СТАТУТ НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
С Т А Т У Т
на
Црвен крст на Република Северна Македонија
Општинска организацијa Велес
Велес, Aприл 2026 година
| ПРЕАМБУЛА | ||
| ГЛАВА I | ОПШТИ ОДРЕДБИ | |
| Член 1 | Профил на организацијата | |
| Член 2 | Правен статус | |
| Член 3 | Делокруг на работа | |
| Член 4 | Амблем | |
| Член 5 | Лого, знаме, штембил и печат | |
| ГЛАВА II | ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ | |
| Член 6 | Цели и задачи | |
| Член 7 | Јавни овластувања | |
| Член 8 | Приоритетна дејност, законски олеснувања и буџетска поддрешка | |
| Член 9 | Календар на активности | |
| ГЛАВА III | ВОЛОНТЕРИ, ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ | |
| Волонтери | ||
| Член 10 | Волонтирање во Општинската организација | |
| Член 11 | Обврски на волонтерите | |
| Член 12 | Права на волонтерите | |
| Член 13 | Уредување на волонтерска работа | |
| Членови | ||
| Член 14 | Членување во Општинската организација | |
| Член 15 | Обврски на членовите | |
| Член 16 | Права на членовите | |
| Член 17 | Престанок на членување | |
| Член 18 | Исклучување на член | |
| Член 19 | Постапки и регистрирање на членови | |
| Член 20 | Почесен член | |
| Поддржувачи | ||
| Член 21 | Поддржувачи на Општинската организација | |
| ГЛАВА IV | МЛАДИ И ПОДМЛАДОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ | |
| Член 22 | Мобилизирање на млади и подмладок | |
| Член 23 | Млади | |
| Член 24 | Младинско учество | |
| Член 25 | Органи и нормативна рамка на млади на Општинска организација | |
| Член 26 | Подмладок | |
| ГЛАВА V | OРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И ОРГАНИ НА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА | |
| Член 27 | Организациона поставеност | |
| Член 28 | Органи | |
| Член 29 | Профил на раководна структура | |
| Собрание | ||
| Член 30 | Собрание на Општинска организација | |
| Член 31 | Состав и мандат | |
| Член 32 | Надлежности | |
| Член 33 | Седници на Собрание | |
| Член 34 | Кворум и гласање | |
| Раководен одбор | ||
| Член 35 | Раководен одбор на Општинска организација | |
| Член 36 | Состав и мандат | |
| Член 37 | Процедури | |
| Член 38 | Кворум и гласање | |
| Член 39 | Надлежности | |
| Претседател | ||
| Член 40 | Претседател на Општинска организација | |
| Член 41 | Надлежности | |
| Член 42 | Мандат | |
| Потпретседател | ||
| Член 43 | Потпретседател на Општинска организација | |
| Секретар | ||
| Член 44 | Секретар на Општинска организација | |
| Член 45 | Надлежности | |
| Стручна служба | ||
| Член 46 | Стручна служба | |
| Член 47 | Заштита на интегритет кај стручната служба | |
| ГЛАВА VI | СТАТУТАРНИ КОМИСИИ НА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА | |
| Член 48 | Статутарни комисии | |
| Член 49 | Финансиска комисија | |
| Член 50 | Комисија за организација, развој и човечки ресурси | |
| Член 51 | Комисија за статут и нормативни акти | |
| Член 52 | Советодавни, помошни, стручни тела, комисии и работни групи | |
| ГЛАВА VII | СТРУКТУРНА ПОСТАВЕНОСТ НА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА | |
| Член 53 | Организациска поставеност | |
| Член 54 | Основни организации | |
| ГЛАВА VIII | ФИНАНСИРАЊЕ НА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА | |
| Член 55 | Финансирање | |
| Член 56 | Финансиски придонеси | |
| Член 57 | Финансиско работење | |
| Член 58 | Поднесување на извештаи за финансиското работење на Општинската организација | |
| Член 59 | Имот | |
| ГЛАВА IX | ИНТЕГРИТЕТ | |
| Член 60 | Заштита, одговорност и согласност | |
| ГЛАВА X | СЛУЖБА ЗА БАРАЊЕ- ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИ ВРСКИ | |
| Член 61 | Нормативна рамка на делување и финансирање на службата за барање | |
| ГЛАВА XI | СОРАБОТКА | |
| Член 62 | Партнерска соработка | |
| ГЛАВА XII | ЈАВНОСТ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО | |
| Член 63 | Јавност, информирање, доверба и одговорност | |
| Член 64 | Доделување признанија | |
| ГЛАВА XIII | ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ | |
| Член 65 | Престанок на работата на Општинска организација | |
| Член 66 | Толкување на текст и јазици | |
| Член 67 | Постапка за донесување, изменување и дополнување на статут | |
| Член 68 | Статусни измени | |
| Член 69 | Мандати и реизбор | |
| Член 70 | Влегување на сила | |
| Член 71 | Важење на Статут |
ПРЕАМБУЛА
Иницијативата за формирање на Црвениот крст на Република Македонија е поднесена на Второто заседание на АСНОМ од 1944 година, а е формиран на 17 март 1945 година.
Самостојно дејствува и работи како националното друштво од 21 мај 1992 година.
Владата на Република Македонија на 25 август 1993 ги потпиша Женевските конвенции од 12 август 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година, а Собранието на Република Македонија на 01 август 2008 година го ратификува Третиот Дополнителен протокол од 2005 година.
На 26 јули 1994 година на седница на Собранието на РМ донесен е Закон за Црвениот крст на Република Македонија со кој организацијата на Црвениот крст на Република Македонија е призната како единствена организација на Црвениот крст на територијата на РМ за помош на ранливото население и поддршка на државните институции на хуманитарен план.
Црвениот крст на Република Македонија е признат од Меѓународниот Комитет на Црвениот крст на 01 ноември 1995 година и е полноправен член на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина од 27 ноември 1995 година.
Црвениот крст на Република Северна Македонија во своето работење се раководи од Основните Принципи на Движењето, Статутот на Меѓународното Движење – Меѓународна Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Женевските конвенции од 1949 година, Дополнителните протоколи од 1977 година и 2005 година, резолуциите на Меѓународната конференција на Црвен крст и Црвена полумесечина и Советот на Делегати, Законот за Црвен крст на Република Македонија од 1994 година, измена на Законот за Црвен крст на Република Македонија од 1997 г., измена на Законот за Црвен крст на Република Македонија од 1998 г. и измена на Законот за Црвен крст на Република Македонија од 2019 г., Статутот на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина и Статутот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како и со почитување на важечките национални закони и политики.
МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина опфаќа три компоненти кои блиску соработуваат. Тоа се:
- Меѓународен Комитет на Црвен крст (МКЦК) формиран во 1863 година;
- Меѓународна Федерација на Друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина (Меѓународна Федерација), формирана во 1919 година;
- Национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.
МЕЃУНАРОДЕН КОМИТЕТ НА ЦРВЕН КРСТ
Меѓународниот Комитет на Црвен крст (МКЦК) со седиште во Женева, е непристрасна, неутрална и независна организација чија хуманитарна мисија е да го заштитува животот и достоинството на жртвите од војна и внатрешни насилства, како и да им обезбеди помош. МКЦК ги води и координира меѓународните активности за хуманитарна помош на Движењето при конфликтни ситуации. Се стреми да ги спречи страдањата на луѓето преку промовирање и зајакнување на хуманитарното право и универзалните хуманитарни принципи. Формиран во 1863, МКЦК е основач на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена Полумесечина. МКЦК има мандат, доверен од државите, заснован на Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи, како и на Статутот на Движењето. Мандатот му дава право на извршување на специфични активности и хуманитарни иницијативи особено во случај на вооружен судир. МКЦК денес е признат и како меѓународно правно тело и од 1990 година има статус на набљудувач во Генералното Собрание на Обединетите Нации.
МЕЃУНАРОДНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ДРУШТВА НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА
ПОЛУМЕСЕЧИНА
Меѓународната Федерација на Друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина е формирана во 1919 година и претставува најголемата хуманитарна организација составена од 191 националното друштво со преку 16 милиони волонтери во своите редови. Со седиште исто така во Женева, ја координира и насочува меѓународната помош по случување на природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот, за задоволување на приоритетните потреби и подобрување на животот на ранливите луѓе. Преку активностите на националните друштва членки, на годишна основа се помагаат над 160 милиони луѓе преку долгорочни услуги, развојни програми и активности за одговор при катастрофи. Организацијата работи на подобрување на глобалните хуманитарни стандарди за поддршка на здрави и безбедни заедници, намалување на ранливоста, зајакнување на отпорноста на луѓето и промовирање мир ширум светот. Операциите за помош се комбинираат со развојна работа, вклучувајќи програми за подготвеност при катастрофи, здравствени и социјални активности и промоција на хуманитарни вредности. Меѓународната Федерација, исто така обезбедува поддршка за програми за намалување на ризици и борба против ширење на болести, како и активности за борба против дискриминација и насилство и промовирање на човекови права и помош за мигранти.
НАЦИОНАЛНИ ДРУШТВА НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
Националните друштва се столбот на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина. Секое националното друштво е составено од мрежа на волонтери и вработени во заедниците кои обезбедуваат широк спектар на услуги. Специфичната улога на националните друштва и услугите што тие ги обезбедуваат варира од земја до земја. Ова се должи на различните потреби на заедниците, како и на различните односи кои националните друштва ги имаат со државните институции во земјите каде работат. Националните друштва имаат помошна улога на властите во државата во спроведувањето на јавните хуманитарни услуги. Преку своите локални ограноци, националните друштва се присутни речиси во секоја заедница во светот и се во можност да ги покријат приоритетните потреби на погоденото население каде што другите не можат. Националните друштва работат во различни контексти и култури и се соочуваат со различни предизвици. Националните друштва работат на превенцијата на болести, унапредување на здравјето и ублажувањето на човечкото страдање преку сопствени програми на полето на образование, здравствена и социјална грижа. Во соработка со државните органи обезбедуваат хуманитарна помош и други услуги за помагање на жртвите на вооружени судири и жртвите од природни катастрофи и други вонредни состојби. Го промовираат меѓународното хуманитарно право, ги дисеминираат Основните принципи и вредности на Движењето и заштита на амблемите на Црвен крст и Црвена полумесечина.
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА, ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ И СОВЕТ НА ДЕЛЕГАТИ
Секои четири години, компонентите на Движењето заедно со претставници на државите членки потписнички на Женевските конвенции се состануваат на Меѓународната Конференција на Црвен крст и Црвена полумесечина. Конференцијата е највисокото тело на Движењето, чија основна улога е да ги испитува општите хуманитарни прашања од заеднички интерес.
Покрај тоа, на секои две години Движењето одржува два други важни состаноци: Генералното собрание, кое го сочинуваат делегати од сите национални друштва членки и Советот на делегати, на кои присуствуваат националните друштва, Меѓународната Федерација и Меѓународниот Комитет на Црвен крст. Собранието ги утврдува општите политики на Меѓународната Федерација, додека Советот на делегати донесува резолуции за дејствување и адвокативност на Движењето.
Врз основа на член 25, став 1, точка 1 и член 58 од Статутот на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинската организација Велес, Собранието на Општинската организација на седницата одржана на 20.04.2026 година, донесе
С Т А Т У Т
на Црвен крст на Република Северна Македонија
Општинска организација Велес
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Профил на организацијата
| Карактер на организацијата
| 1. | Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Велес (во понатамошниот текст: Општинска организација) е хуманитарна, доброволна, непристрасна, неутрална, универзална и независна организација на граѓаните, формирана од Црвениот крст на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: ЦКРСМ) за единиците на локалните самоуправи: Општина Велес, Општина Чашка и Општина Градско кои ги покрива со своето работење. |
| 2. | На територијата на единиците на локалните самоуправи, Општинската организација дејствува и работи како составен дел на ЦКРСМ. | |
| 3. | Општинската организација во смисла на став 1 од овој член, дејствува и работи како непрофитна, самостојна и автономна организација и има помошна улога на властите во единиците на локалните самоуправи, при што ја задржува независноста да дејствува во согласност со политиките на ЦКРСМ и со Oсновните принципи на Движењето. | |
| 4. | Општинската организација во својата работа ја промовира волонтерската служба. | |
| 5. | Работењето на Општинската организација е уредена со овој Статут кој е во согласност со Статутот на ЦКРСМ. | |
| 6. | Општинската организација во својата работа е обврзана да го почитува и спроведува Статутот на националното друштво и да ги спроведува одлуките, заклучоците, правилниците, политиките, правилата, кодексите и препораките донесени од националното друштво. |
Член 2
Правен статус
| Правен статус
| 1. | Општинската организација има својство на правно лице регистрирано согласно законските прописи, со назив, сопствена жиро сметка, штембил и тркалезен печат кои ги користи во правниот промет. |
| Назив | 2. | Називот на Општинската организација е: Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Велес. |
| Седиште | 3. | Седиштето на Општинската организација е во Велес на ул. 8-ми септември бр.166А |
Член 3
Делокруг на работа
| Цели и задачи
| 1. | Општинската организација своите цели и задачи ги остварува согласно Уставот на РСМ, важечкото национално законодавство, Законот за Црвениот крст на РМ, Статутот на ЦКРСМ и овој Статут. |
| 2. | Општинската организација, во остварувањето на своите цели и задачи се раководи од Основните принципи на Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина и од одредбите на Женевските конвенции и Дополнителните протоколи. |
Член 4
Амблем
| Изглед | 1. | Амблемот на Црвен крст е црвен крст со пет еднакви квадрати на бело поле, во согласност со Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година и 2005 година и регулативите за употребата на амблемот на Црвен крст и Црвената полумесечина од националните друштва усвоени на 20-та Меѓународна конференција на Црвен крст и Црвена полумесечина (Виена, 1965 година) и ревидирани на Советот на делегати (Будимпешта, 1991 година). |
| Употреба | 2. | Заштитната и индикативната употреба на амблемот и името на Црвен крст се регулирани со Законот за Црвен крст на Република Македнија. |
Член 5
Лого, знаме, штембил и печат
| Лого | 1. | Во своето работење, општинската организација го користи единственото логото на национално друштво кое е уредено во Член 5 точка 1 од Статутот на ЦКРСМ. |
| Знаме | 2. | Во своето работење, општинската организација го користи единственото знаме на национално друштво кое е уредено во Член 5 точка 3 од Статутот на ЦКРСМ. |
| Штембил | 3. | Штембилот на Општинската организација е: во горниот дел, во средината има амблем на Црвениот крст, под амблемот натпис-Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Велес на македонски јазик. |
| Печат | 4. | Тркалезниот печат на Општинската организација е: во средината има амблем на Црвениот крст, а околу амблемот натпис: Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Велес на македонски јазик |
| 5. | Печатот и штембилот на Црвениот крст се користи исклучиво со отисок во црвена боја. |
- ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Член 6
Цели и задачи
| Цели
| 1. | Примарна цел на Општинската организација е ублажување на човековите страдања, укажување помош на лица во случај на вооружени судири, внатрешни судири, итни состојби и природни катастрофи, подобрување на состојбата на ранливите лица кои се изложени на ризик со коj се загрозува нивниот опстанок и можноста да живеат со минимална социјална и економска сигурност и човечко достоинство, превенирање на болести и подигање на здравствената култура, поттикнување на волонтерство, солидарност и меѓусебно помагање, без дискриминација по основ на национална припадност, раса, пол, вера, јазик, државјанство, етничко потекло, возраст, попреченост, полова определба и сексуална ориентација, општествена положба, политичка определба и на било која друга основа. |
| Задачи | 2. | Согласно со програмите и политиките на националното друштво, општинската организација ги врши следните задачи: – ги дисеминира и промовира Основните принципи на Движењето, Женевските конвенции и Дополнителните протоколи, Меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности; – врши работи кои произлегуваат од одредбите на Женевските Конвенции и Дополнителните Протоколи; – врши помошна улога на властите во државата согласно одредбите на Женевските конвенции и Дополнителните протоколи и Законот за Црвен крст на РМ: – организира, поттикнува и оспособува граѓани за чување на здравјето, превенирање на зависности и подобрување на условите за живот; – работи на унапредување и омасовување на крводарителството врз принципот на доброволност, анонимност и бесплатност; – придонесува во ублажување на социјалните проблеми и намалување на ранливоста на населението; – учествува во обезбедување и врши распределба на хуманитарна помош; – учествува во обезбедување здравствена и психосоцијална поддршка и унапредување на менталното здравје на населението во мирновремнски услови и при елелментарни непогоди, катастрофи и кризи; – учествува во организирање, прибирање и распределување хуманитарна помош; – учествува во акции на меѓународна солидарност организирани од Националното друштво во случај на елементарни непогоди, катастрофи и несреќи; – учествува во оспосубање на населението како да постапува во случај на катастрофи: – организира и оспособува тимови за одговор при катастрофи; – учествува во обезбедување грижа и укажување на прва помош на планина; – учествува во активности за безбедност на вода на отворени и затворени водени површини; – учествува во активности на Службата за барање – Воспоставување на семејни врски. – учествува во оспособување на населението за укажување прва помош; – организира обуки за прва помош за заштита при работа за потребите на правни лица; – организира обуки за прва помош за кандидати за возачи на моторни возила; – организира обуки за прва помош за управување на пловни објекти; – организира обуки за прва помош за други целни групи; – за организираните обуки води евиденција и издава уверенија на националното друштво; – организира услуги и оспособува кадри за грижа на болни и стари лица и лица со попреченост; – организира наменски санитетски транспорт; – развива форми за вон-институционална заштита на ранливи категории на население; – со надлежните институции и организации учествува во прифаќање, сместување и згрижување на настрадано и ранливо население, мигранти, бегалци, баратели на азил; – го негува, промовира и вреднува волонтерството; – учествува во правење процена на потребите на заедницата и на соодветен начин обезбедува поддршка и – ги промовира вредностите на Црвениот крст кај младите и поттикнува организирани форми на младинско работење. |
| Исклучоци | 3. | Општинската организација по исклучок може да спроведува одредени активности кои не се превидени во задачите од овој член по претходно одбрение на Генералниот секретар. |
| 4. | Општинската организација по исклучок, може одредени активности и овластувања да ги извршува на територијата на друга Општинска организација по претходно одбрение на Раководниот одбор на ЦКРСМ. |
Општинската организација не може да спроведува задачи кои не се во согласност со Основните принципи на Движењето, позитивните законски прописи во државата, Статутот на ЦКРСМ и овој Статут.
Општинската организација може да врши стопански активности наменети за социјални цели, доколку тоа не е во спротивност со Основните принципи на Движењето, позитивните законски прописи во државата, Статутот на ЦКРСМ и овој Статут.
Член 7
Јавни овластувања
| Договори | 1. | Договорите склучени со други организации или субјекти, особено со јавните власти поврзано со извршувањето на јавните услуги, се вршат во писмена форма и во никој случај не смеат да претставуваат обврска општинската организација да дејствува спротивно на целите и политиките на националното друштво и Основните принципи. |
Член 8
Приоритетна дејност, законски олеснувања и буџетска поддршка
| Приоритетна дејност/Главна приходна шифра | 1. | Општинската организација во Централниот регистар на РСМ е регистрирана под главна приходна шифра: 88.990 останати дејности на социјална заштита без сместување, н.д.м. |
| Буџетска поддршка | 2. | Единиците на локалните самоуправи кои Општинската организација ги покрива со своето работење, можат од своите буџети да обезбедат средства за реализација на програмските активности на Општинската организација. |
Член 9
Календар на активности
| Календар на активности
| 1. | Општинската организација организира и одбележува традиционални манифестации, акции и активности утврдени во Законот за Црвен крст на РМ и календарот на активности за одбележување на значајни датуми на ЦКРСМ. |
- ВОЛОНТЕРИ, ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ
Вoлонтери
Член 10
Волонтирање во Општинската организација
| Волонтирање
| 1. | Волонтирањето во Општинската организација е од посебен интерес за организацијата и е активност која е мотивирана од слободната желба на лицето за волонтирање, непоттикнато од желба за материјална или финансиска добивка и не е под надворешно, социјално, економско или политичко влијание. |
| 2. | Општинската организација го негува, промовира и вреднува волонтерството, ги вклучува волонтерите во програмските активности на Општинската организација и има одговорност кон нив. | |
| 3. | Волонтирањето е наменето во корист на ранливото население на заедниците согласно со основните принципи на Црвениот крст и Црвената полумесечина. | |
| 4. | Волонтирањето во Општинската организација е отворено за сите. Волонтер може да биде секое лице кое доброволно со личен придонес, ентузијазам и заложба извршува раоти за Општинската организација и помага за подобрување на животот на ранливото население, без материјален надомест и корист, без дискриминација по основ на национална припадност, раса, пол, вероисповест, јазик, полова определба и сексуална ориентација, државјанство, етничко потекло, возраст и попреченост, општествена положба, социјално потекло и политичка определба, религиозни убедувања, степен на образование, имотна положба или на било која друга основа. | |
| Евиденција
| 5. | Општинската организација води евиденција на волонтерскиот ангажман. |
Член 11
Обврски на волонтерите
| Обврски
| 1. | Волонтерите на Општинската организација имаат обврска да: – ги промовираат вредностите на волонтерската служба; – го почитуваат Законот, Статутот и другите акти на Црвениот крст на РСМ; – ги почитуваат и дисеминираат основните принципи на Движењето; – работат според поставените стандарди за работа; и – се однесуваат во согласност со Кодексот на однесување на членови и волонтери во ЦКРСМ и Политиката за волонтирање во ЦКРСМ. |
Член 12
Права на волонтерите
| Права
| 1. | Волонтерите на Општинската организација имаат право на: – соодветна обука за исполнување на дадените ангажмани; – соодветна опрема согласно поставените задачи; – можности за личен развој; – надомест на разумни трошоци направени во текот на спроведување на волонтерска работа, доколку не се обезбедени на друг начин (храна, превоз, сместување); – почитување на лични мислења и идеи при креирање и реализација на соодветни активности; – информирање за работењето на Општинската организација и – вреднување и признавање на нивниот придонес. |
Член 13
Уредување на волонтерска работа
| Начин на уредување на волонтерска работа | 1. | Постапката за организирање на волонтерската работа во Општинската организација, постапување по поплаки, изрекување дисциплински мерки или решавања на спорови во кои се вклучени волонтерите и правото на жалба се регулира со Правилник за волонтирање во ЦКРСМ. |
Членови
Член 14
Членување во Општинска организација
| Дефиниција
| 1. | Член на ЦКРСМ е лице кое формално ги прифаќа условите за членување согласно со одредбите на Статутот на ЦКРСМ и овој Статут, плаќа годишна членарина, придонесува и го поддржува развојот на Општинската организација. |
| Членување | 2. | Членувањето во ЦКРСМ е можно за секој поединец без разлика на пол, етничко потекло, националност или државјанство, возраст, попреченост, јазик, религиозни убедувања, социјално потекло, раса, вера, сексуална ориентација, политичка определба или било која друга основа. |
| 3. | Членувањето во ЦКРСМ е доброволно и отворено за сите. | |
| 4. | Член на ЦКРСМ може да биде секое лице кое го прифаќа Статутот на ЦКРСМ и овој Статут и доброволно потпишува пристапница. | |
| 5. | Малолетно лице со навршени 15 години пристапницата ја поплнува сам дополнета со изјава за давање согласност од неговиот законски застапник. | |
| 6. | Член на ЦКРСМ може да биде и малолетно лице до 14 годишна возраст чија пристапница во Црвениот крст ја пополнува неговиот законски застапник. | |
| 7. | Ниедно лице не може да стане член на ЦКРСМ доколку се занимава со одредена дејност која е во спротивност со Основните принципи и мисијата на Меѓународното Движење, односно доколку има судир на интереси со ЦКРСМ. |
Член 15
Обврски на членовите
| Обврски
| 1. | Членовите имаат обврски да: – ги почитуваат Основните принципи; – го почитуваат амблемот на Црвениот крст; – го прифаќаат и почитуваат Статутот на ЦКРСМ и овој Статут; – ја унапредуваат и активно да учествуваат во работата на Општинската организација; – се придржуваат до правилата, политиките и процедурите на ЦКРСМ за членство; – плаќаат годишна членарина чија висина се утврдува зависно од категоријата на членство за да се поттикне пошироко и помасовно учество и поддршка на работата на Црвениот крст во општественото опкружување. |
Член 16
Права на членовите
| Права
| 1. | Членовите имаат право да: – учествуваат во работата на општинската организација; – бираат и да бидат бирани во органите и телата на општинската организација; – добиваат известување и да присуствуваат на релевантни состаноци; – се оспособуваат за извршување на конкретни задачи на општинската организацијата; – доставуваат предлози и прашања и да иницираат теми за расправа до структурите во Општинската организација и во Националното друштво; – бидат информирани за работењето на Општинската организација и – биде вреднуван и признат нивниот ангажман со награди, признанија и личен развој. |
Член 17
Престанок на членување
| Начин на престанок на членување
| 1. | Членувањето во ЦКРСМ престанува со: – исклучување; – поднесување писмена изјава за истапување; – неплаќање на две последователни годишни членарини и – смрт на членот. |
Член 18
Исклучување на член
| Основи за исклучување на член
| 1. | Членот може да биде исклучен од членство во следните случаи: – повреда на основните принципи на Движењето; – непочитување на Статутот на ЦКРСМ и Статутот на Општинската организација; – членувањето во ЦКРСМ се злоупотребува за лична корист; – злоупотреба на амблемот на Црвениот крст; – вклучување во активности кои се штетни за угледот на ЦКРСМ. – при отповикување/престанок на мандат на претстваник во Собранието и член на раководни структури во Општинската организација, за сторено дело кое го прави недостоен и го нарушува угледот на ЦКРСМ. |
Член 19
Постапки и регистрирање на членови
| Постапки | 1. | Постапката за прием и престанок на член во ЦКРСМ, постапување по поплаки, изрекување дисциплински мерки или решавање на спорови во кои се вклучени членовите и правото на жалба се регулира со Правилник за членување во ЦКРСМ, кој обезбедува процедурална правичност и гаранции за правична постапка. |
| Регистар на членови | 2. | Евиденција на членството во Општинската организација се води во Регистри на членови во Основните организации и Клубови на млади. |
Член 20
Почесен член
| Почесен член | 1. | Почесен член е лице кое како волонтер, донатор или на друг начин дало исклучителен придонес и го помага развојот на Општинската организација. |
| 2. | Почесен член прогласува Раководниот одбор на Општинската организација, согласно со Правилникот за доделување признанија на ЦКРСМ. | |
| 3. | Почесниот член нема право на глас, не може да бира и да биде биран во органите и телата на Општинската организација. | |
| 4. | Почесниот член може, но нема обврска да плаќа годишна членарина. |
Поддржувачи
Член 21
Поддржувачи на Општинската организација
| Дефиниција
| 1. | Поддржувачи на Црвениот крст се физички и правни лица кои со доброволно давање на материјална, финансиска, стручна или друга поддршка придонесуваат за реализирање на мисијата, визијата, програмите и активностите на Црвениот крст. |
| 2. | Поддржувачите на Црвениот крст не стекнуваат статус на член, ниту права и обврски кои произлегуваат од членството, но се стекнуваат со можност за јавна благдарност и признание за нивниот исклучителен придонес во реализација на хуманитарните цели. |
- МЛАДИ И ПОДМЛАДОК НА ЦРВЕН КРСТ
Член 22
Мобилизирање на млади и подмладок
| Мобилизирање на млади и подмладок | 1. | Општинската организација работи на привлекување и вклучување на млади и подмладок во активностите на Црвениот крст, ги поддржува, оспособува и ја промовира нивната работа. |
Член 23
Млади
| Дефиниција
| 1. | Млади на Општинската организација се лица на возраст од 15 до 29 години кои ја поддржуваат мисијата и визијата и активно учествуваат во остварувањето на целите и задачите на ЦКРСМ. Во нивното работење се водат од Основните принципи на Движењето, делувајќи без дискриминација по основ на пол, етничко потекло, националност или државјанство, попреченост, јазик, религиозни убедувања, социјално потекло, раса, вера, полова определба, сексуална ориентација, политичка определба или на било која основа. |
| 2. | Младите на Општинската организација се составен дел на Општинската организација. |
Член 24
Младинско учество
| Младинско учество | 1. | Младите на Општинската организација, со свои претствници учествуваат во органите и телата на Општинската организација. |
| 2. | Младите на Општинската организација имаат право да учествуваат во разни облици на неформална едукација со цел промоција и унапредување на здравјето, ублажување на социјалните проблеми, дејствување при итни состојби од хуманитарен аспект, зачувување на достоинството и различностите, обучување на младата популација за заштита и самозаштита, заштита на животна средина. промовирање на принципите на Движењето, промовирање на култура на дијалог за взаемно разбирање, толеранција и хуман однос без дискриминација. |
Член 25
Органи и нормативна рамка на млади на Општинската организација
| Органи на Млади | 1. | Младите во Општинската организација дејствуваат и работат во Клуб на млади на Општинската организација. |
| 2. | Клубот на млади на Општинската организација од своите редови избира Лидер, Заменик лидер и Координативно тело. | |
| 3. | Клубот на млади на Општинската организација од своите редови избира делегати во Собранието на Општинска организација. | |
| 4. | Клубот на млади на Општинската организација од своите редови избира делегат во Советот на млади на ЦКРСМ. | |
| Нормативна рамка која ја уредува работата на младите | 5. | Организирањето и работата на младите во Општинската организација е урдена со Статутот на ЦКРСМ, овој Статут, како и со Правилник за организација и работа на Младите на Црвениот крст донесен од Советот на млади на ЦКРСМ, на кој согласност дава Раководниот одбор на ЦКРСМ. |
Член 26
Подмладок
| 1. | Подмладок на Општинската организација се лица на возраст до 14 години. | |
| 2. | Подмладокот се вклучува во активностите на Општинската организација, ја развива својата емпатија и се едуцира во духот на хуманоста, солидарноста и меѓусебната почит. |
- ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И ОРГАНИ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 27
Организациона поставеност
| Поставеност | 1. | Општинската организација е организиран на: – општинско ниво – основно ниво |
Член 28
Органи
| Органи | 1. | Органи на Општинската организација се: – Тела со раководни функции: Собрание Раководен одбор Претседател и Потпретседател – Тело со извршна функција: Секретар |
| Заштита на интегритет, јавни функции и судир на интереси | 2. | Аспектите поврзани со заштита на интегритетот, јавни функции и судир на интереси на членовите на органите на општинската организација се регулирани во Член 28 од Статутот на ЦКРСМ.
|
| Процедури | 3. | Процедурите за работа на органите се утврдени во Процедуралните правила на ЦКРСМ. |
Член 29
Профил на раководна структура
| Разноличност | 1. | Членовите на раководните структури ги отсликуваат разноличностите на Општинската организација. |
| Селекција | 2. | За членови во раководните структури во Општинската организација се избираат компетентни лица со соодветни квалификации и капацитети, од различни ентитети, струки – области на работа, политички определби и верувања, со познавање на организацијата и посветеност за реализација на активностите на Општинската организација. Членовите на раководните структури пожелно е да поседуваат способност за планирање, управување, тимска работа, организациски способности, мобилизирање на ресурси, комуникација и маркетинг и се угледни личности со високи морални квалитети. |
| Недискриминација | 3. | Изборот на членови во раководните структури на Општинската организација се врши без никаква дискриминација по основ на национална припадност, раса, пол, вера, јазик, полова определба, сексуална ориентација, општествена положба, политичка определба, државјанство, етничко потекло, возраст, попреченост или на било која друга основа. |
Секретарот на Општинската организација и вработените лица во стручната служба не можат да бидат бирани во органите, телата и статутарните комиси, но можат да учествуваат во работата на истите. | ||
Сoбрание
Член 30
Собрание на Општинска организација
| Дефиниција | 1. | Собранието на Општинската организација е највисок раководен орган на Општинската организација. |
Член 31
Состав и мандат
| Состав | 1. | Собранието на Општинската организација составено од: – Избрани делегати од основните организации на Црвениот крст; – Избрани делегати од клубот на млади; |
| 2. | Вкупниот број на делегатите е Дваесет и еден (21) | |
| Критериум, квота и структура | 3. | Критериумите, квотата и структурата на делегати во Собранието на Општинската организација се утврдува со одлука на Раководниот одбор на Општинската организација, врз основа на бројот на жители на единиците на локалните самоуправи кои Општинската организација ги покрива со својата работа. |
| Мандат | 4. | Мандатот на делегат во Собранието на Општинската организација е 4 (четири) години, односно до верификувањето на мандатот на новоизбраните делегати со право на реизбор. |
| Престанок на мадат | 5. | Мандатот на делегат во Собранието на Општинската организација може да престане: – по негово барање; – распуштање на Собрание на Општинската организација; – статусни промени (присоединување и спојување на Општинската организација; – престанок на Општинската организација; – со истек на време на траење на мандат и – поради смрт. |
| Отповикување/ Разрешување на делегат | 6. | Делегат во Собранието на Општинската организација може да се отповика / разреши пред истекот на мандатот во случај на повреди на одредбите на Статутот на ЦКРСМ, овој Статут и други акти на ЦКРСМ. |
| 7. | Делегат во Собранието на Општинската организација се отповикува / разрешува пред истекот на мандатот доколку со правосилна судска одлука е осуден за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци. | |
| Продложување на мандат | 8. | Мандатот на делегати во Собранието на Општинската организација може да биде продолжен со одлука на Собранието на ЦКРСМ со мнозинство гласови од присутните делегати со право на глас во случај на: – политичка и општествена криза; – прогласена вонредна и воена состојба; – епидемии, елементарни непогоди и катастрофи и – како резултата на виша сила се до моментот на повторно создравање на услови за организирање на избори. |
| Кодекс на однесување | 9. | Секој делегат во Собранието на Општинската организација е должен да ги почитува етичките стандарди и вредности на ЦКРСМ. |
Член 32
Надлежности
Собранието ги има следните надлежности:
| Избор / разрешување – претседател | 1. | Избира и разрешува претседател на Општинската организација со тајно гласање со 2/3 (двотретинско) мнозинство од присутните делегати. |
| Избор / разрешување потпреседател | 2. | Избира и разрешува потпретседател на Општинската организација со тајно гласање со 2/3 (двотретинско) мнозинство од присутните делегати. |
| Избор / разрешување – членови на Раководен одбор | 3. | Избира и разрешува членови на Раководен одбор на Општинската организација со тајно гласање со мнозинство на присутните делегати. |
| Избор /разрешување на Финансиска Комисија | 4 | Избира и разрешува претседател и членови на Финансиската комисија на Општинската организација со тајно гласање со мнозинство на присутните делегати. |
| Избор на претствници во повисоки органи | 5. | Избира преставници во Собранието на ЦКРСМ, со јавно гласање. |
| Програма, извештаи, буџет | 6 | На предлог на Раководниот одбор: – ја потврдува донесената програма за работа и финансискиот план-буџет; – усвојува годишен извештај за работа и годишен финансиски извештај; – разгледува Извештај за работа на Финансиската комисија на крајот на мандатот, а по потреба и периодично. |
| Ревизорски извештај | 7. | Усвојува извештај на надворешен ревизор. |
| Статут
| 8. | Донесува Статут на Општинската организација и врши измена и дополнување по постапка како и за негово донесување. |
| Други регулативи | 9. | Донесува општи акти, одлуки, заклучоци и други акти од интерес и значење за Општинската организација. |
| Имот | 10. | Поднесува предлог за отуѓување имот на Општинската организација до Раководениот одбор на ЦКРСМ. |
Член 33
Седници на Собрание
| Редовни седници | 1. | Собранието на Општинската организација одржува најмалку една редовна седница во текот на годината. |
| 2. | Седниците на Собранието ги свикува и со нив претседава Претседателот на Општинската организација, а во негово отсуство Потпретседателот. | |
| 3. | На седниците на Собранието можат да бидат присутни и други поканети лица, во својство на гости и набљудувачи, без право на глас. | |
| Вонредни седници | 4. | Вонредна седница на Собранието може да биде свикана на иницијатива на Претседателот, на Раководниот одбор како и на барање на 1/3 (една третина) од делегатите на Собранието или на барање на секретар, во рок од 15 (петнаесет) дена од поднесената иницијатива. |
| 5. | Доколку во рок од 15 дена од поднесената иницијатива претседателот не ја свика седницата, иницијативата за свикување треба да ја поддржат повеќе од 1/2 (една половина) од делегатите на Собранието со право на глас за да се одржи седницата. | |
| 6. | Доколку претседателот или потпретседателот не претседава со вонредната седница, со истата претседава најстариот член од иницијаторите. |
Член 34
Кворум за гласање
| Кворум | 1. | Собранието работи доколку на седницата присуствуваат повеќе од 1/2 (една половина) од вкупниот број на делегати на Собранието. |
| 2. | Ако не се обезбеди потребниот кворум, седицата се одложува. | |
| Итна седница | 3. | Доколку се работи за итна и неодложна ситуација седницата повторно се свикува во наредни 48 (четириесет и осум) часа, при што Собранието ќе работи доколку на седницата присуствуваат повеќе од 1/3 (една третина) од вкупниот број на делегати на Собранието, а одлуките и заклучоците се донесуваат со мнозинство гласови од присутните делегати. |
| Гласање | 4. | Општите акти, одлуките и заклучоците се донесуваат со мнозинство гласови од присутните делегати. |
| 5. | Потребното мнозинство и јавноста/тајноста на гласањето за конкретни одлуки е уредено во Процедуралните правила на ЦКРСМ; | |
| 6. | Собранието може да биде распуштено со Одлука донесена со 2/3 (двотретинско) мнозинство од вкупниот број на делегати на Собранието, како и со Одлука на Собранието на ЦКРСМ. |
Раководен одбор
Член 35
Раководен одбор на Општинска организацаија
| Дефиниција | 1. | Раководниот одбор е тело на Собранието кое раководи со Општинската организација помеѓу седниците на Собранието. |
Член 36
Состав и мандат
| Состав | 1. | Раководниот одбор е составен одбор е седум (7) члена: – претседател на Општинската организација . – потпретседател на Општинската организација; – Пет (5) избрани членови од редот на Собранието на Општинската организација во кои влегува и претставник од редот на младите. |
| 2. | Претседателот на Општинската организација претседава со седниците на Раководниот одбор, а во негово отсуство Потпретседателот. | |
| Мандат | 3. | Мандатот на член на Раководниот одбор трае 4 (четири) години со можност за уште два последователни мандати. |
| Отповикување на член | 4. | Членот на Раководен одбор може да се отповика/разреши пред истекот на мандатот во случај на повреди на одредбите на Статутот на ЦКРСМ, овој Статут и други акти на ЦКРСМ. |
| 5. | Членот на Раководен одбор се отповикува/разрешува пред истекот на мандатот доколку со правосилна судска одлука е осуден за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци. | |
| Престанок на мандат | 6. | Мандатот на член на Раководниот одбор може да престане по негово барање, неоправдано три (3) пати последователно отсуство од седници, со смрт и престанок на Општинската организација. |
| Продолжување на мандат | 7. | Мандатот на членовите на Раководниот одбор на Општинската организација може да биде продолжен со одлука на Собранието на ЦКРСМ со мнозинство гласови од присутните делегати со право на глас во случај на: – политичка и општествена криза; – прогласена вонредна и воена состојба – епидемии, елементарни непогоди и катастрофи; и – како резултата на виша сила; се до моментот на повторно создавање на услови за организирање на избори. |
| Кодекс на однесување | 8. | Секој член на Раководниот одбор е должен да ги почитува етичките стандарди и вредности на ЦКРСМ утврдени во Кодекс на однесување на членовите на Раководниот одбор. |
Член 37
Процедури
| 1. | Раководниот одбор одржува најмалку четири седници во текот на годината, а по потреба и повеќе. | |
| 2. | Седниците на Раководниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот на Општинската организација, а во негово отсуство потпретседателот. | |
| 3. | Претседателот свикува вонредна седница по сопствена иницијатива, на барање на 1/3 (една третина) од членовите на Раководниот одбор или на барање на секретар во рок од 15 (петнаесет) дена од поднесената иницијатива. | |
| 4. | Доколку претседателот не ја свика седницата, иницијативата за свикување треба да ја поддржат повеќе од една половина од членовите на Раководниот одбор за да се одржи седницата. | |
| 5. | Доколку претседателот или потпретседателот не претседава со вонредната седница со истата претседава највозрасниот член од иницијаторите. | |
| 6. | Членовите на Раководниот одбор за својата работа се одговорни пред Собранието на Општинската организација. | |
| 7. | На седниците на Раководниот одбор присуствува и секретарот на Општинската организација, кој има советодавна улога, без право на глас. | |
| 8. | На седницата на Раководниот одбор присуствуваат и вработени на стручната служба на Општинската организација, а можат да бидат присутни и други лица, јавни личности и стручни лица и гости, поканети на предлог на претседателот или секретарот, без право на глас. |
Член 38
Кворум и гласање
| 1. | Раководниот одбор работи доколку на седницата присуствуваат повеќе од 1/2 (една половина) од членовите на Раководниот одбор, а одлуките и заклучоците се донесуваат со консензус на присутните членови. Доколку не може да се постигне консензус, одлуките на Раководниот одбор се носат со просто мнозинство од присутните членови. Доколку не се обезбеди потребниот кворум за одржување на седницата, истата се одлага. | |
| 2. | Доколку се оцени дека се работи за итна и неодложна ситуација, седницата повторно се свикува во наредни 48 (четириесет и осум) часа, при што Раководниот одбор работи доколку на седницата присуствуваат повеќе од 1/3 (една третина) од вкупниот број на членови на Раководниот одбор, а одлуките и заклучоците се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови. | |
| 3. | Во случај на изедначено гласање, гласот на претседателот е одлучувачки. | |
| 4. | На донесена одлука од страна на Раководниот одбор, оспорена од претседателот на Општинската организација, за која тој смета дека е спротивна на Основните принципи на Движењето, Законот за Црвен крст на РМ и другите позитивни законски прописи како и овој Статут, претседателот може да не ја потпише. | |
| 5. | За оспорената одлука Раководниот одбор повторно расправа во рок од 15 дена и доколку истата ја донесе во истоветен текст, претседателот е должен да ја потпише. Доколку и покрај тоа одбива да ја потпише, таквата одлука може да ја потпише потпретседателот. |
Член 39
Надлежности
Раководниот одбор ги има следните надлежности:
| Доделени/ делегирани прашања | 1. | Одлучува по сите прашања што му се доделени или делегирани со Статутот или со одлука на Собранието на Општинската организација. |
| 2. | Спроведува политики и одлуки на Собранието, обезбедува насоки и поддршка за Секретарот во спроведување на одлуките на Собранието на Општинската организација. | |
| 3. | Поднесува предлози и иницијативи до Собранието. | |
| Избор /именувања и разрешувања | 4. | Именува и разрешува Секретар на Општинска организација во согласност со Правилникот за именување и разрешување на генерален секретар на ЦКРСМ, секретар на ЦКГС и секретар на ООЦК, по претходно добиена согласност од Раководниот одбор на ЦКРСМ. |
| 5. | Одлучува за состав на статутарни комисии во Општинската организација кои се во негова надлежност и разгледува и усвојува извештаи за нивната работа. | |
| 6. | По потреба, формира советодавни, помошни и стручни тела кои обезбедуваат советодавна и стручна поддршка за работењето на Општинската организација и именува претседател и членови на истите. | |
| Надворешна ревизија | 7. | По претходна спроведена постапка одобрува избор на надворешен и независен ревизор. |
| 8. | Разгледува извештај од надворешен ревизор и го поднеусува до Собранието на Општинската организација на усвојување. | |
| План, извештај Буџет | 9. | Донесува програма за работа, финансиски план-буџет со 2/3 (двотретинско) мнозинство на гласови од присутните членови. |
| 10. | Утврдува предлог годишен извештај за работата и предлог годишен финансиски извештај и ги доставува до Собранието на усвојување. | |
| Одлуки | 11. | Донесува: – одлуки, заклучоци и други општи акти, кои се од значење за Општинската организација; – одлука за поднесување на завршна сметка; – конечни одлуки во рамки на своите овластувања како второстепен орган по приговори и жалби; – одлука за критериуми, квота и структура на избрани (предложени) претствници од Основните организации за членови во Собранието на Општинската организација и – одлуки за формирање Основни организации на Црвен крст. |
| 12. | Утврдува: – предлог-дневен ред за седниците на Собранието; – предлог за донесување, изменување и дополнување на Статутот на Општинската организација; – по предлог на Комисијата за организација, развој и човечки ресурси може да номинира кандидати за носители на функции во Општинската организација. | |
| Имот | 13. | Располага и управува со имотот на Општинската организација. |
| Меѓународна соработка | 14. | Остварува меѓународна соработка по претходно добиено одобрение од Раководниот одбор на ЦКРСМ |
| Извештаи | 15. | Разгледува и усвојува информации и извештаи за спроведени акции и активности. |
Претседател
Член 40
Претседател на Општинска организација
| Функција | 1. | Претседателот е највисоко избрано лице во Општинската организација. |
| Избор | 2. | Претседателот го бира Собранието со тајно гласање со 2/3 (двотретинско) мнозинство од присутните делагати на Собранието. |
| Опсег на делување | 3. | Претседателот за својата работа е одговорен пред Собранието и се грижи за остварување на целите и задачите на Општинската организација и ја извршува својата функција соглсно надлежностите утврдени во овој Статут. |
| 4. | Претседателот делува согласно со овластувањата кои му се доделени од страна на Собранието и Раководниот одбор да ги води и насочува активностите на Општинската организација, вклучително и активностите на Секретарот, во согласност со одлуките на Собранието и Раководниот одбор. |
Член 41
Надлежности
| Надлежности
Потпишување и спроведување на одлуки и акти
Претставување и други задачи | 1. | Претседателот ги има следните надлежности: – ги свикува и претседава со седниците на Собранието и Раководниот одбор; – ја следи работата и состојбата на Општинската организација и за истото најмалку еднаш во годината го информира членството, Собранието и Раководниот одбор на Општинската организација; – ја следи работата на статутарните комисии на Општинската организација; – по потреба може да го повика потпретседателот и претседателот на Финансиската комисија да му помогнат поединечно или колективно во извршувањето на функцијата; – потпишува одлуки и други општи акти донесени од страна на Собранието и Раководниот одбор; – ја претставува организацијата на домашен и на меѓународен план и извршува и други задачи доверени од Собранието и Раководниот одбор. |
| Делегирани/ доделени надлежности | 2. | Претседателот може да делегира дел од своите надлежности кои произлегуваат од овој член на потпретседателот. |
Член 42
Мандат
| Времетраење на мандат | 1. | Мандатот на Претседателот е 4 (четири) години со можност за реизбор, но не повеќе од 5 (пет) мандати сметано од денот на стапување на ЦКРМ во полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина (27.11.1995 година). |
| Отповикување на мандат | 2. | Претседателот може да се отповика/разреши пред истекот на мандатот во случај на повреди на позитивните законски прописи, одредбите на Статутот на ЦКРСМ, овој Статут и други акти на ЦКРСМ. |
| 3. | Претседателот се отповикува/разрешува пред истекот на мандатот и доколку со правосилна судска одлука е осуден за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци. | |
| Прстанок на мандат | 4. | Мандатот на претседателот може да престане: – со истек на мандатот; – по негово барање; – оправдана спреченост за вршење на функцијата претседател; – разрешување од страна на Собранието на Општинската организација; – престанок на Општинската организација и – со смрт. |
| Продолжување на мандат | 5. | Мандатот на претседателот на Општинската организација може да биде продолжен со одлука на Собранието на ЦКРСМ со мнозинство гласови од присутните делегати со право на глас во случај на: – политичка и општествена криза; – прогласена вонредна и воена состојба; – епидемии, елементарни непогоди и катастрофи и – како резултата на виша сила; се до моментот на повторно создравање на услови за организирање на избори. |
| Постапка за избор на в.д Претседател | 6. | Во случај претседателското место да е упразнето, или во случај претседателот да не е во можност да ја извршува својата функција, Раководниот одбор ќе го назначи потпретседателот, кој ќе ја врши функцијата в.д. претседател, се до крајот на наредната седница на Собранието или до изборот на нов претседател. |
Потпретседател
Член 43
Потпретседател на Општинска организација
| Функција
| 1. | Потпретседателот му обезбедува поддршка на претседателот во извршувањето на утврдените надлежности и врши други работи, а во негово отсуство го заменува во извршувањето на сите надлежности на претседателот утврдени во овој Статут. |
| Отчет | 2. | Потпретседателот за својата работа одговара пред Собранието. |
| Избор | 3. | Собранието на Општинската организација избира потпретседател со 2/3 (двотретинско) мнозинство од присутните делегати на Собранието. |
| 4. | Изборот на потпретседател се врши со тајно гласање. | |
| Мандат | 5. | Мандатот на потпретседателoт е 4 (четири) години со можност за реизбор, но не повеќе од 5 (пет) мандати сметано од денот на стапување на ЦКРМ во полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина (27.11.1995 година). |
| Отповикување на мандат | 6. | Потпретседателот може да се отповика/разреши пред истекот на мандатот во случај на повреда на позитивните законски прописи, одредбите на Статутот на ЦКРСМ, овој Статут и други акти на ЦКРСМ. |
| 7. | Потпретседателот се отповикува / разрешува пред истекот на мандатот и доколку со правосилна судска одлука е осуден за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци. | |
| Престанок на мандат | 8. | Мандатот на потпретседателот може да престане: – со истек на мандатот; – по негово барање; – оправдана спреченост за вршење на функцијата потпретседател; – разрешување од страна на Собранието на Општинската организација; – престанок на Општинската организација и – со смрт. |
| Продолжување на мандат | 9. | Мандатот на потпретседателот на Општинската организација може да биде продолжен со одлука на Собранието на ЦКРСМ со мнозинство гласови од присутните делегати со право на глас во случај на: -политичка и општествена криза; -прогласена вонредна и воена состојба; -епидемии, елемнтарни непогоди и катастрофи и -како резултата на виша сила се до моментот на повторно создравање на услови за организирање на избори. |
Секретар
Член 44
Секретар на Општинска организација
| Именување | 1. | Секретар на Општинската организација е именувано лице од Раководниот одбор и е законски застапник на организацијата. За својата работа одговара пред Раководниот одбор на Општинската организација и пред Генералниот секретар на ЦКРСМ. |
| Мандат | 2. | Мандатот на секретар трае 4 (четири) години со можност за повторно именување. |
| 3. | Секретар може да биде разрешен и пред истекот на мандатот од Раководниот одбор на Општинската организација. | |
| Процедури | 4. | Процедурата за утврдување услови, критериуми, рокови и постапка за именување, престанок на мандат и разрешување на секретар се уредува со Правилник за именување и разрешување на Генерален секретар на ЦКРСМ, Секретар на ЦКГС и Секретар на ООЦК. |
Член 45
Надлежности
| Надлежности | 1. | Секретарот ги има следните надлежности: – ја застапува организацијата во земјата и странство; – управува со Општинската организација; – ги спроведува одлуките, заклучоците и препораките донесени од Собранието и Раководниот одбор и одлуките, заклучоците и препораките донесени од повисоките органи и тела на ЦКРСМ; – го подготвува и предлага финансискиот план-буџет пред Раководниот одбор и Собранието на Општинската организација; – го менаџира донесениот буџет и поднесува извештај за неговата реализација пред Раководниот одбор и Собранието на Општинската организација; – ја подготвува и предлага годишната програма за работа пред Раководниот одбор и Собранието на Општинската организација; – ја следи и помага реализацијата на програмата за работа и поднесува годишен извештај пред Раководениот одбор и Собранието на Општинската организација; – ја следи работата на статутарните комисии; – подготвува нацрт-дневен ред за седница на раководен одбор, во договор со претседателот; – присуствува и учествува на седниците на Собранието и Раководниот одбор, со советодавна улога, без право на глас; – одлучува за прием, престанок и распоредување на вработените во стручната служба на Општинската организација; – ја координира и следи работата на стручната служба во Општинската организација; – раководи со активностите за делување во случај на итни состојби и катастрофи, дава инструкции за делување, односно презема мерки за санирање на последици од одредена катастрофа; – за својата работа оставрува координација со Генералниот секретар на ЦКРСМ и – е потписник на сметките на Општинската организација. |
Во текот на траење на мандатот Секретарот не може да се занимава со други работи кои би предизвикале судир на интереси со организацијата на Црвен крст. | ||
Стручна служба
Член 46
Стручна служба
| Дефиниција | 1. | Стручна служба е оперативна структура која за потребите на Општинската организација извршува стручни, административни, финансиски и технички работи согласно одлуки на Собранието и Раководниот одбор. |
| Формирање на стручна служба | 2. | Стручна служба може да се формира во Општинската организација. |
| 3. | Вработен во стручната служба на Општинската организација не може да биде член во собрание, раководен одбор и статутарни комисии, но може да учествува во работата на истите. | |
| 4. | Во помошните тела и управните одбори може да членуваат и вработени од стручната служба, во согласност со Процедуралните правила на ЦКРСМ. | |
| Опсег на делување | 5. | Стручната служба во општинската организација работи на планирање и реализација на програмските цели на општинската организација и врши материјално-финансиски и административно-технички работи. |
| 6. | Секретарот ја операционализира работата и раководи со стручната служба. | |
| 7. | Вработените во општинската организација за своето работење се одговорни пред секретарот. | |
| 8. | Во деловни единици на општинска организација не може да се формира посебна стручна служба. |
Член 47
Заштита на интегритет кај стручната служба
| Судир на интереси и заштита на интегритет | 1. | Со цел спречување на судир на интереси и повреда на интегриетот на националното друштво, управувачката структура и вработените во општинската организација, при склучување на договор за работно ангажирање потпишуваат изјави за судир на интереси и заштита на интегритет кои се составен дел на договорот за работно ангажирање. |
| 2. | Судирот на интереси и повреди на интегритетот во националното друштво се решаваат согласно политиките за надминување на судир на интереси и заштита на интегритет кај управувачката структура и вработените во ЦКРСМ. |
- СТАТУТАРНИ КОМИСИИ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 48
Статутарни комисии
| Статутарни Комисии | 1. | Статутарните комисии на општинската организација се: – Финансиска комисија; – Комисија за организација, развој и човечки ресурси; – Комисија за статут и нормативни акти. |
| 2. | Комисиите имаат советодавна улога или други функции согласно одредбите и овластувањата во овој Статут. | |
| Мандат и избор на статутарни комисии | 3. | Собранието на општинската организација со тајно гласање ја избира финансиската комисија составена од претседател, потпретседател и три члена на комисијата од редот на делегатите на Собранието и други стручни лица, со мандат од 4 (четири) години, со право на реизбор. |
| 4. | Раководниот одбор на општинската организација формира и именува претседател и членови на Комисија за организација, развој и човечки ресурси, Комисија за статут и нормативни акти од редот на Собранието, членството и други стручни лица, со мандат од 4 (четири) години со можност за уште два последователни мандати. | |
| Процедурални правила | 5. | Работата на комисиите е регулирана со Процедурални правила на ЦКРСМ. |
Член 49
Финансиска комисија
| Дефиниција | 1. | Финансиската комисија на општинската организација е статутарно тело кое обезбедува финансиски совети и мислења за финаниското работење на општинската организација. |
| Надлежности | 2. | Финансиската комисија ги има следните надлежности: – дава совети за сите финансиски прашања кои влијаат врз работата на општинската организација; – дава мислење за финансискиот извештај и за финансискиот план на општинската организација; – дава мислење за намената и употребата за достапните финансиски средства и предлага на Собранието и на Раководниот одбор на општинската организација кои финансиски мерки треба да се превземат; – го следи приливот на финансиските придонеси; – го советува Раководниот одбор и секретарот за спроведување на одлуките за финансиското работење на општинската организација донесени од Собранието; – доставува мислење за финансиското работење на општинската организација до Раководниот одбор и до Собранието; – по барање на претседателот и секретарот на општинската организација советува за ризични и други финансиски прашања кои имаат влијание на работата на општинската организација. |
| Отчет | 3. | Комисијата за својата работа поднесува отчет до Раководниот одбор и до Собранието на општинската организација. |
| Отповикување /разрешување на член | 4. | Членот на Финансиската комисија може да се отповика/разреши пред истекот на мандатот во случај на повреди на одредбите на овој Статут и други акти на ЦКРСМ. |
| 5. | Членот на Финансиската комисија се отповикува/разрешува пред истекот на мандатот доколку со правосилна судска одлука е осуден за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци. | |
| Престанок на мандат
| 6. | Мандатите на членовите на Финансиската комисија може да престане: – со истек на мандатот; – по нивно барање; – оправдана спреченост за вршење на функцијата; – разрешување од страна на Собранието на општинската организација; – престанок на општинската организација и – со смрт. |
| Продолжување на мандат | 7. | Мандатот на членовите на Финансиската комисија на Општинската организација може да биде продолжен со одлука на Собранието на ЦКРСМ со мнозинство гласови од присутните делегати со право на глас во случај на: -политичка и општествена криза; -прогласена вонредна и воена состојба; -епидемии, елементарни непогоди и катастрофи; и -како резултата на виша сила се до моментот на повторно создравање на услови за организирање на избори. |
Член 50
Комисија за организација, развој и човечки ресурси
| Состав | 1. | Комисијата за организација, развој и човечки ресурси е составена од: – Претседател – Потпретседател и – 3 члена |
| Надлежности | 2. | Комисијата за организација, развој и човечки ресурси ги има следните надлежности: – го следи функционирањето и развојот на општинската организација; – ги разгледува стратешките документи, програмите и извештаите за работа на општинската организација; – разгледува други документи кои се значајни за развојот на општинската организација; – номинира кандидати на носители на функции во општинската организација. |
| Отчетност | 3. | Комисијата за својата работа поднесува отчет до Раководниот одбор на општинската организација. |
| Овластувања на Претседателот | 4. | Претседателот на Комисијата за организација, развој и човечки ресурси го советува претседателот и секретарот за сите прашања поврзани со организацискиот развој на општинската организација. |
Член 51
Комисија за статут и нормативни акти
| Состав | 1. | Комисијата за статут и нормативни акти е составена од: – Претседател; – Потпретседател и – 3 члена. |
| Надлежности | 2. | – Комисијата за статут и нормативни акти ги има следните надлежности: – разгледува предлози за донесување статут, донесување измени и дополнување на постојниот статут на општинската организација и други општи акти; – изготвува пречистен текст на статутот и на другите општи акти; – разгледува одлуки и други општи акти и дава мислење за усогласеноста на истите со одредбите на Статутот на ЦКРСМ, овој Статут и позитивните законски прописи. |
| Отчет | 3. | Комисијата за својата работа поднесува отчет до Раководниот одбор и Собранието на општинската организација. |
| Овластувања на Претседателот | 4. | Претседателот на Комисијата за статут и нормативни акти го советува претседателот и секретарот за сите статутарни и нормативни прашања на општинската организација. |
Член 52
Советодавни, помошни, стручни тела, комисии и работни групи
| Советодавни, помошни, стручни тела и комисии | 1. | Раководниот одбор по потреба формира советодавни, помошни и стручни тела и комисии кои обезбедуваат советодавна и стручна поддршка за работењето на општинската организација. |
| 2. | Во советодавните, помошните, стручните тела и комисиите можат да учествуваат и надворешни стручни лица од областа. | |
| Работни групи | 3. | Секретарот по потреба формира работни групи за советодавна и стручна поддршка во работењето на општинската организација. |
| Регулатива | 4. | Работата на советодавните, помошните, стручните тела и работните групи се уредува со Процедурални правила на ЦКРСМ. |
- СТРУКТУРНА ПОСТАВЕНОСТ НА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 53
Организациона поставеност
| Организациона поставеност | 1. | Општинската организација функционира преку Основните организации на Црвен крст и клубот на млади. |
Член 54
Основни организации
| Формирање и престанок на Основна ораганизација | 1. | Раководниот одбор на општинската организација донесува Одлука за формирање и престанок на основна организација на Црвениот крст. |
| 2. | Основни организации може да формираат најмалку десет членови според местото на живеење и работа на членовите, во образовните институции и при општинската организација. | |
| 3. | Основните организации може да се формираат и во други форми на граѓанско организирање со кои ЦКРСМ има склучено договор за програмска соработка на национално ниво. | |
| Органи на основна организација | 4. | На собир, основните организации избираат претседател на основната организација, а основните организации утврдени со одлука на Раководниот одбор на општинската организација избираат и делегати во општинската организација. |
| 5. | Основните организации со над 30 (триесет) членови може да изберат раководен одбор од пет члена со кој раководи претседателот на основната организација. | |
| 6. | Во основните организации формирани во работни организации со повеќе организациони единици, во Раководниот одбор соодветно треба да бидат застапени со членови од сите организациони единици. | |
| Мандат | 7. | Мандатот на членовите на Раководниот одбор, претседателот и потпретседателот е 4 (четири) години, со право на реизбор. |
| Нормативна рамка | 8. | Основните организации на Црвен крст во својата работа се обврзани да го почитуваат Статутот на ЦКРСМ, Статутот на општинската организација, правилниците, политиките, правилата, кодексите и одлуките, заклучоците и препораките на националното друштво донесени од повисоките органи на националното друштво. |
| Лого | 9. | Во своето дејствување користат лого кое е во согласност со Правилник за стандарди за брендирање на ЦКРСМ. |
| Надзор | 10. | Општинската организација на Црвен крст ја следи работата на основната организација. |
VIII. ФИНАНСИРАЊЕ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 55
Финансирање
| Извори на финансирање
| 1. | Општинската организација обезбедува финансиски средства од: – членарина од своето членство; – буџети на општините, договорно, за програмски активности од интерес на заедницата; – услужни дејности поврзани со функцијата на ЦКРСМ; – стопански дејности чии приходи се користат за остварување на целите и задачите на ЦКРСМ; – активности за мобилизирање на фондови; – надоместоци согласно Законот за Црвен крст на РМ; – приходи од инвестиции, камата на орочени средства и закупнина; – подароци, завештанија и донации; – корпоративна соработка; – социјално претприемништво; – услуги согласно позитивни прописи во РСМ чии приходи се користат за остварување на целите и задачите на ЦКРСМ; – проекти и – други извори. |
| Управување со финансиски ресурси | 2. | Со ресурсите со кои се здобила општинската организација, располага општинската организација и истите ги управува на транспарентен и одговорен начин. |
| 3. | Имотот и финансиските средства со кои располага општинската организација се користат исклучиво за остварување на нивните цели и задачи. | |
| Потписници на сметки | 4. | Овластени потписници за располагање со средствата на Општинската организација се Секретарот и уште двајца потписници, овластени со Одлука на Раководниот одбор на Општинската организација во согласност со Закон и овој Статут. |
Член 56
Финансиски придонеси
| Придонеси | 1. | Општинската организација уплаќа во ЦКРСМ годишен финансиски придонес во согласност со одлука на Раководниот одбор на ЦКРСМ. |
Член 57
Финансиско работење
| Фискална година | 1. | Фискална година во работењето на општинската организација трае од 1 јануари до 31 декември. |
| Финансиски план-буџет | 2. | Општинската организација, финансискиот план – буџет го носи најдоцна до 31 декември, за следната година. |
| 3. | Во случај на недонесување на финанскиски план – буџет, во првите три месеци од новата календарска година се користи финансискиот план од претходната година. Доколку и по три месеци од тековната година не се донесе финансискиот план од страна на Раководниот одбор на општинската организација, времено се ограничуваат пренесените надлежности по пат на договор и се суспендира финансиската поддршка одобрена од ЦКРСМ, до донесување на финансискиот план – буџет. | |
| 4. | Финансискиот план – буџет на општинската организација го презентира секретарот пред Раководниот одбор и Собранието на општинската организација. | |
| Финансиски извештај | 5. | Општинската организација усвојува финансиски извештај за претходната година најдоцна до 31 март во тековната година. |
| 6. | Секретарот поднесува финансиски извештај за претходната финансиска година до Раководниот одбор и Собранието на општинската организација. |
Член 58
Поднесување на извештаи за финансиското работење на општинската организација
| Внатрешна и надворешна контрола | 1. | Заради јасен и транспарентен систем на одговорност во финансиското работење на општинската организација се предвидува внатрешна контрола на работењето. Општинската организација заради поголема транспарентност и отчетност може дополнително да спроведе надворешна ревизија. |
| 2. | Општинската организација е должна да доставува годишни финансиски извештаи и Извештаи и наоди од спроведените независни ревизии до Централната канцеларија на ЦКРСМ. |
Член 59
Имот
| Права и обврски
| 1. | Општинската организација има право да стекне сопственост и право на користење врз движен и недвижен имот и права, кои понатаму ги поседува и со нив управува. |
| 2. | Општинската организација може да прифати парични средства, донации, завештанија и имот за своја употреба или корист доколку е во согласност со Закон и со Статутот на ЦКРСМ. | |
| 3. | Во случај на престанок со работа на општинската организација по намирување на обврските на доверителите, имотот на општинската организација преминува во сопственост и право на користење на ЦКРСМ. | |
| 4. | Општинската организација одговара за своите обврски самостојно со целокупниот свој имот и средства. |
- ИНТЕГРИТЕТ
Член 60
Заштита, одговорност и согласност
| Заштита, одговорност и согласност | 1. | Аспектите поврзани со надзор и мониторинг во случај на повреда на интегритетот на ЦКРСМ, политиките за заштита на интегритет и етички стандарди, мерките во случај на повреда на интегритет, одговорноста на општинските организации, и давање согласност при потешкотии на општинската организација во реализација на своите основни функции, се регулираат согласно со одредбите од Член 73,74 и 75 од Статутот на ЦКРСМ. |
- СЛУБА ЗА БАРАЊЕ- ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СЕМЈНИ ВРСКИ
Член 61
Нормативна рамка на делување и финансирање на службата за барање
| Дефиниција | 1. | Службата за барање – воспоставување на семејни врски е посебна служба во ЦКРСМ, чија функција е да обезбеди поддршка за спојување на разделени членови на семејства, како и барање на исчезнати лица со цел да се обноват и одржат контактите меѓу членовите на семејствата и да се разјасни судбината на лицата пријавени за исчезнати. |
| Нормативна рамка
| 2. | Организацијата и начинот на работа на Службата за барање се регулира со посебен акт донесен од страна на Раководниот одбор на ЦКРСМ. |
- XI. СОРАБОТКА
Член 62
Партнерска соработка
| Локална Соработка | 1. | Општинската организација може да остварува соработка за активности на локален план со единици на локални самоуправи, институции, агенции, компании, здруженија на граѓани и други организации кои се од интерес за работењето на општинската организација. |
| Меѓународна соработка | 2. | Општинската организација може да оствaрува меѓународна соработка по претходно добиено одобрение од Раководниот одбор на ЦКРСМ. За текот и реализацијата на соработката, Општинската организација поднесува извештај до централната канцеларија на ЦКРСМ, согласно Упатството за меѓународна соработка. |
XII. ЈАВНОСТ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО
Член 63
Јавност, информирање, доверба и одговорност
| Јавност во работењето | 1. | Работата на општинската организација е јавна. |
| Информирање | 2. | За одредени прашања јавноста може да се исклучи само во случаи предвидени со Закон, со акти на Меѓународното Движење, со Одлука на Раководен одбор на ЦКРСМ или со Одлука на Раководниот одбор и Собранието на Општинската организација. |
| 3. | Општинската организација ја информира јавноста преку сопствени и медиумски комуникациски канали вклучително и публикувани материјали, онлајн платформи и јавни настапи. | |
| Доверба и одговорност | 4. | Општинската организација својата работа ја темели на одговорност и градење на доверба пред своите партнери преку континуирана отчетност и транспарентност за реализирани програмски и проектни активности. |
Член 64
Доделување признанија
| Нормативна рамка | 1. | Општинската организација доделува соодветни признанија и звања за постигнати резултати и посебен придонес во развојот на општинската организација и остварување на нејзините цели, задачи и мисија на поединци, организации, институции, компании и други. |
| 2. | Начинот и критериумите за доделување на признанија се уредуваат со Правилник за доделување признанија. |
XIII.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 65
Престанок на работата на општинската организација
| Постапка за престанок на работа
| 1. | Oпштинската организација престанува со работа кога ќе настапат услови предвидени со Закон и кога Собранието на ЦКРСМ ќе донесе одлука за престанување на работа на општинската организација. |
| 2. | Престанокот на работата на општинската организација, прашањето за имотот и обврските ќе се решаваат во согласност со Статутот на ЦКРСМ, овој Статут, постојните законски прописи и регулативи. | |
| 3. | Остатокот од финансиските средства преку ЦКРСМ ќе се доделат во хуманитарни цели наменети за општо добро. | |
| 4. | Архивските материјали на општинската организација поради својата важност и неделивост ќе бидат предадени на ЦКРСМ и Архивот на РСМ, на начин кој е во согласност со постојните законски прописи за архивско работење. |
Член 66
Толкување на текст и јазици
| Толкување | 1. | Овластување за толкување на Статутот на општинската организација има Комисијата за статут и нормативни акти на ЦКРСМ односно Собранието на ЦКРСМ. |
| Јазици | 2. | Текстот на Статутот по неговото усвојување се објавува на македонски јазик, а по потреба се преведува и на други јазици. |
Член 67
Постапка за донесување, изменување и дополнување на Статут
| Постапка | 1. | Статутот на општинската организација го донесува Собранието на општинската организација со 2/3 (двотретинско) мнозинство од присутните делегати. |
| 2. | Нацртот и предлогот на Статутот ги утврдува Раководниот одбор на општинската организација на предлог на Комисијата за статут и нормативни акти на општинската организација. | |
| 3. | Измени и дополнувања на одредбите на Статутот се вршат на начин и постапка како за негово донесување. | |
| 4. | За донесување нов статут на општинската организација, како и за негови измени и дополнувања, потребна е претходна согласност од Комисијата за статут и нормативни акти на ЦКРСМ. | |
| Усогласување | 5. | Општинската организација е должна да го усогласи својот Статут со Статутот на ЦКРСМ, во рок од 3 (три) месеци од донесување на Статутот на ЦКРСМ. |
Член 68
Статусни измени
| Статусни измени | 1. | Пријава за запишување на формирање, пријава за статусни измени: присоединување, спојување и поделба, и пријава за запишување на престанок на општинска организација како составен дел на ЦКРСМ, во Централниот Регистар на Република Северна Македонија поднесува овластеното лице за застапување на општинската организација. |
Член 69
Мандати и реизбор
| Мандати и реизбор
| 1. Мандатот на носителите на функции Претседател и Потпретседател на ООЦК е 4 (четири) години со можност за реизбор, но не повеќе од 5 (пет) мандати сметано од денот на стапување на ЦКРМ во полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина (27.11.1995 година). 2. Одредбата од член 36 точка 3 од овој Статут ќе се применува почнувајќи од изборниот процес за мандатен период 2026-2030 година, а претходните мандати не се земаат предвид. 3. Одредбата од член 48 точка 4 од овој Статут ќе се применува почнувајќи од изборниот процес за мандатен период 2026-2030 година, а претходните мандати не се земаат предвид. |
Член 70
Влегување во сила
| Влегување во сила | 1. | Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето. |
Член 71
Важење на Статут
| Важност | 1. | Со донесување на овој статут престанува да важи Пречистениот текст на Статутот на Црвен крст на Република-Северна Македонија-Општинска организација Велес (бр. 01-103/1 од 25.12.2019 година). |
Претседател
Др. Кевица Шопова Клифова
__________________
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ДВИЖЕЊЕТО:
ХУМАНОСТ – Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно. Целта на движењето е да го заштити животот и здравјето и да го почитува човекот. Промовира заедничко разбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе.
НЕПРИСТРАСНОСТ – Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби, но давајќи приоритет на најитните случаи.
НЕУТРАЛНОСТ – За да ја ужива довербата на сите, движењето не смее да зазема страна од политичка, расна, верска или идеолошка природа.
НЕЗАВИСНОСТ – Движењето е независно. Националните друштва иако вршат помошна улога на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
ДОБРОВОЛНА СЛУЖБА – Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
ЕДИНСТВО – Во една држава може да има само едно Националното друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
УНИВЕРЗАЛНОСТ – Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
МИСИЈА: Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
ВИЗИЈА: Дејствуваме, поттикнуваме и промовираме хумани вредности за навремено да одговориме на современите хуманитарни предизвици, а притоа решени сме да направиме повеќе, да го направиме тоа подобро и да стигнеме подалеку.













































