
48-МИ ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
Во градскиот парк во Велес се одржа 48-от општински натпревар по прва помош. На истиот учествуваа екипи од сите основни и средни училишта во градот.
Екипите составени од по шест ученици работеа на три пунктови. Оценувањето го извршија судии, сите со над големо искуство со првата помош и општинските натпревари. Согласно освоените поени и квалитетот на изработените повреди, беше констатирано дека оваа година екипите под водство на нивните ментори покажале завидно знаење и ја промовираа првата помош во вистинско светло.

Општинската организација на Црвен крст од Велес на регионалниот натпревар по прва помош кој на 10-ти мај ќе се одржи во Гевгелија ќе ја претставува екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ кои најдобро ги изработија повредите.
Освен трите пунктови каде се покажуваше знаењето по првата помош, имаше и два пункта кои беа од рекреативен карактер. Таму се играа забавни игри за ментално здравје и се вршеше дисеминација за Црвениот крст.
Во организација и реализација на Општинскиот натпревар по прва помош учество зедоа и вработените во стручната служба при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес со уште 10 волонтери од клубот на млади.

