Крводарителство

Крводарителството во Република Македонија се темели на принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност. Само ваквите принципи обезбедуваат посигурна крв и крвни продукти. Со самото дарување на крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност.

Со придржувањето кон споменатите принципи, Република Македонија ги исполнува сите поставени услови од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

                        И З В Е Ш Т А Ј

                      за активностите на Црвен крст на Република Северна Македонија

                                          Општинската организација Велес

                    и остварените резултати во крводарителството во 2025 година

 

Законот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Статутарните задачи на Црвениот крст на РСМ и проектираните задачи и активности содржани во периодичните програми што ги донесува нашето национално друштво претставуваат основа за ангажирање на Црвен крст на Република Северна Македонија на полето на крводарителството и унапредување на доброволното дарување.

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес согласно својот Статут ги дефинираше активностите и задачите во годишниата програма за работа во 2025 година. Со Службата за тансфузија при Општата болница од Велес детектирани се основните цели: Навремено и континуирано обезбедување на доволни количини крвни единици наменети за болните во ЈЗУ „Општа болница“ Велес, како и за исполнување на обврските кон клиниките во Скопје. Целите беа исполнети преку организирање и изведување на планираните крводаритески акции, афирмација и популаризирање на доброволното дарување крв заради зголемување на бројот на доброволните дарители, равномерен развој на крводарителството во сите средини на живеење и делување на граѓаните и оддавање соодветно внимание и благодарност на доброволните дарители на крв, волонтерите во Општинската организација кои се ангажираат во оваа значајна хуманитарна дејност, основните организации на Црвениот крст и други организации кои на организиран начин даваат свој придонес во развојот на крводарителството.

При настојувањата да се остварат целите и задачите, постигнати се следните резуктати:

Во текот на 2025 година собрани се вкупно 3.802 крвни единици со што годишниот план од 1860 крвни единици е остварен со 204.40%. На терен се изведени вкупно 28 акции за доброволно дарување крв на кои се собрани  1.568 крвни единици, додека преостанатите 2.234  дарувања се собрани во одделението за трансфузиона медицина во Велес и останатите одделенија во околните болници од самоиницијативни дарувања на доброволни крводарители. Од собраните 3.802 крвни единици 889 се од крводарители жени додека 561 се од дарители кои прв пат дарувале во својот живот. 

Во споредба со претходната 2024 година собрани се 24 крвни единици помалку ( во 2024 година собрани се 3.826 крвни единици а годишниот план беше остварен со 205.40 %). На терен беа изведени 28 крводарителски акции на кои беа собрани 1.405 крвни единици.

Бројот на дарувања од крводарители жени е намален за еден, а бројот на нови крводарители е намален за 13 (во 2024 година имало 890 крводарувања од жени, а 574 од дарители кои прв пат дарувале крв). Од прикажаните податоци може да се констатира дека во текот на 2025 година има континуитен и високо ниво на бројот на собраните крвни единици во однос на претходната 2024 година. Со собраните 3.802 крвни единици обезбеден е континуиран и доволен прилив на крв во ЈЗУ Општа болница во Велес и се исполнети обврските према клиничкиот центар во Скопје.

Од организираните 28 крводарителски акции по три се изведени со дарители од општина Чашка и Општина Градско две АРМ и една во МВР во Велес. Исто така по една акција една се идведе, со ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Изводничкиот одред „Димитар Влахов“ со Здружение „Велес Бајкинг“, SKILL Up Academy и ЈЗУ „Здравствен дом“. Две многу успешни крводарителски акции се изведоа со Мото Клубот „Носачи на крстот“ и со учениците од средните училишта во градот. Останатите крводарителски акции беа наменети за граѓанството.

Во 2025 година најуспешни крводарителски акции се двете акции кои се организираа со поддршка на Мото клубот „Носачи на крстот“ на кои се собраа вкупно 383 крвни единици, крводарителските акции во Општина Градско каде се даруваа 395 единмици. Посебно треба да се одлебежат крводарителските акции за Денот на Општина Велес и за Денот на Општина Градскокаде се даруваа по 200 крвни единици.

Покрај вообичаениот преглед на собрани крвни единици според работни и животни средини, категории на дарители и други правни субјекти, во понатамошниот дел од овој извештај прикажан е и преглед на организираните крводарителски акции во извештајната година со датумот на организирањето, организаторот и бројот на собраните крвни единици.

Општа оценка е дека крводаритеските акции беа добро организирани со зголемен одзив на доброволни дарители. Бројката на дарители на крводарителски акциие на високо ниво и најголема во последните дваесет години.

Исто така, неопходно е да се истакне дека, како и многу години наназад, одлични резултати се постигнати и од самоиницијативните дарувања, што секако се должи и на ефикасноста и соодветниот однос на вработените спрема дарителите во одделението на ИТМ во Велес.

Во текот на извештајната година Комисијата за здравствено превентивна дејност и крводарителство одржа една седница на која во Дневниот ред беа разгледани извршувањата на активностите  во претходната година, планирања и договор за спроведување на конкретни активности во текот на годината, беа разгледувани и прифаќани предлози за доделување признанија на поединци и основни организации, договор за одбележување на денот на крводарителството, како и анализа на прашања поврзани со крводарителството.

Значајно место во развитокот на крводарителството и неговото остварување беше постигнато и преку контактите со локалните, а во неколку случаи и републичките медиуми. Секоја организирана активност, акција, секоја позначајна манифестација беа проследени од локалните радија, веб страната на ООЦК и другите афирмирани интернет портали. Исто така секоја организирана активност на полето на крводарителството беше објавена на електронски весник на ЦКРСМ, на интернет страната на Општинската организација и на профилите на социјалните мрежи.

По повод 17-ти Март, ден на Црвениот крст и ден на крводарителството во РСМ во просториите на Општина Велес се одржа манифестација на која се доделија јубилејни признанија за крводарителите кои имаат по 50, 75 и 100 дарувања.

Во напорите за оддавање соодветно внимание спрема доброволните дарители на крв, активистите на организацијата и организираните субјекти што даваат свој допринос за развој на крводарителството традиционално како и во претходните години и во 2025 година во просториите на Општинската организација на Црвен крст беа доделени над 200 признанија за 5, 10 и 25 дарувања.

Посебни треба да се нагласи дека во 2025 година за прв пат успеавме да организираме крводарителска акција во населеното место Горно Јаболчиште. Тоа е место го голем број на жители и потенцијални крводарители. Интенцијата е оваа крводарителска акција да стане традиционална и да се одржува еднаш до два пати во годината.

И покрај добрите постигнати резултати се испречуваат повеќе потешкотии кои му стојат на патот на натамошниот развој на крводарителството. Со престанокот на организирање на крводарителските акции во работните средини во голема мера е изгубен контактот на Општинската организација, Ова доведе и до речиси целосно замирање на организираниот живот на крводарителите во Велес, што доведува до состојба крводарителите да немаат со кого да ги споделат своите проблеми, ставови, видувања и предлози. Во овој правец се чувствува потреба од артикулирање на потребите, интересите и комуникациите на крводарителите и во крводарителството.

На одделението за трансфизиологија во Велес се дарува крв само во деновите Понеделник и Четврток што влијае за намалување на бројот на крводарители.

                                                                 П Р Е Г Л Е Д

                                  на организираните крводарителски акции во 2025 година

 

Ред.бр.

Датумлокација (средина) соорганизаторСобрани

Единици

122.01.2025Граѓанство – Ликовен салон32
230.01.2025Чашка18
318.02.2025СВР Велес8
401.03.2025ИО „Димитар Влахов“66
516.03.2025Скил ап академија56
611.03.2025ССОУ „Димитрија Чуповски“31
726.03.2025ДСУ РЦСОО  „Коле Неделковски“37
806.04.2025Мото Клуб183
911.04.2025АРМ31
1013.04.2025Градско96
1115.05.2025СОУ „Гимназија Кочо Рацин“22
1220.05.2025ООУ Св Кирил и Методиј10
1326.05.2025Чашка16
1407.06.2025Граѓанство – Акција за Рацин34
1529.07.2025ARM20
1610.08.2025Градско99
1723.08.2025Чашка19
1824.08.2025Граѓанство – Летна акција135
1918.09.2025ЈЗУ „Здравствен дом“23
2007.10.2025ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“42
2102.11.2025Ден на Опш. Велес (Опш. Велес и Мото Клуб200
2204.11.2025ССОУ „Димитрија Чуповски“20
2321.11.2025АРМ20
2430.11.2025Велес Бајкинг99
2511.12.2025СОУ „Гимназија Кочо Рацин“17
2614.12.2025Градско200
2715.12.2025ООУ „Блаже Конески“15
2826.12.2025Горно Јаболчиште20
                                                                                                                       ВКУПНО1.568

Велес, Јануари 2026 година                                                           Комисија за здравствено превентивна

дејност и крводарителство

< врати се назад