јули 19, 2021

ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ

Рамноправно и партнерски, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес целосно се вклучени во процесот на уминизација на граѓаните во општините Велес, Градско и Чашка. Волонтерите се дел од сите активности за заштита на јавното здравје. Членовите од Клубот на млади сскојдневно, во зависност од потребите во една или две смени, се дел од пунктот за масовна имунизација во спортската сала при ССОУ „Коле Неделковски“, дел се и од пунктот кој функционира во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Велес, а започнаа да бидат и дел од мобилните тимови составени од лекар, медицинска сестра и волонтер кои изведуваат теренска имунизација во велешките села.

Ваквиот ангажман наидува на одличен прим кај граѓаните и надлежните институции. Со ова Црвен крст дефинитивно се етаблира како партнер на надлежните институции во процесот на масовна имунизација и како организација која е способна да одговори на сите потреби и барања. Во изминативе два и пол месеци дирекно е асистирано кај околу 20 000 граѓани од Велес, Градско, Чашка, Неготино, Кавадарци, Гевгелија и останатите грасдови кои се имунизираа на пунктовите во Велес.

< врати се назад