декември 6, 2019

Д-Р ВЛАДО ХАЏИ НАУМОВ ДОБИТНИК НА НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО

На државната манифестација која денеска се одржа во Скопје доделени се националните признанија за волонтерство по овод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерството.

Помеѓу овогодинешните тројца добитници се наоѓа и Д-р Владо Хаџи Наумов волонтер на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес.

Во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес е еден од волонтерите кои имаат најголем стаж. Д-р Владо Хаџи Наумов е дел од нашата организација над 40 години.

Нашите податоци покажуваат дека тој активно придонесувал за црвениот крст во 1979 година, но и нешто пред тоа. Во овие четири децении најголем ангажман има во делот за обука на граѓаните за Прва помош.

Тој е еден од лекарите кои со години ја изведуваат обуката по Прва помош за кандидати за возачи или пак за заштита на работното место. Повеќе години ја извршуваше и функцијата Претседател на Комисијата за прва помош, и судија на Државните и Општински наптревари по Прва помош.

< врати се назад