ЦРВЕН КРСТ НА ПУНКТ ЗА МОСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ВЕЛЕС
Започна процесот на масовна вакцинација против Ковид 19 за граѓаните на Велес. Отворен е пунктот во ССОУ „Коле Неделковски“. Многу значајна улога во функционирањето на пунктот имаат волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес. Во процесот на имунизација тие ја имаат улогата да ги прифатат граѓаните кои сакаат да се имунизираат, да проверат дали ги има на списоците за истиот ден, да им помогнат при пополнување на прашалници и да контролираат колку граѓани се вакцинирале и дали секој од нив бил да завери термин за ре вакцина.
Сето ова ќе се постигне со помош на 25 волонтери, главно членови од Клубот на млади на Општинската организација од Велес но сите доволно искусни бидејки веќе биле акгажирани на пункт за имунизација во ЈЗУ Здравствен дом.
Имунизацијата на граѓаните на Велес на првиот ден се изведува со вакцината на производителот Астра Зенека. Освен од Велес на пунктот за масовна вакцинација ќе доаѓаат и жители од Свети Николе, Лозово, Градско и Чашка.