октомври 10, 2022
ЦРВЕН КРСТ НА МАНИФЕСТАЦИЈА ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и годинава активно ангажирани на манифестацијата „Велешка питијада 2022“ која од 07-ми до 09-ти октомври се одржа во градот. Црвен крст беше застапен сите денови со две активности. Волонтерите од Клубот на млади рачно изработија честитки и пораки кои им ги делеа на присутните, а преку кои имаа за цел да ја пробудат хуманата страна кај секој од нив.
За прв пат годинава волонтерите беа дел од презентацијата, сечењето и делењето на најголемата пастрмалија долга четири метри. На овој дел од манифестацијата тие беа заедно со Градоначалникот на Општина Велес. Во реализацијата на сите активности учествуваа вкупно 15 волонтери од Клубот на млади.