ноември 21, 2019

290 УЧЕНИЦИ ОД ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

Учениците од ООУ „Блаже Конески“ едуцирани за болестите на зависност. Како дел од проектот „Превенција од зависности“ на Агенцијата за млади и спорт, а во реализација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, се одржа вкупно 14 работилници со сите ученици од седмо, одмо и деветто одделение.

Истите ги реализираа едукаторите Орданче Рибарски, Ангела Попчева и Александра Здравевска.

Опафатени беа вкупно 290 ученици кои од права рака се запознаа и ги научија штетните ефекти од пушењето, алкохолозмот и наркоманијата. Сите работилници беа дпота интерактивни и учениците учествуваа со дискусии на кои бараа објаснувања за одредена тема или пак даваа лични искуства од луѓе кои тие ги познаваат.

Во наредниот период работилници од овој тип ќе се изведуваат и во останатите основни училишта на тероторијата на Општина Велес.

< врати се назад