август 22, 2019

ЧЕТВРТИ ОСВЕЖИТЕЛЕН КУРС ПО ПРВА ПОМОШ

Како се постапува со лице кое е во безсознание? На кој начин се третираат скршеници, крварења, повреди на рбет? Како правилно се изведува реанимацијата. Ова се само дел од работите за кои присутните на четвртиот освежителен курс по Прва помош за возачи го обновија нивното знаење.

Активноста која се одржа на 22-ри Август, е дел од Националната кампања „Твоето незнаење чини живот“. Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес досега опфати над 80 слушатели на освежителните курсеви. Сите заинтересирани може да се пријават за обуките кои ќе се одржат во наредниот период.

< врати се назад