едно од најуспешните во Општината. Опфаќа 750 крводарители, а во последната крводарителска акција, спроведена во Топилницата даруваа крв 65 вработени. И покрај фактот што крводарителите немаат привилегии и подобар третман, вели Коларов со својата карактеристична широка насмевка, јас ќе ја продолжам мојата определба да дарувам крв се додека мојот организам ќе биде во состојба тоа да го правам. И покрај добиените највисоки признанија на планот на крводарителството, за мене секое дарување има  своја  особеност на радост и исполнето задоволство.

 

Страница 10 од 13

Online Донација

online_donacija
info