февруари 24, 2021
АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Без поголеми проблеми се реализира акцијата за поддршка на семејства на лица со попречености. Обичените волонтери на Општинската организација на Црвен крст од Велес веќе посетија над 30 семејства од вкупно предвидените 51 и лично е остварен контакт со нив. При тоа родителите на лицата со попреченост пополнуваат аккета која содржи повеќе податоци за нивните семејства.
Освен во Велес опфатени ќе бидат и семејства од Башино село, Бузалково, Горно Јаболчиште, Мелница, Кочилари, Оморани, Ореше и Иванковци.
Во втората половина на месец март истите ќе добијат еднократна парична помош во висина од 4.872 денари која ќе им биде исплатена на нивните трансакциски сметки.