февруари 15, 2020

ЗАВРШЕНИ ОБУКИТЕ ЗА ПРОГРАМАТА ЦКА-ПХВ 2020

Вкупно 35 нови волонтери на вознаст помеѓу 13 и 17 години успешно ја завршија обуката во рамки на Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ 2020 година.

Тие ги посетија трите работилници на кои се запознаа со Организацијата на Црвен крст, научија како да препознаат локален проблем во една заедница, кои се причините за неговото настанување, што да се превземе за подобрување на ситуацијата и секако на крајот како тоа добро да се документира на хартија за да изгледа како добар проект.

Во наредните два и пол месец овие волонтери, поделени во тимови, ќе изберат по еден проблем кој ќе се обидат да го поправат, на тој начин од прва рака ќе дознаат како е да се помогне на некој кој има потреба од тоа.

Секој од тимовите има ментор, а сите се координарани од локалниот дисеминатор Алекандра Здравевска која втора година по ред ја извршува оваа функција во Општинската организација на Црвен крст од Велес.

< врати се назад