јануари 27, 2020

УЧЕНИЦИТЕ ОД БУЗАЛКОВО ЕДУЦИРАНИ ЗА ПРВЕНЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

Во Подрачното училиште во село Бузалково денеска се одржаа работилници за „Превенција од зависности“. На работилниците беа опфатени сите ученици од седмо, осмо и деветто одделение во ова населено место. Зошто да се каже „НЕ“ за цигарите, алкохолот и дрогата научија вкупно 105 ученици кои беа на едукација.

Денешните активности се дел од проектот „Првенција од зависности“ на Агенцијата за млади и спорт, а во реализација на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес. На сите работилници со учениците работеше волонтерот и врснички едукатор Александра Здравевска.

Во рамки на овој проект досега се опфатија пет училишта од Велес и околината. Во наредниот период ќе се едуцираат учениците од ООУ „Панко Брашнар“ и „ООУ Васил Главинов“.

< врати се назад