август 30, 2019

ЕДУКАТИВНО ИНФОРМАТИВЕН БАЗАР НА ЦРВЕН КРСТ

На платото пред Театар Џинот Вечерва се одржа Едукативно – информативен базар на Црвен крст на Република Македонија Општинсинска организација Велес. Организарот на настанот е Клубот на млади. Околу 20 волонтери пред присутните ја претставија најхуманата организација.

Базарот се одржа на пет штандови. Секој од нив беше посветен на еден сегмент во работењето на Црвен крст. Покрај тоа се изведуваа показни вежби од Прва помош, а се постави и изложба од 32 фотографии со активностите на Општинската организација во оваа година.

Најмладите добија балони со логото на Црвен крст кое рачно го изработија волонтерите од клубот на млади, а како превенција од високите температури на еден од штандовите се делеше и вода.

Едукативно – информативениот базар продолжува и утре на иста локација во период од 19 до 21 часот.

< врати се назад