август 28, 2019

ЦРВЕН КРСТ НА ТЕРЕН – ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА ЗА ЕКИПИТЕ НА ОПОЖАРЕНИОТ ТЕРЕН

Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес од цел ден се на терен го големиот пожар кој го зафати атарот на Башино село и околината на Езерото Младост и село отовица.

Се врши достава на храна и вода за сите екипи ангажирани за опожарениот терен. Во активноста вклучени се четворица волонтери и екипа од тимот за одговор при катастрофи.

Црвен крст останува на терен во најпогодените подрачја. Формирани се и екипи за Прва помош кои ќе интервенираат доколку за тоа има потреба.

< врати се назад