септември 13, 2019

ПОДЕЛЕНИ ФЛАЕРИ ЗА ЗНАЧЕЊЕ И ПРУЖАЊЕ ПРВА ПОМОШ

По повод 14-ти септември Светскиот ден на Првата помош, ден порано, еден тим од волонтери на Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес изврши мала едукација за граѓаните на оваа тема. Истата се реализраше на штанд во центарот на градот каде се поделија над 150 флаери со информативни одржини за првата помош.

Информативно едукативниот флаер содржи информации за правилно пружање прва помош во ситуација кога имаме лице со скршеница, крварење, безсознание, за реанимација, совети за Прва помош и слично.

< врати се назад